Адеодат I (лат. Adeodatus PP. I; ? - 8 ноември 618) — римски папа од 19 октомври 615 до 8 ноември 618[1]. Ги вовел во употреба папските були. Ја искористил големата поддршка од народот во времето на земјотресите и епидемиите. Бил прогласен за светец. Во грегоријанскиот календар неговиот празник се слави на 8 ноември.

Adeodatus I
Родено име Адеодат I
Папа од 19 октомври 615
Папа до 8 ноември 618
Претходник Папа Бонифациј IV
Наследник Папа Бонифациј V
Роден ?
Рим
Починал 8 ноември 618
Рим
Други папи по име Адеодат (појаснување)

Наводи уреди