Пасха (хебрејски: פסח, Песах[1] — „преминување“) — осумдневен празник со кој се слави бегството на Евреите од Египет под водство на Мојсеј. Празникот секогаш се паѓа во пролет, во сабота, на 15-от ден од месецот нисан, според еврејскиот календар.

Маца — обреден леб, симбол на Пасха

Обичаи уреди

За време на Пасха симболично се подготвува свечена вечера на која се прераскажуваат моменти од последната вечер пред бегството. Самото собирање околу празничната трпеза се нарекува седер (ред, поредок).

На масата се ставаат најубавите садови и прибор, се ставаат свеќи и три парчиња обреден бесквасен лебмаца. Затоа овој обред во Библијата се нарекува и „Бесквасници“.[2] Пред главата на семејството се поставува голема чинија, од која не се јаде. На масата се ставаат следните јадења: парче јагнешко месо како симбол на жртвата во чест на богот Јахве; варено јајце, како израз на тагата за штетата во храмот во Ерусалим; горчливи треви, како симбол за горчината на ропството; јаболка, ореви, цимет и вино, кои ја симболизираат глината од која робовите во Египет изработувале тули за изградба; магдонос, целер или зелена салата, потопени во солена вода, што ја симболизира ограничената храна во пустината и пролеаните солзи. Единствениот производ, за кој во тие денови нема место на празничната трпеза е лебот (хамец), кој за разлика од маца се прави со квасец.

За време на вечерата се врши ритуално миење на рацете и се чита Агада (или Хагада, односно Законот) — талмудска книга која раскажува за ослободувањето на синовите на Израел од 200-годишното египетско ропство.

Вообичаено едно од децата прашува "Зошто оваа ноќ е различна од сите други ноќи?", а таткото му одговара: "Бидејќи бевме робови на египетскиот фараон и Бог не изведе од Египет". За време на празникот се пеат песни, како благодарност до богот Јахве.

Потекло на името уреди

За значењето на името на празникот постојат различни мислења. Некои припишуваат туѓа етимологија (асирска) од зборот паса'ху (добива доверба) или египетска од зборовите па-с (сеќавање) и це-сах (удар), но ниедна од тие претпоставки не е сигурна. Библијата го поврзува Песа'х со глаголот паса'х, што значи или да се куца на едната нога, или да се игра ритуален танц околу жртва или пак, во фигуративна смисла, „одминување“, „прескокнување“, „спасување“.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Данон, Цадик (2008). Основни поими на јудаизмот (PDF). прев. Марија Алексиќ (II. изд.). Скопје: Еврејска заедница во Република Македонија. ISBN 9989-102-14-7.
  2. Исход 12:15-20, Библија на македонски јазик: Стар завет, стр. 78 PDF

Надворешни врски уреди