Пантотенска киселина

хемиско соединение

Пантотенската киселина, понекогаш означувана и како витамин B5, е водорастворлив витамин кој се вбројува во групата на есенцијални хранливи состојки. Тој влегува во составот на сложениот коензим А (CoA) и е клучен во метаболизмот и синтезата на јаглехидрати, белковини и липиди. По хемиската структура, тој е амид образуван меѓу D-пантоат и бета-аланин. Името на оваа супстанца е изведено од грчкиот збор пантотен (παντόθεν) што значи од секаде, бидејќи мали количества на пантотенска киселина можат да се најдат во речиси секој тип на храна, и тоа најмногу во житарките, легумите, јајцата и месото. Најчесто се наоѓа во форма на својот алкохолен аналог - провитаминот пантенол и како калциум пантотенат. Пантотенската киселина е составен дел и на ацил носечките белковини.

Пантотенска киселина
Skeletal formula of (R)-pantothenic acid
Pantothenic acid molecule
Назнаки
137-08-6
3Д-модел (Jmol) Слика
PubChem 988
Својства
Хемиска формула
Моларна маса 0 g mol−1
Дополнителни податоци
Освен ако не е поинаку укажано, податоците се однесуваат на материјалите во нивната стандардна состојба (25 °C, 100 kPa)
Наводи

Дневен внес уреди

Возрасна група Возраст Потреби[1]

(во mg на ден)

Новороденчиња 0–6 месеци 1.7
Новороденчиња 7–12 месеци 1.8
Деца 1–3 години 2
Деца 4–8 години 3
Деца 9-13.5 години 4
Адолесценти 14–18 години 5
Возрасни мажи 19 години и постари 5
Возрасни жени 5
Бремени жени 6
Жени-доилки 7

Наводи уреди

  1. Dietary Reference Intakes for Thiamin, Riboflavin, Niacin, Vitamin B6, Folate, Vitamin B12, Pantothenic Acid, Biotin, and Choline. National Academy Press, 2000 http://books.nap.edu/catalog/6015.html