Панде Манојлов (Породин, 2 мај 1948 - Битола, 7 ноември 2020[1]) — македонски поет, раскажувач и новинар.[2] Најпознат е по песната за Палестина што ја напишал во 1982 година и ја објавил во весникот „Нова Македонија“ поради трагичните масакри во бегалските логори Сабра и Шатила во Либан.[3] Оваа песна во август 2006 година во радиото Монте Карло, во емисијата за арапски јазик, била прогласена за најубава странска песна посветена на Палестина.[4]

Панде Манојлов
Роден/а2 мај 1948
Породин
Починат/а7 ноември 2020
Битола
Занимањепоет
НационалностМакедонец
Значајни делаПесна за Палестина

Животопис уреди

Манојлов е роден на 2 мај 1948 година во с. Породин, Битолско. Завршил Правен факултет во Скопје. Работел во редакцијата на весникот „Битолски весник“, Битола. Бил член на ДПМ од 1989 година.

Творештво уреди

Манојлов бил автор на 29 книги меѓу кои:

  • Црвен немир во црвено пламти (поезија, 1971)
  • Соѕвездие на болот (поезија, 1977)
  • Огнена земја (поезија, 1983)
  • Блажевина (поезија, 1988)
  • За Битола, вековите и љубовта (поезија, 1989)
  • Обид да се влезе во нулата (раскази, 1996)
  • Срца, булки и снегулки (поезија за деца, 1997)
  • Македонски поетски молк (поезија, 1997)
  • Лет во сонот над Ајфеловата кула (поезија на македонски и француски, 1998)
  • Стап (хумористично-сатирични текстови, 2000)
  • Талија на Битолската сцена (театарски критики, 2002)
  • Песни за Никола и Дамјан (поезија за деца, 2003)
  • Љубов и Чемер (поезија,2005)
  • Тевекелиски песни (поезија, 2008)
  • Битола, Љубов моја (поезија, 2009)
  • Месечина со превез (поезија, 2011)
  • Последна корида на душата (раскази, 2014)
  • Ветровито време (поезија, 2015)
  • Далечен сон (поезија, 2016)
  • Јужни реки (поезија, 2019)
  • Песни за Палестина (поезија, 2019)[5]

Награди уреди

Добитник е на наградите:

  • Награда „4 Ноември“ на градот Битола
  • „Ванчо Николески“ - Битола
  • „Струшко слово“ од Културниот центар „Бран“ и ревијата за книжевност „Бранувања“.[6]
  • Признание од државата Палестина[7]
  • Награда „Ацо Шопов“ за 2019 година, за збирката поезија „Јужни реки“[8]

Наводи уреди

  1. „Почина писателот Панде Манојлов“. Посетено на 9 ноември 2020.
  2. Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 150-151
  3. „Во Битола изложени дела на Панде Манојлов, чија песна е неформална химна на Палестинците“, СДК, 3.11.2021
  4. „Најславната песна за Палестина е од Македонец“, МКnews, 3.6.2014.
  5. „Излезе книгата „Песни за Палестина“ од Манојлов“, „Нова Македонија“, 05.03.2019
  6. Мујо Бучпапај, Жарко Милениќ и Панде Манојлов – добитници на наградата „Струшко слово“
  7. „Битолскиот поет Панде Манојлов доби големо признание од Палестина“, Канал 5, 1.4.2017
  8. „ДПМ ГИ СООПШТИ ДОБИТНИЦИТЕ НА НАГРАДИТЕ ЗА 2019 ГОДИНА“. Посетено на 3 мај 2020.

Надворешни врски уреди