Париз-Ница 2015 — 73. издание на велосипедската етапна трка Париз-Ница. Започнала на 8 март, а завршила на 15 март и претставувала втора трка во календарот на Светската турнеја.[1][2] Трката се вратила на традиционалниот формат на Париз-Ница по невообичаеното движење во 2014 година. Започнала во Морепа, западно од Париз, со пролог; потоа рутата се движела на југ низ Франција со неколку етапи погодни за спринтерите. Одлучувачкиот дел на трката започнал на четвртата етапа со искачување на Кол де ла Кроа де Шобуре. Трката завршила седум дена подоцна со искачување на Кол д’Ез во близина на Ница.

Париз-Ница 2015
Светска турнеја на UCI 2015, трка 2 од 28
Рута на Париз-Ница 2015
Детали за трката
Датум(и) 8 март 2015 (2015-03-08)
Етапи 8
Растојание 1.141 км
Време 29ч 10' 41" (39,1 км/ч)
Добитници на наградите
Победник  Ричи Порт (АВС) (Тим Скај)
Втор  Михал Квјатковски (ПОЛ) (Етикс-Квик Степ)
Трет  Симон Шпилак (СЛО) (Катјуша)

Бодовен  Мајкл Метјус (АВС) (Орика-ГринЕЏ)
Планински  Томас де Гент (БЕЛ) (Лото-Судал)
Младински  Михал Квјатковски (ПОЛ) (Етикс-Квик Степ)
Екипен Тим Скај
2014
2016

Првакот од 2014 година, Карлос Бетанкур (Аг2р-Ла Мондијал), одбрал да не ја брани титулата. Раното водство на трката припаднало на Михал Квјатковски (Етикс-Квик Степ) на прологот, а го чувал водството до третата етапа, кога го преземал Мајкл Метјус преку временските бонуси. На четвртата етапа победил Ричи Порт (Тим Скај), додека Квјатковски се вратил на чело на трката. На шестата етапа, хаотична етапа во врнежливи услови, Тони Галопен (Лото-Судал) победил и повел во генералниот пласман на трката, но не успеал да го одбрани водството на последниот ден на завршниот хронометар. Порт, првак од 2013 година, го освоил генералниот пласман, како и две етапи. Квјатковски завршил втор, додека Симон Шпилак (Катјуша) го заокружил подиумот.

Бодовниот пласман му припаднал на Метјус, кој имал четири завршници меѓу првите десет, како и една етапна победа. Планинскиот пласман бил освоен од Томас де Гент (Лото-Судал). Квјатковски го освоил пласманот за млад возач, како најдобар возач роден по 1 јануари 1990 година. Екипниот пласман бил освоен од Тим Скај.

Екипи уреди

Бидејќи Париз-Ница е настан од Светската турнеја, сите 17 UCI World Tour екипи се автоматски поканети и се обврзани да испратат екипа. Три други професионални континентални екипи добиле специјални покани.

Екипи во Светската турнеја биле:

Екипи кои добиле специјални покани биле:

Распоред уреди

Список на етапи[3]
Етапа Датум Движење Растојание Вид Победник
П 8 март Морепа 6,7 км   поединечен хронометар   Михал Квјатковски (ПОЛ)
1 9 март Сен Реми ле Шеврез до Контр 192 км   рамна етапа   Александер Кристоф (НОР)
2 10 март Зоо парк де Бовал до Сен Аман Монрон 172 км   рамна етапа   Андре Грајпел (ГЕР)
3 11 март Сен Аман Монрон до Сен Пурсен сир Сиул 179 км   рамна етапа   Мајкл Метјус (АВС)
4 12 март Варен сир Алер до Кроа де Шобуре 204 км   планинска етапа   Ричи Порт (АВС)
5 13 март Сент Етјен до Расто 192 км   среднопланинска етапа   Давиде Чимолаи (ИТА)
6 14 март Ванс до Ница 181,5 км   планинска етапа   Тони Галопен (ФРА)
7 15 март Ница до Кол д’Ез 9,6 км   поединечен хронометар   Ричи Порт (АВС)

Етапи уреди

Пролог уреди

8 март 2015 — Морепа до Морепа, 6,7 км, поединечен хронометар
Резултат од прологот и генералниот пласман по прологот
Возач Екипа Време
1   Михал Квјатковски (ПОЛ)       Етикс-Квик Степ 7' 40"
2   Роан Денис (АВС) Ванти-Груп Гобер и.в.
3   Тони Мартин (ГЕР) Етикс-Квик Степ + 7"
4   Луис Леон Санчес (ШПА) Астана + 10"
5   Ларс Бом (ХОЛ) Астана + 10"
6   Џон Дегенколб (ГЕР) Џајант-Алпецин + 10"
7   Силвен Шаванел (ФРА) ИАМ Сајклинг + 10"
8   Мајкл Метјус (АВС) Орика-ГринЕЏ + 12"
9   Том Димулен (ХОЛ) Џајант-Алпецин + 13"
10   Герајнт Томас (ВБР) Тим Скај + 14"

Етапа 1 уреди

9 март 2015 — Сен Реми ле Шеврез до Контр, 196,5 км
Резултат од етапа 1
Возач Екипа Време
1   Александер Кристоф (НОР) Катјуша 5ч 15' 18"
2   Насер Буани (ФРА) Кофидис и.в.
3   Бријан Кокар (ФРА) Тим Јуропкар и.в.
4   Хајнрих Хауслер (АВС) ИАМ Сајклинг и.в.
5   Џакомо Ницоло (ИТА) Трек Фактори Рејсинг и.в.
6   Хосе Хоакин Рохас (ШПА) Мовистар Тим и.в.
7   Морено Хофланд (ХОЛ) Лото НЛ-Џамбо и.в.
8   Николо Бонифацио (ИТА) Лампре-Мерида и.в.
9   Бен Свифт (ВБР) Тим Скај и.в.
10   Мајкл Метјус (АВС) Орика-ГринЕЏ и.в.
Генерален пласман по етапа 1
Возач Екипа Време
1   Михал Квјатковски (ПОЛ)       Етикс-Квик Степ 5ч 22' 58"
2   Роан Денис (АВС) Ванти-Груп Гобер и.в.
3   Тони Мартин (ГЕР) Етикс-Квик Степ + 7"
4   Џон Дегенколб (ГЕР) Џајант-Алпецин + 9"
5   Луис Леон Санчес (ШПА) Астана + 10"
6   Ларс Бом (ХОЛ) Астана + 10"
7   Мајкл Метјус (АВС) Орика-ГринЕЏ + 10"
8   Силвен Шаванел (ФРА) ИАМ Сајклинг + 10"
9   Том Димулен (ХОЛ) Џајант-Алпецин + 13"
10   Герајнт Томас (ВБР) Тим Скај + 13"

Етапа 2 уреди

10 март 2015 — Зоо парк де Бовал до Сен Аман Монрон, 172 км
Резултат од етапа 2[4]
Возач Екипа Време
1   Андре Грајпел (ГЕР) Лото-Судал 4ч 30' 18"
2   Арно Демар (ФРА) ФДЖ и.в.
3   Џон Дегенколб (ГЕР) Џајант-Алпецин и.в.
4   Мајкл Метјус (АВС) Орика-ГринЕЏ и.в.
5   Хосе Хоакин Рохас (ШПА) Мовистар Тим и.в.
6   Насер Буани (ФРА) Кофидис и.в.
7   Морено Хофланд (ХОЛ) Лото НЛ-Џамбо и.в.
8   Александер Кристоф (НОР) Катјуша и.в.
9   Јонас Вангенехтен (БЕЛ) ИАМ Сајклинг и.в.
10   Николо Бонифацио (ИТА) Лампре-Мерида и.в.
Генерален пласман по етапа 2
Возач Екипа Време
1   Михал Квјатковски (ПОЛ)     Етикс-Квик Степ 9ч 53' 16"
2   Роан Денис (АВС) Ванти-Груп Гобер и.в.
3   Џон Дегенколб (ГЕР) Џајант-Алпецин + 2"
4   Тони Мартин (ГЕР) Етикс-Квик Степ + 7"
5   Мајкл Метјус (АВС) Орика-ГринЕЏ + 9"
6   Луис Леон Санчес (ШПА) Астана + 10"
7   Ларс Бом (ХОЛ) Астана + 10"
8   Силвен Шаванел (ФРА) ИАМ Сајклинг + 10"
9   Том Димулен (ХОЛ) Џајант-Алпецин + 13"
10   Герајнт Томас (ВБР) Тим Скај + 13"

Етапа 3 уреди

11 март 2015 — Сен Аман Монрон до Сен Пурсен сир Сиул, 179 км
Резултат од етапа 3[5]
Возач Екипа Време
1   Мајкл Метјус (АВС) Орика-ГринЕЏ 4ч 32' 12"
2   Давиде Чимолаи (ИТА) Лампре-Мерида и.в.
3   Џакомо Ницоло (ИТА) Трек Фактори Рејсинг и.в.
4   Александер Кристоф (НОР)   Катјуша и.в.
5   Хосе Хоакин Рохас (ШПА) Мовистар Тим и.в.
6   Мати Брешел (ДАН) Тинкоф-Саксо и.в.
7   Морено Хофланд (ХОЛ) Лото НЛ-Џамбо и.в.
8   Насер Буани (ФРА) Кофидис и.в.
9   Бријан Кокар (ФРА) Тим Јуропкар и.в.
10   Арно Демар (ФРА) ФДЖ и.в.
Генерален пласман по етапа 3
Возач Екипа Време
1   Мајкл Метјус (АВС)       Орика-ГринЕЏ 14ч 25' 27"
2   Михал Квјатковски (ПОЛ) Етикс-Квик Степ + 1"
3   Роан Денис (АВС) Ванти-Груп Гобер + 1"
4   Џон Дегенколб (ГЕР) Џајант-Алпецин + 3"
5   Тони Мартин (ГЕР) Етикс-Квик Степ + 8"
6   Луис Леон Санчес (ШПА) Астана + 11"
7   Силвен Шаванел (ФРА) ИАМ Сајклинг + 11"
8   Том Димулен (ХОЛ) Џајант-Алпецин + 14"
9   Герајнт Томас (ВБР) Тим Скај + 14"
10   Филип Жилбер (БЕЛ) Ванти-Груп Гобер + 14"

Етапа 4 уреди

12 март 2015 — Варен сир Алер до Кол де ла Кроа де Шобуре, 204 км
Резултат од етапа 4[6]
Возач Екипа Време
1   Ричи Порт (АВС) Тим Скај 5ч 18' 39"
2   Герајнт Томас (ВБР) Тим Скај и.в.
3   Михал Квјатковски (ПОЛ) Етикс-Квик Степ + 8"
4   Јакоб Фуглсанг (ДАН) Астана + 8"
5   Тиџеј ван Гардерен (САД) Ванти-Груп Гобер + 17"
6   Руј Кошта (ПОР) Лампре-Мерида + 24"
7   Тони Галопен (ФРА) Лото-Судал + 24"
8   Фабио Ару (ИТА) Астана + 24"
9   Рафаел Валс (ШПА) Лампре-Мерида + 24"
10   Симон Шпилак (СЛО) Катјуша + 24"
Генерален пласман по етапа 4
Возач Екипа Време
1   Михал Квјатковски (ПОЛ)     Етикс-Квик Степ 19ч 44' 11"
2   Ричи Порт (АВС) Тим Скај + 1"
3   Герајнт Томас (ВБР) Тим Скај + 3"
4   Тиџеј ван Гардерен (САД) Ванти-Груп Гобер + 27"
5   Јакоб Фуглсанг (ДАН) Астана + 32"
6   Тони Галопен (ФРА) Лото-Судал + 38"
7   Руј Кошта (ПОР) Лампре-Мерида + 41"
8   Горка Изагире (ШПА) Мовистар Тим + 44"
9   Тијаго Машадо (ПОР) Катјуша + 50"
10   Рафаел Валс (ШПА) Лампре-Мерида + 51"

Етапа 5 уреди

13 март 2015 — Сент Етјен до Расто, 192,5 км
Резултат од етапа 5[7]
Возач Екипа Време
1   Давиде Чимолаи (ИТА) Лампре-Мерида 4ч 12' 9"
2   Бријан Кокар (ФРА) Тим Јуропкар и.в.
3   Мајкл Метјус (АВС)   Орика-ГринЕЏ и.в.
4   Насер Буани (ФРА) Кофидис и.в.
5   Хосе Хоакин Рохас (ШПА) Мовистар Тим и.в.
6   Александер Кристоф (НОР) Катјуша и.в.
7   Мати Брешел (ДАН) Тинкоф-Саксо и.в.
8   Даниел Меклеј (ВБР) Бретањ-Сеше анвиронман и.в.
9   Самуел Димулен (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал и.в.
10   Силвен Шаванел (ФРА) ИАМ Сајклинг и.в.
Генерален пласман по етапа 5
Возач Екипа Време
1   Михал Квјатковски (ПОЛ)     Етикс-Квик Степ 23ч 56' 20"
2   Ричи Порт (АВС) Тим Скај + 1"
3   Герајнт Томас (ВБР) Тим Скај + 3"
4   Тиџеј ван Гардерен (САД) Ванти-Груп Гобер + 27"
5   Јакоб Фуглсанг (ДАН) Астана + 32"
6   Тони Галопен (ФРА) Лото-Судал + 38"
7   Руј Кошта (ПОР) Лампре-Мерида + 41"
8   Горка Изагире (ШПА) Мовистар Тим + 44"
9   Тијаго Машадо (ПОР) Катјуша + 50"
10   Рафаел Валс (ШПА) Лампре-Мерида + 51"

Етапа 6 уреди

14 март 2015 — Ванс до Ница, 180,5 км
Резултат од етапа 6
Возач Екипа Време
1   Тони Галопен (ФРА) Лото-Судал 4ч 52' 57"
2   Симон Шпилак (СЛО) Катјуша + 32"
3   Руј Кошта (ПОР) Лампре-Мерида + 32"
4   Јакоб Фуглсанг (ДАН) Астана + 32"
5   Рафаел Валс (ШПА) Лампре-Мерида + 35"
6   Михаел Валгрен (ДАН) Тинкоф-Саксо + 1' 00"
7   Тим Веленс (БЕЛ) Лото-Судал + 1' 00"
8   Силвен Шаванел (ФРА) ИАМ Сајклинг + 1' 00"
9   Артур Вишо (ФРА) ФДЖ + 1' 00"
10   Никола Еде (ФРА) Кофидис + 1' 00"
Генерален пласман по етапа 6
Возач Екипа Време
1   Тони Галопен (ФРА)   Лото-Судал 28ч 49' 42"
2   Ричи Порт (АВС)   Тим Скај + 36"
3   Михал Квјатковски (ПОЛ)   Етикс-Квик Степ + 37"
4   Герајнт Томас (ВБР)   Тим Скај + 38"
5   Јакоб Фуглсанг (ДАН) Астана + 38"
6   Руј Кошта (ПОР) Лампре-Мерида + 42"
7   Симон Шпилак (СЛО) Катјуша + 53"
8   Рафаел Валс (ШПА) Лампре-Мерида + 1' 01"
9   Горка Изагире (ШПА) Мовистар Тим + 1' 19"
10   Тим Веленс (БЕЛ) Лото-Судал + 2' 00"

Етапа 7 уреди

15 март 2015 — Ница до Кол д’Ез, 9,6 км
Резултат од етапа 7
Возач Екипа Време
1   Ричи Порт (АВС)   Лото-Судал 20' 23"
2   Симон Шпилак (СЛО) Катјуша + 13"
3   Руј Кошта (ПОР) Лампре-Мерида + 24"
4   Тони Мартин (ГЕР) Етикс-Квик Степ + 29"
5   Михал Квјатковски (ПОЛ)   Етикс-Квик Степ + 29"
6   Ендру Талански (САД) Канондејл-Гармин + 37"
7   Герајнт Томас (ВБР)   Тим Скај + 39"
8   Јон Изагире (ШПА) Мовистар Тим + 50"
9   Тим Веленс (БЕЛ) Лото-Судал + 54"
10   Горка Изагире (ШПА) Мовистар Тим + 55"
Краен генерален пласман
Возач Екипа Време
1   Ричи Порт (АВС)     Тим Скај 29ч 10' 41"
2   Михал Квјатковски (ПОЛ)   Етикс-Квик Степ + 30"
3   Симон Шпилак (СЛО) Катјуша + 30"
4   Руј Кошта (ПОР) Лампре-Мерида + 30"
5   Герајнт Томас (ВБР)   Тим Скај + 41"
6   Тони Галопен (ФРА) Лото-Судал + 1' 03"
7   Јакоб Фуглсанг (ДАН) Астана + 1' 05"
8   Рафаел Валс (ШПА) Лампре-Мерида + 1' 24"
9   Горка Изагире (ШПА) Мовистар Тим + 1' 38"
10   Тим Веленс (БЕЛ) Лото-Судал + 2' 18"

Поредок уреди

На Париз-Ница 2015 постоеле четири различни маички. За генералниот пласман, пресметуван преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист на крајот на секоја етапа и временските бонуси за првите тројца на друмските етапи, предводникот ја добивал жолтата маичка. Овој пласман бил сметан за најважен на Париз-Ница 2015 и победникот на пласманот бил сметан за победник на трката.

Дополнително, постоел бодовен пласман, каде била доделувана зеленаа маичка. Во бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршеле во првите десет на етапите. За разлика од бодовниот пласман на Тур де Франс, видот на етапата немало влијание на бодовите кои се добивале  – секоја етапа имало подеднаков број на достапни бодови во ист сооднос. Победата носела 15 бодови, второто место 12 бода, третото 9 бода, четвртото 7, петтото 6 и по еден помалку до еден бод за 10. место. Исто така, бодови можеле да се добијат и на средниве спринтови; три бода доколку за првиот кој ќе ја помине линијата, два бода за вториот и еден за третиот.

Имало и планински пласман, а предводникот во пласманот ја добивал белата маичка со црвени точки. Во планинскиот пласман, бодовите биле добивани доколку се стигне на врвот на искачувањето пред другите велосипедисти. Секое искачување било категоризирано со прва, втора или трета категорија, а бодовите биле сразмерно делени. На искачувањата од прва година, бодовите биле делени на следниов начин: 10 бода за првиот кој стигнал до врвот, осум бода за вториот, шест за третиот, четири за четвртиот и по еден помалку до еден бод за седмиот. На искачувањата од втора категорија бодовите биле делени: 7 бода за првото место, второто место носело 5 бода, третото 3 и по еден помалку до еден бод за петтото место. На искачувањата од трета категорија и едно искачување од четврта категорија, бодови на врвот имало само за најбрзите тројца; 4 бода за првиот, 2 бода за вториот, 1 бод за третиот.

Четвртата маичка го претставувала пласманот за млад возач, обележена со белата маичка. Пласманот се пресметувал на ист начин како генералниот пласман, но учествувале само возачи родени на или по 1 јануари 1990 година.

Постои и екипен пласман, во кој времињата биле додавани времињата на тројцата најдобри велосипедисти по екипа на секоја етапа; водечка екипа на крајот на трката била онаа со најмало вкупно време.

Етапа Победник Генерален пласман
 
Бодовен пласман
 
Планински пласман
 
Пласман за млад возач
 
Екипен пласман
 
П Михал Квјатковски Михал Квјатковски Михал Квјатковски недоделена Михал Квјатковски Ванти-Груп Гобер
1 Александер Кристоф Џонатан Ивер
2 Андре Грајпел Александер Кристоф
3 Мајкл Метјус Мајкл Метјус Мајкл Метјус Филип Жилбер Мајкл Метјус
4 Ричи Порт Михал Квјатковски Томас де Гент Михал Квјатковски Астана
5 Давиде Чимолаи
6 Тони Галопен Тони Галопен Тим Скај
7 Ричи Порт Ричи Порт
На крај Ричи Порт Мајкл Метјус Томас де Гент Михал Квјатковски Тим Скај
Забелешки
  • На етапите 1 и 2, Роан Денис, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи Михал Квјатковски (на првото место) ја носел жолтата маичка како предводник на генералниот пласман. Од истата причина, Мајкл Метјус ја носел белата маичка на истата етапа.
  • На етапата 4, Александер Кристоф, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи Мајкл Метјус (на првото место) ја носел жолтата маичка како предводник на генералниот пласман. Од истата причина, Михал Квјатковски ја носел белата маичка на истата етапа.
  • На етапата 5, Фабио Ару, кој бил втор во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка, бидејќи Михал Квјатковски (на првото место) ја носел жолтата маичка како предводник на генералниот пласман.

Наводи уреди

  1. „UCI го потврди календарот 2015 за Светската турнеја“. Cycling News. Посетено на 4 јануари 2015.
  2. „Календар 2015“. UCI. Посетено на 4 јануари 2015.
  3. „Париз-Ница 2015“. Cyclingnews. 3 февруари 2015. Посетено на 26 февруари 2015.
  4. „Париз-Ница: Грајпел победи во Сан Аман Монрон“. Cycling Weekly. 10 март 2015. Посетено на 11 март 2015.
  5. „Париз-Ница: Метјус победи на третата етапа“. Cycling Weekly. 11 март 2015. Посетено на 11 март 2015.
  6. „Париз-Ница: Порт победи на Кроа де Шобуре“. Cycling Weekly. 12 март 2015. Посетено на 14 март 2015.
  7. „Париз-Ница: Чимолаи победи на петтата етапа во Расто“. Cycling News. 13 март 2015. Посетено на 13 март 2015.

Надворешни врски уреди