Пасаж „Чичек“ – Истанбул

Пасажот „Чичек“ или Cité de Péra – познат историски премин (галерија или аркада) на улица Истиклал во областа Бејоглу во Истанбул, Турција. Таа ја поврзува улицата Истиклал со улицата Сахен.

Пасаж „Чичек“
Çiçek Pasajı
Поглед кон внатрешноста
Карта
Општи податоци
ГрадБејоглу
Истанбул
ЗемјаТурција
Почната1870
Технички податоци
Структурен системаркада
Проектирање и изградба
АрхитектКлеантис Занос

Историја уреди

Таа била отворена во 1876 година и денеска претставува покриена аркада во која се наоѓаат историски кафулиња, винарии и ресторани.

На местото првобитно работел Наумскиот театар, кој бил сериозно оштетен од пожарот во Пера во 1870 година[1][2][3][4]. Театарот често го посетувале султаните Абдул Азис и Абдул Хамид II, а бил домаќин на операта на Џузепе Верди Il trovatore пред оперските куќи на Париз[4].

По пожарот од 1870 година, театарот го купил локалниот грчки банкар Христакис Зографос Ефенди, а архитект Клеантис Занос ја дизајнирал сегашната зграда, која во раните години била наречена Cité de Péra. Yorgo'nun Meyhanesi била првата винарска куќа што требало да биде отворена овде[4]. Во 1908 година, везирот Мехмед Саид-паша ја купил зградата[4].

По Руската револуција од 1917 година, многу сиромашни руски жени овде продавале цвеќиња[4], за да во 1940-тите стане позната како место каде можат да се купи цвеќе, од каде доаѓа и нејзиното име[4].

По реставрацијата на зградата во 1988 година, таа била повторно отворена како галерија со пабови и ресторани[4].

Најновата обнова била направен во декември 2005 година[4].

Наводи уреди

Надворешни врски уреди

41°2′2.2″N 28°58′40.5″E / 41.033944° СГШ; 28.977917° ИГД / 41.033944; 28.977917