Парцијална диференцијална равенка

Во математика, парцијална диференцијална равенка (ПДР) е диференцијална равенка што содржи непознати функции со повеќе променливи и нивните парцијални изводи. ПДР може да формулираат задачи кои содржат функции со повеќе променливи и се решаваат рачно или со помош на компјутерски модели. Посебен случај се обичните диференцијални равенки (ОДР), кои се занимаваат со функции со една променлива и нивните изводи.

Претстава на решението на дводимензионалната топлинска равенка, каде темературата е претставена во третата димензија.

ПДР опишуваат многу различни феномени како звук, топлина, расејување, електростатика, електродинамика, динамика на флуиди, растегливост, гравитација и квантна механика. Сите овие различни физички концепти може да бидат опишани со слични ПДР. Слично на начинот преку кој ОДР се користат за моделирање на едно-димензионални динамични системи, ПДР често се користат во моделирањето на повеќедимензионални системи. ПДР поопшто може да се изразат како стохастички парцијални диференцијални равенки.

Наводи уреди