Паничари

село во Општина Сарај

Паничари — село во Општина Сарај, во околината на градот Скопје. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 261 жител.

Паничари
Паничари во рамките на Македонија
Паничари
Местоположба на Паничари во Македонија
Паничари на карта

Карта

Координати 41°57′11″N 21°12′41″E / 41.95306° СГШ; 21.21139° ИГД / 41.95306; 21.21139Координати: 41°57′11″N 21°12′41″E / 41.95306° СГШ; 21.21139° ИГД / 41.95306; 21.21139
Општина  Сарај
Население 130 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 25164
Надм. вис. 706 м. м
Паничари на општинската карта

Атарот на Паничари во рамките на општината
Паничари на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа во Општина Сарај. Селото е планинско.

Историја уреди

Кон крајот на XIX век селото било дел од Тетовската каза, Отоманско Царство. Според податоците на Васил К’нчов, селото во 1900 година имало населениеод 165 жители Албанци муслимани.[2] Според Афанасиј Селишчев, селото во 1929 година имало 23 куќи со 174 жители Албанци.[3]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948206—    
1953225+9.2%
1961240+6.7%
1971282+17.5%
1981292+3.5%
ГодинаНас.±%
19910−100.0%
1994271—    
2002261−3.7%
2021130−50.2%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 150 Албанци.[4]

На пописот од 2002 година, селото имало 261 жител, од кои 260 Албанци и 1 останат.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 130 жители, од кои 107 Албанци и 23 лица без податоци.[6]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 165 206 225 240 282 292 0 271 261 130
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови уреди

Паничари е албанско село.

Според истражувањата од 1949 година, родови во селото се:

Доселеници

  • Кокош (18 к.) за нивното потекло ништо не се знае, или несакаат да кажат. Возможно е да се староседелци.
  • Мирте (15 к.) доселени се од Љума во северна Албанија. Од таму се иселиле двајца браќа. Едниот се населил во селото Арнакија, а другиот во Паничари. Потомците на двајцата браќа и денес се сметаат за блиски роднини. Овде живеат од средината на XIX век.[11]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.211
  3. Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.22.
  4. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  5. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  6. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  11. Трифуноски, Јован (1954). Скопски Дервен. Белград: Српски етнографски зборник.

Надворешни врски уреди