Парламентарна република

Парламентарна република — вид република која се управува под парламентарен систем, каде извршната власт (владата) е подредена и отчетна на законодавната (парламентот). Постојат повеќе видови парламентарни републики. Кај највеќето вакви републики постои јасна поделба на надлежностите помеѓу шефот на владата и шефот на државата, при што шефот на владата ја има вистинската власт, како кај уставните монархии. Кај некои, улогите на шеф на владата и шеф државата се споени во едно (како во претседателскиот систем), но сепак функционерот е зависен од парламентот.

Карта на разни државни уредувања
  Уставни монархии каде власта ја има парламентот.
  Парламентарни републики каде парламетот е над шефот на државата.
  Парламентарни републики со извршен претседател избран од парламентот и отчетен пред него.

Во ваквите држави, шефот на државата најчесто се нарекува „претседател“, а шефот на владата е „премиер“ или „канцелар“. Шефот на владата мора да ја има довербата на парламентот, а неговиот мандат може да подлежи на измени. Шефот на државата не подлежи на вакви ограничувања, но затоа има значајно помала извршна моќ.

Овластувања уреди

За разлика од републиките со претседателски или полупретседателски систем, шефот на државата (претседателот) нема голема извршна надлежност, туку тие му припаѓаат на шефот на владата (премиер и сл.).

Во земјите кајшто шефот на државата го бираат членовите на парламентот, истиот ја има и функцијата на шеф на владата (како во Боцвана, Маршалските Острови, Науру, ЈАР и Суринам) и е водач на најголемата владејачка партија.

Во извесни случаи, претседателот може да има теоретски овластувања во секојдневното управување со земјата (на пр. во Финска), но според воспоставената практика не ги користи, или пак со нив го спроведува она што е одлучено во парламентот. Ова би можело да се нарече полупретседателски систем на основа на парламентарен.

Список на денешни парламентарни републики уреди

Име на државата Претходно уредување Станала парл. република Шефот на државата го бира Коморност
  Австрија еднопартиска држава (како дел од Третиот Рајх, погл. аншлус) 1945 непосредно, во втор круг дводомен
  Албанија еднопартиска држава 1991 парламентот, со мнозинство еднодомен
  Бангладеш претседателска република 1991[б 1] парламентот еднодомен
  Босна и Херцеговина еднопартиска држава (дел од СФРЈ) 1991 непосредно, во втор круг дводомен
  Боцвана британски протекторат (Бечуаналенд) 1966 парламентот, со мнозинство еднодомен
  Бугарија еднопартиска држава 1989 непосредно, во втор круг еднодомен
  Вануату британско-француски кондоминиум (Нови Хебриди) 1980 парламентот и претседателите на регионалните совети, со мнозинство еднодомен
  Гвајана уставна монархија (крунска земја) 1970 парламентот, со мнозинство еднодомен
  Германија еднопартиска држава 1949[б 2] сојузното собрание (парламентот и покраинските пратеници), со апсолутно мнозинство дводомен
  Грција воена хунта; уставна монархија 1975 парламентот, со мнозинство еднодомен
  Доминика здружена земја на Обединетото Кралство 1978 парламентот, со мнозинство еднодомен
  Естонија еднопартиска држава (дел од СССР) 1991[б 3] парламентот, со двотретинско мнозинство еднодомен
  Етиопија еднопартиска држава 1991 парламентот, со двотретинско мнозинство дводомен
  Израел протекторат (дел од Британскиот мандат во Палестина) 1948 парламентот, со мнозинство еднодомен
  Индија уставна монархија (британско владение) 1950 парламентот и пратениците од собранијата на сојузните држави, со единечен пренослив глас дводомен
  Ирак еднопартиска држава 2005 парламентот, со двотретинско мнозинство еднодомен (официјално дводомен)
  Ирска уставна монархија (британско владение) 1949[б 4] непосредно, со единечен пренослив глас дводомен
  Исланд дотогаш во состав на Данска; уставна монархија 1944 непосредно, со мнозинство еднодомен
  Италија уставна монархија 1946 парламентот, со двотретинско мнозинство дводомен
  ЈАР уставна монархија (крунска земја) 1961 парламентот, со мнозинство дводомен
  Киргистан претседателска република 2010 непосредно, во втор круг еднодомен
  Кирибати протекторат 1979 парламентот, со мнозинство еднодомен
  Латвија еднопартиска држава (дел од СССР) 1991[б 5] парламентот еднодомен
  Либан протекторат (Француски мандат во Либан) 1941 парламентот еднодомен
  Либија народна република т.е. џемахирија (пред 2011 г.) 2012 парламентот еднодомен
  Маврициус уставна монархија (крунска земја) 1992 парламентот, со мнозинство еднодомен
  Македонија еднопартиска држава (дел од СФРЈ) 1991 непосредно, во втор круг, по прогласената независност со референдум еднодомен
  Малта уставна монархија (крунска земја) 1974 парламентот, со мнозинство еднодомен
  Маршалски Острови старателско подрачје на ООН (дел од Старателското подрачје на Тихоокеанските Острови) 1979 парламентот дводомен
  Микронезија старателско подрачје на ООН (дел од Старателското подрачје на Тихоокеанските Острови) 1986 парламентот, со мнозинство еднодомен
  Молдавија еднопартиска држава (дел од СССР до 1990 г.)
преодна парламентарна република (1991-1994)
1994[б 6] парламентот, со мнозинство еднодомен
  Монголија еднопартиска држава 1949 непосредно еднодомен
  Науру старателско подрачје на Австралија 1968 парламентот еднодомен
  Непал уставна монархија 2008 парламентот еднодомен
  Пакистан претседателски и полупретседателски систем 2010[1][2] парламентот и пратениците од собранијата на сојузните држави, со единечен пренослив глас дводомен
  Полска еднопартиска држава 1990 непосредно, во втор круг дводомен
  Самоа уставна монархија 2007 парламентот еднодомен
  Сан Марино Римско Царство 301 парламентот еднодомен
  Сингапур уставна монархија (дел од Малезија) 1965 непосредно еднодомен
  Словачка еднопартиска држава (дел од Чехословачка) 1993 парламентот (пред 1999 г.)
непосредно, во втор круг (од 1999 г.)
еднодомен
  Словенија еднопартиска држава (дел од СФРЈ) 1991 непосредно, во втор круг дводомен
  Сомалија преодна влада (по 1991 г.)
еднопартиска држава (пред 1991 г.)
2012 парламентот дводомен
  Србија еднопартиска држава (дел од СФРЈ) 1991 непосредно, во втор круг еднодомен
  Суринам воена диктатура 1987 парламентот, со мнозинство еднодомен
  Тринидад и Тобаго уставна монархија (крунска земја) 1976 парламентот дводомен
  Тунис полупретседателски систем (1956-2011)
преодна влада (2011-2014)
2014 парламентот, со мнозинство еднодомен
  Турција еднопартиска држава 1946 непосредно (од 2007 г., претходно од парламентот) еднодомен
  Унгарија еднопартиска држава 1990 парламентот, со апсолутно мнозинство еднодомен
  Финска полупретседателска република 2000[б 7] непосредно, во втор круг еднодомен
  Фиџи воена хунта 2014 парламентот, со мнозинство еднодомен
  Хрватска полупретседателска република 1990 - 2000

порано: еднопартиска држава (дел од СФРЈ)

2000 непосредно, во втор круг еднодомен
  Црна Гора еднопартиска држава (дел од СФРЈ) 1992 непосредно, во втор круг еднодомен
  Чешка еднопартиска држава (дел од Чехословачка) 1993 непосредно, во втор круг (од 2013 г.; претходно: парламентот, со мнозинство) дводомен

Список на поранешни парламентарни републики уреди

Име на државата Станала парл. република Го сменила уредувањето Сегашно уредување Причинител на промената
  Бразил 1961 1963 претседателски систем референдум
  Бурма 1948 1962 воена хунта преврат во 1962 г.
  Зимбабве 1980 1987 претседателски систем уставен амандман
  Зимбабве-Родезија 1979 1979 парламентарен систем создавање на Јужна Родезија
  Индонезија 1945 1959 претседателски систем уставен амандман
  Втора Јужнокорејска република 1960 1961 претседателски систем Шеснаесеттомајски преврат
  Република Конго 1960 1965 воена диктатура
(де факто еднопартиска држава)
преврат од 1965 г.
  Прва Литванска република 1920 1926 еднопартиска држава преврат во 1926 г.[б 8]
  Нигерија 1963 1979 претседателски систем уставен амандман
  Пакистан 1956 1958 воена диктатура преврат во 1958 г.
1973 1978 преврат во 1977 г.
1988 1999 преврат во 1999 г.
  Прва Португалска република 1910 1926 воена диктатура
(која во 1933 г.
довела до еднопартиска држава)
преврат од 28 мај
  Втора Полска република 1918 1939 еднопартиска држава Инвазија на Полска
  Родезија 1970 1979 парламентарен систем создавање на Зимбабве-Родезија
  Русија референдум[б 9] 1993 полупретседателски систем референдум[б 10]
  Сириска република 1930 1958 еднопартиска држава создавање на Обединетата Арапска Република
  Сириска Арапска Република 1961 1963 еднопартиска држава преврат во 1963 г.
  Уганда 1963 1966 еднопартиска држава времен престан на уставот
  Унгарија 1946 1949 еднопартиска држава создавање на Народна Република Унгарија
  Прва Филипинска република (Малолошка република) 1899 1901 воена диктатура
(де факто колонија на САД)
заробување на Емилио Агиналдо и негово предавање на американската војска
  Четврта Филипинска република 1978 1987 претседателски систем ратификација на уставот од 1987 г.
  Трета Француска Република 1870 1940 претседателски систем германска окупација во II Св. војна
  Четврта Француска република 1946 1958 полупретседателски систем политичка нестабилност
  Чиле 1891 1925 претседателски систем референдум
  Втора Шпанска република 1931 1939 фашистичка диктатура пораз во Шпанската граѓанска војна
  Шри Ланка 1972 1978 полупретседателски систем уставен амандман

Поврзано уреди

Белешки уреди

  1. Била парламентарна република и помеѓу 1971 и 1975 г.
  2. In the case of поранешните западногерманск покраини, вклучувајќи го Западен Берлин, претходната еднопартиска држава била Третиот Рајх, но во случај на новите сојузни покраини и поранешен Источен Берлин, еднопартиската држава е Источна Германија. Германија се обединила на 3 октомври 1990 г., кога петте покраини на ГДР (Источна Германија) се приклучиле кон СР Германија (Западна Германија), а Берлин е обединет како еден град-покраина. Затоа, годината се однесува на денешна СР Германија во целина, иако подрачјето на Источна Германија не ѝ припаѓало на таа парламентарна република сè до 1990 г.
  3. Естонија била парламентарна република и помеѓу 1919 и 1934 г., кога власта е соборена со преврат. Во 1938 г. е усвоен претседателскиот систем, а во јуни 1940 г. Естонија е окупирана од СССР и припоена кон него.
  4. Шеф на државата од 1936 до 1949 г.
  5. Латвија била парламентарна република и помеѓу 1921 и 1934 г., кога е извршен преврат и на премиерското место дошол Карлис Улманис. Во јуни 1940 г. Латвија е окупирана од СССР и припоена кон него.
  6. Првите парламентарни избори се одржани во февруари и март 1990 г. На изборите само Комунистичката партија имала статус на таква, а опозицијата се состоела од поединечни кандидати. Во 1991 г. е прогласена независнсот од СССР, а во 1994 г. се одржани првите повеќепартиски избори.
  7. Порано полупретседателска република, а денес парламентарна, со уставот од 2000 г.
  8. Во јуни 1940 г., Литванија е окупирана од СССР и припоена кон него.
  9. Создадена функцијата Претседател на Руската Федерација и почнува раздвојувањето на надлежностите и предавање на овластувањата на Врховниот совет на Русија. Дотогаш Русија била советска република.
  10. На ова му претходи уставната криза и вооруженото распуштање на Врховниот совет на Русија.

Наводи уреди

  1. Kiran Khalid, CNN (2010-04-09). „Pakistan lawmakers approve weakening of presidential powers“. CNN.com. Посетено на 2010-04-14.
  2. '18th Amendment to restore Constitution' | Pakistan | News | Newspaper | Daily | English | Online“. Nation.com.pk. Посетено на 2010-04-14.