Патрик Виера (роден на 23 јуни 1976 година) — француски фудбалски тренер и поранешен играч од средниот ред. Моментално ја води екипата на Ница.

Патрик Виера
Лични податоци
Полно име Патрик Виера[1]
Роден на 23 јуни 1976(1976-06-23)(47 г.)
Роден во Дакар, Сенегал
Држава Франција Франција
Висина &100000000000001930000001,93 м[2]
Играчки податоци
Позиција среден ред
Сегашен клуб Ница Ница (тренер)
Повлекување 14 јули 2011 (35 г.)
Младинска кариера
1984–1986 ФК Трапес
1986–1991 ФК Друаис
1991–1993 Тур Тур
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1994–1995 Кан Кан 49 (2)
1995–1996 Милан Милан 2 (0)
1996–2005 Арсенал Арсенал 279 (29)
2005–2006 Јувентус Јувентус 31 (5)
2006–2010 Интер Интер 67 (6)
2010–2011 Манчестер Сити Манчестер Сити 28 (3)
Репрезентација
1995–1996 Франција Фрација 21 7 (0)
1997–2009 Франција Франција 107 (6)
Раководител на екипите
2013–2015 Манчестер Сити Манчестер Сити (под 19 години)
2016–2018 Њујорк Сити Њујорк Сити
2018– Ница Ница
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари.
† Учества (Голови).

Како поранешнен играч од средниот ред, Виера ја започнал својата кариера во францускиот клуб Кан во 1994 година. Наредната година тој се преселил во италијанската Серија А во тимот на Милан, но не успеал да се избори за место во стандардните единаесетмина, па поради тоа бил продаден на Арсенал. Во Англија настапувал од 1996 до 2005 година, каде што бил и капитен на лондонскиот тим, со кој освоил три титули во Премиер Лигата и четири ФА купови. Во 2005 година тој преминал во Јувентус, помагајќи му на тимот да ја освои титулата во Серија А. По скандалот на Јувентус во Серија А во 2006 година, Виера се преселил во Интер со кои освоил три титули во Серија А, пред да се пресели во Манчестер Сити каде што ги одиграл последните две сезони од својата кариера. Во 2011 година тој се пенизионирал од префесионалното играње фудбал.[3]

На репрезентативно ниво, Виера настапил 107 пати за Франција и бил дел од тимот кој го освоил Светското првенство во Франција во 1998 година и Европското првенство во 2000 година. Тој исто така бил член на францускиот тим кој го освоил второто место на Светското првенство 2006 во Германија.

Во мај 2010 година, Виера бил номиниран за ФАО амбасадор на добра волја на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации. Виера поминал две сезони како менаџер за развој на фудбалот во Манчестер Сити со улога да ги надгледува аспектите како развојот на младите, комерцијалните партнери и програмата за општествена одговорност на клубот "Град во заедницата".[4] пред да биде именуван за менаџер на Њујорк Сити во американската МЛС лига на 1 јануари 2016 година.[5]

Наводи уреди

  1. „FIFA World Cup Germany 2006: List of Players“ (PDF). FIFA. 11 May 2010. стр. 11. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-11-05. Посетено на 7 January 2014.
  2. „Player Profile: Patrick Vieira“. Premier League. Посетено на 31 July 2012.[мртва врска]
  3. „Premier League - Vieira confirms retirement“. Eurosport. 14 Jul 2011. Посетено на 9 January 2015.
  4. Oscroft, Tim (14 July 2011). „Vieira eyes new horizons at City“. Manchester City F.C. Архивирано од изворникот на 2012-05-11. Посетено на 2017-07-03.
  5. Graham, Bryan Armen (9 November 2015). „Patrick Vieria appointed New York City FC head coach“. New York City FC.

Надворешни врски уреди