Парабола за пријателот на полноќ

Парабола за пријателот на полноќ (или прабола за тврдоглав сосед) — една од познатите новозаветни Исусови алегориски параболи.

Јан Лујкен, илустрација на параболата за пријателот во ноќта.

Параболата зборува за човек кој е без сочувство, но на крајот попушта пред барањата на упорниот сосед за да не му досадува повеќе. Наравоучение на параболата е дека треба да се биде истраен во молитвата и никогаш да не се откажува.

Оваа парабола се наоѓа во новозаветното евангелие според Лука (11: 5-8).

Парабола уреди

Евангелието според Лука ја пренесува следната Исусова парабола:

5. И им рече: „Ако некој од вас има пријател и отиде при него на полноќ, па му каже: »Пријателе, кај ми назаем три леба;

6. оти ми дојде еден пријател од пат и немам што да му принесам;
7. а оној однатре да му одговори и рече: „Не ме обеспокојувај; портата е веќе затворена и децата се со мене во постела; не можам да станам и да ти дадам.“
8. Но ви велам, макар и да не стане да му даде затоа што му е пријател, но ќе стане заради неговото настојување и ќе му даде, колку што му треба.

— Евангелие според Лука, 11:5-8 [1]

Толкувања уреди

Во продолжение на Евангелието по Лука, самиот Исус го разјаснува значењето на неговата алегориска парабола, објаснувајќи дека истрајноста во молитвата вродува со плод:

9. И Јас ви велам: сакајте и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете; чукајте и ќе ви се отвори.

10. Зашто секој што сака – добива, и кој бара – наоѓа, и на оној што чука, ќе му се отвори.
11. И кој татко од вас, ако синот негов му побара леб, ќе му даде камен? Или ако побара риба, па да му даде змија место риба?
12. Или, ако побара јајце, да му даде скорпија?
13. И така, значи, ако вие, бидејќи лукави, умеете да давате добри дарови на чедата свои, колку повеќе небесниот Отец ќе им даде Дух Свети на оние, што Му бараат?”

— Евангелие според Лука, 11:9-13 [1]

Џоел Грин смета дека воведната фраза („кој од вас има пријател?“) треба да се разбере во смисла на „дали можеш да замислиш таков пријател?“, (или „има ли таков пријател?“), и дека нејзината намера е да се добие одговор „не!“, бидејќи ниту еден пријател не би одбил помош во таква ситуација.[2] Во секој случај, Исус заклучува дека иако пријателството не е доволен мотив, сепак ќе добиеме помош барем поради упорност и досада.[2] Оваа алегорична приказна за Исус е поттик за молитва до неговите ученици. Параболата за неправедниот судија има слично наравоучение.

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Свето евангелие според Лука“. Свето писмо. Посетено на 21 мај 2022.
  2. 2,0 2,1 Joel B. Green, The Gospel of Luke, Eerdmans. Парабола за пријателот на полноќ

Надворешни врски уреди