Панкреасниот сок претставува секрет што панкреасот го излачува во дванаесетпалечното црево. Каличината на излачениот панкреасен сок, за време од 24 часа се движи од 1500 - 2000 ml. Лачењето на панкреасниот сок започнува само 2 - 3 минути по земањето на храна и трае во наредните 6 - 12 часа. Количината на излачениот панкреасен сок зависи од количината и составот на храната.
Во текот на варењето на храната во дуоденалната лигавица секретин, материја со рормонско дејствување. Таа преку крвта го стимулира лачењето на панкреасниот сок. Зголеменото лачење на панкреасниот сок се постигнува и по рефлексен пат преку вкусот.
Панкреасниот сок е безбојна течност, без мирис со алкална реакција (pH 7. 8 - 8.4). Панкреасниот сок содржи голем број ферменти одговорни за разградба на белковините, мастите и јаглехидратите.

Белковини уреди

Трипсин е фермент под чие влијание настанува разградбата на белковините. Во панкреасниот сок се наоѓа во неактивна форма, во вид на профермент трипсиноген. Трипсиногенот преоѓа во трипсин под влијание на ентерокиназа, материја што ја лачат жлездите од цревната лигавица. Во дванаесетпалечното црево престанува дејството на пепсинот поради алкалната средина, бидејќи тој дејствува единствено во киселата средина. Белковините и разградените производи од пепсинското варење (албумози и пептони) под влијание на трипсинот се разградуваат до аминокиселини.
Покрај трипсинот, во процесот на разградбата на белковините учествуваат уште два фермента: хипотрипсин (активна форма на химотрипсиногенот) и карбоскиполипептидаза. Крајните производи од нивното дејствување се полипептиди и извесна количина на аминокиселини.

Јаглехидрати уреди

За разградбата на јаглехидратите одговорни се ферментите амилаза (дијастаза) и малтаза. Амилазата го разградува скрибот до дисахаридот малтоза. Малтозата под влијание на малтазата се разградува до моносахаридот гликоза.

Масти уреди

Ферментот липаза ги разградува маснотиите до глицерол и масни киселини. Активноста на липазата значително се засилува во присуство на жолчката. Ферментот дејствува во алкална средина.