Григориј XI (лат. Gregorius PP. XI; 1329, 1331 или 1336 - 27 март 1378) — римски папа од 30 декември 1370 до 19 декември 1370[1]. Тој бил Французин. Под влијание на Катерина Сиенска го вратил папскиот престол од Авињон во Рим, со што завршило 70-годишното авињонско папство.

Gregorius XI
Родено име Пјер Роже де Бофор
Папа од 30 декември 1370
Папа до 27 март 1378
Претходник Папа Урбан V
Наследник Папа Урбан VI
Роден 1329, 1331 или 1336
Росје де Елетон, Лимузин, Франција
Починал 27 март 1378
Рим
Други папи по име Григориј (појаснување)

Роденото име му било Пјер Роже де Бофор. За неговата дата на раѓање со поврзуваат годините 1329, 1331 и 1336. Тој му бил миленик на папата Климент VI, кој го назначил за кардинал на само 17 години. Учел право во Перуџа.

Во првите години од неговото папство се засилило влијанието на антифранцуската опозиција на италијанските граови, на чело со градот Фиренца. И покрај тоа, Григориј решил да го врати папскиот престол во Рим, за што добил помош и од доминиканската владетелка Катерина Сиенска. Катерина сакала „своето италијакнско свето наследство“ да го врати во Рим, за што го повикала Григориј XI. И покрај пречките, Катерина си го добила своето, и во 1376 папата Григориј со 15 кардинали го завршил папството Авињон. За да гио смири жителите на Фиренца, кои биле против „францускиот“ папа, папата Григориј искористил најмена војска, која главно се состоела од бретонски христијани.

Со војската раководел кардиналот Робер Женевски, кој вовел ред со жестоки мерки, убивајќи 4000 бунтовници во близина на Чезена. По ова папата им наложил на Фиорентинците интердикт. Со тоа, враќањето на папата во базиликата Свети Петар било проследено со крвави дејствија.

Наводи уреди