Паоло Роналд Монтеро Иглесијас (роден на 3 септември, 1971 година во Монтевидео) — поранешен уругвајски фудбалер, играч од одбраната.

Уругвај Паоло Монтеро
Лични податоци
Роден на 3 септември 1971(1971-09-03)(52 г.)
Роден во Монтевидео, Уругвај
Висина &100000000000001810000001,81 м
Играчки податоци
Позиција одбрана
Младинска кариера
Пењарол Пењарол
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1990-1992 Пењарол Пењарол 34 (1)
1992-1996 Аталанта Аталанта 114 (4)
1996-2005 Јувентус Јувентус 186 (1)
2005-2006 Сан Лоренцо Сан Лоренцо 14 (1)
2006-2007 Пењарол Пењарол 26 (1)
Репрезентација
1991-2005 Уругвај Уругвај 61 (5)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Тој е најдобро познат по времето кога настапувал за италијанскиот гигант Јувентус, во кој поминал речиси една деценија и ги освоил најзначајните одличја во својата кариера. Имено, додека настапувал за Јувентус и го добил прекарот Хардмен. Со својте настапи тој изградил репутација на тврд и бескомпромисен дефанзивец, во одбранбената линија што ја освоила Италија и Европа. Тој е денес играчот со најголем број на добиени црвени картони во Серија А (вкупно 16). Инаку покрај Јувентус, Монтеро настапувал и за Пењарол (двапати), Аталанта и Сан Лоренцо.

Тој исто така бил и репрезантативец на Уругвај и тоа цели 14 години од 1991 до 2005 година, во кој одиграл 61 натпревар во националниот дрес и постигнал 5 гола.

Технички одлики уреди

Тој бил опишан како "играч кој е многу вешт со топката и сосем мирен кога е под притисок", но исто така и "како многу талентиран и интелигентен фудбалер".

Клупска кариера уреди

Пењарол уреди

Монтеро е роден во Монтевидео, Уругвај, во фудбалско семејство, бидејќи неговиот татко Хулио Монтеро Кастиљо исто така бил поранешен репрезентативец на Уругвај. Како дете, Паоло се трудел да ги одржи оценките добри на училиште, инаку татко му немало да му овозможи да посетува фудбалски пракса. Како професионалец, Монтеро ја започнал својата кариера во Пењарол во 1990-тата година и останал во клубот две сезони, во кој одиграл 34 натпревари и постигнал еден гол, пред да направи трансфер во Аталанта во италијанската Серија А во 1992 година.

Аталанта уреди

По трансферот во клубот од Бергамо, Монтеро веднаш станал редовен член во почетните единаесет на клубот, и бил клучна фигура во нивната одбрана. Тој собрал 27 лигашки настапи во кој постигнал и два гола во својата деби сезона во Серија А. Во својата втора сезона со клубот, тој започнал како стартер во 30 натпревар, но сепак, сезоната завршила со испаѓање на клубот во Серија Б. Во втората лига на Италија по ранг, Монтеро се појавил во 34 натпревари, постигнал два гола, и му помогнал на неговиот тим да избори непосредна промоција назад во Серија А. Во текот на сезоната 1995-1996 во Серија А, Монтеро постојано се борел со повреди, и накрајот завршил со само 23 одиграни натпревари. Откако импресионирал во голема мера за време на неговиот 4 годишен престој во Бергамо, Монтеро направил голем скок во својата кариера со трансферот во италијанската и европската велесила, тимот на Јувентус.

Јувентус уреди

По големиот трансфер во Торино, Монтеро направил над 30 настапи во првата сезона со Јувентус во сите натпреварувања. Дури само по првата импресивна сезона, тој постигнал голем успех, освојувајќи четири скудета со клубот, заедно со уште некој други почести; се верува исто така дека Монтеро бил најдобар пријател на Зинедин Зидан во текот на времето кога двајцата настапуваа за Јувентус, пријателство кое завршило кога Зидан бил продаден на Реал Мадрид во 2001 година. Јувентус го имаше она што се смета како најдобра одбрана во светот во тој период кога и Монтеро беше во клубот, и многу често се случувало и многу силни тимови да имаат целосна контрола врз топката во натпреварот а да неможат да постигнат гол против Јувентус, и накрајот дури и да бидат разбиени со неколку гола во нивната мрежа. Монтеро играл и на двете позиции како централен бек и како лев бек во текот на овој период, и формирал импресивни дефанзивни партнерства со играчи од висок калибар како: Чиро Ферара, Марк Јулиано, Џанлука Песото, Лилијан Тирам, Алесандро Бириндели, Игор Тудор, Џанлука Ѕамброта, Никола Легротаље и Фабио Канаваро за време на неговиот 10-годишен мандат со клубот. По триумфот во Серија А во сезоната 2004-2005, Монтеро и неговиот тимски колега Ферара ставија крај на нивните кариери во Јувентус. И додека Монтеро се одлучил да се врати назад во Јужна Америка, Ферара заминал во пензија. Монтеро направил над 200 настапи за бјанконерите, постигнувајќи само еден лигашки погодок. Во финалето на Лигата на шампионите во сезоната 2002-03, Монтеро беше еден од трите играчи на Јувентус кој промашија пенал во пенал-рулетот, откако неговиот удар беше одбранет од голманот на Милан, Дида.

Сан Лоренцо уреди

По неговиот мандат во Јувентус, Монтеро се преселил во аргентинскиот клуб Сан Лоренцо. Неговото време во клубот било мошне кратко. Сепак, тој пропуштил и многу натпревари поради постојани повреди. Тој го напуштил клубот по само 14 настапи и постигнал еден гол против Расинг Клуб. Во 2006 година, тој добил неколку интересни понуди од клубови како Олимпијакос и од неодамна промовираниот клуб во Серија А Катанија, но сепак, Монтеро избрал да му се врати на клубот од детството каде што ја започна својата кариера, Пењарол.

Враќањето во Пењарол уреди

За сезоната 2006-2007 сезона, Монтеро му се приклучил на поранешниот клуб Пењарол, за да ја мине својата последна сезона во кариерата пред официјално да го најави неговото пензионирање. Тој постигнал еден гол во 26 натпревари за време на неговата последна сезона како професионален фудбалер.

Репрезентативна кариера уреди

Монтеро бил и капитен на неговата земја во нивниот обид да се квалификуваат за Светското првенство 2006 во интерконтиненталниот плејоф двобој со Австралија, во кој уругвајците биле поразени на пенали и неуспеале да се квалификуваат како што тоа го направиле на Светското првенство 2002, односно четири години пред тоа. За жал за Монтеро, тој со куцање се упатил надвор од теренот по повредата на тетивата со која се здобил во текот на вториот натпревар во Сиднеј, и не бил во можност да изведува удар од белата точка во пенал-серијата. По поразот, Монтеро веднаш го објавил своето повлекување од националниот дрес, велејќи: "штета оваа група на играчи заслужува да биде на Светското првенство."

Титули уреди

  Јувентус уреди

Надворешни врски уреди