Парада или марш е организирана улична поворка на луѓе. Често, учесниците во парадата се облечени во костуми, а нив ги придружува музика.

Познати паради во светот уреди

 
Свечено дефиле на Светското првенство во атлетика во 2013 година, Стадион „Лужники“ во Москва.

Најдолгата парада во светот се одржува секоја година во Хановер за време на фестивалот. Парадата е долга 12 километри, а на неа учествуваат над 12.000 лица и повеќе од 100 музички групи. Исто така, позната е парадата за време на карневалот во Рио де Жанеиро.

Парадата како тема во уметноста и во популарната култура уреди

  • „Парада на идиотите“ — песна на рускиот поет Хенрих Сапгир од 1970 година.[1]
  • „Воена парада“ — песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[2]
  • Парада“ — филм на режисерот Срѓан Драгојевиќ од 2011 година.
  • „Парада на вината“ (англиски: Guilt Parade) — песна на австралиската рок-група Брдеј парти (The Birtday Party).[3]
  • „Парада“ — песна на словенечкиот рок-музичар Марко Брецељ од 1981 година.[4]
  • Електрична мека парада“ (англиски: The Electric Soft Parade) — британскaта рок-група.[5]
  • „Улична парада“ (англиски: Street parade) — песна на англиската рок-група Клеш (The Clash) од 1980 година.[6]
  • „Парада“ (англиски: Parade) — песна на американската рок-група Килдозер (Killdozer) од 1984 година.[7]
  • „Мајстор на сите паради“ (англиски: Jack Of All Parades) — песна на британскиот рок-музичар Елвис Костело (Elvis Costello) од 1986 година.[8]
  • „Парада“ (англиски: Parade) — песна на англиската рок-група Магазин (Magazine) од 1978 година.[9]
  • „Без парада“ (англиски: No Parade) — песна на американската хард-кор група Минитмен Minutemen од 1981 година.[10]
  • „Парада“ (англиски: Parade) — музички албум на американскиот поп-музичар Принс (Prince) од 1986 година.[11]
  • „Парадата на Кристофер Трејси“ (англиски: Christopher Tracy's Parade) - песна на Принс од 1986 година.[11]
  • „Парада за Ноќта на вештерските“ (англиски: Halloween Parade) — песна на американсиот рок-музичар Лу Рид (Lou Reed) од 1989 година.[12]
  • „Парада на рози“ (англиски: Rose Parade) — песна на американскиот рок-музичар Елиот Смит (Elliott Smith) од 1997 година.[13]

Наводи уреди