Парен притисокпритисокот на кој при одредена температура пареата е во состојба на рамнотежа со течноста. Исто така, се јавува и рамнотежа на нивните количества, затоа што колку течност испарува, толку и се кондензира.

Опит „пиштол-епрувета“. Епруветата содржи алкохол и е затворена со тапа. Со загревање на алкохолот, алкохолната пареа се шири и притисокот се зголемува до моментот кога тапата повеќе не држи и излетува од епруветата. Извел: проф. Оливер Зајков. Институт за физика на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Притисокот на заситена пареа зависи од видот на течноста и температурата. Доколку температурата расте, расте и притисокот, добивајќи максимална вредност при критичната температура и тогаш се нарекува и критичен притисок затоа што на поголем притисок течноста и не би постоела.

Ако на одредена температура (точка на вриење) притисокот на заситената пареа е еднаков со атмосферскиот притисок, супстанцијата врие.

Притисокот на заситена пареа е еден од параметрите кои ги карактеризираат супстанциите, а особено течностите. Доколку не е наведена температурата при која се добиени податоците за притисокот, тогаш се подразбираат стандардни услови.

Поврзано уреди