Партениј Бигорски

Партениј Бигорскимакедонски црковен деец, јеромонах и до неговата маченичка смрт игумен на Бигорскиот МанастирСвети Јован Крстител“.[1]

Партениј Бигорски
Роден непознато
 Османлиско Царство
Починал 1918
Долна Река,  Србија

Животопис уреди

Партениј, чие световно име е неизвестно, завршува ќелијно училиште во Бигорскиот манастир, а подоцна и во Цариградската бугарска духовна богословија. Потоа служи 10 години како ѓакон на владиката Козма Дебарски. Партениј станува игумен на Бигорскиот манастир за време на Балканската војна во 1912 година.

После Втората балканска војна, Партениј е прогонен од српските власти. Во писмо на Козма Дебарски кој датира од 1 март 1913 се вели: „На 30. ΧΙ. 1912 г. српски офицери заедно со еден полициски служител го изгонија игуменот на Бигорскиот манастир Свети Јован Крстител, Н. В. Преподобие јеромонах Партениј, затоа што не дозволувал да се спомне името на епископот Варнава“ (подоцна станува српски патријарх). За време на Првата светска војна, откако Дебарскиот крај е заземен од бугарската армија, отец Партениј се враќа како игумен на манастирот во 1916 година.

Јеромонах Партениј е мачен и жестоко убиен од српските окупациони власти после крајот на Првата светска војна во 1918 година, бидејќи се откажал да даде декларација, дека Бигорскиот манастир е српски. По заповед на српските власти, една разбојничка група го пресретнале бигорскиот игумен Партениј на еден мост на реката Радика, разбојниците го исекле на парчиња и потоа го фрлиле во реката.[2][3][4]

После маченичката смрт на игуменот Партениј го наследува Спиридон Бигорски.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Бигорските стари игумени“. Бигорски манастир. 13 ноември 2017.
  2. „Свештеници распнувани на крст оти не сакале да го споменуваат српскиот патријарх“. bigorski.org.mk. 8 ноември 2016.
  3. „Той е един от хилядите“. Православна младеж. 2018.
  4. Любенова, Лизбет. Последните български владици в Македония, Изток Запад, София, 2012, стр. 419.