Паркот Јура

американски научно-фантастичен филм од 1993 година во режија на Стивен Спилберг

Паркот Јура (англиски: Jurassic Park) е научно-фантастичен филм од 1993 година, во режија на Стивен Спилберг, заснован на истоимениот роман на Мајкл Криктон. Како главна тема на филмот е фиктивниот остров Исла Нублар, каде научниците создале забавен парк со клонирани диносауруси. Џон Хамонд (Ричард Атенборо) поканува група научници да го посетат паркот. Поради саботажа, диносаурусите ќе се ослободат, па техничарите и посетителите се обидуваат да избегаат од островот.

„Паркот Јура“
РежисерСтивен Спилберг
ПродуцентКетлин Кенеди
Џералд Р. Молен
СценаристСценарио
Дејвид Коеп
Малија Скоч Мармо
Мајкл Криктон
Роман:
Мајкл Криктон
Главни улогиСем Нил
Лора Дерн
Џеф Голдблум
Ричард Атенборо
Џозеф Мазело
Аријана Ричардс
Мартин Фереро
Боб Пек
Семјуел Л. Џексон
Вејн Најт
Б.Д. Вонг
МузикаЏон Вилијамс
КинематографијаДин Канди
МонтажаМајкл Кан
ДистрибутерUniversal Studios
Премиера11 јуни, 1993
Времетраење127 минути
Земја САД
ЈазикАнглиски
Буџет$95,000,000[1]
Бруто заработка$914,691,118
СледенИзгубениот свет: Паркот Јура

Паркот Јура доби многу позитивни критики, кои ги фалеа специјалните ефекти, но за другите аспекти велеа дека филмот е медиокритет. За време на премиерата, филмот заработи 914 милиони долари и со тоа стана најуспешниот филм за таа година, а моментално се наоѓа на десеттото место на најпосетувани филмови. Паркот Јура беше првиот филм во оваа франшиза, а по него беа направени Изгубениот свет: Паркот Јура во 1997 и Паркот Јура 3 во 2001.

Надворешни врски уреди

  1. Joseph McBride (1997). Steven Spielberg. Faber and Faber, 416–9. ISBN 0-571-19177-0