Панама (шпански: Panamá) или официјално Република Панама (шпански: República de Panamá) е држава во копнена Средна Америка. Панама се наоѓа на т.н. Панамски Провлак, копно кое ја поврзува Северна Америка преку Средна Америка со Јужна Америка. На северозапад од Панама се наоѓа Костарика, на југоисток се наоѓа Колумбија, на север се наоѓа Карипското Море, додека на југ се наоѓа Тихиот Океан. Главен град на Панама е градот Панама, додека службен јазик е шпанскиот јазик.

Република Панама
República de Panamá  (шпански)
Знаме Грб
ГеслоPro Mundi Beneficio  (латински)
„За придобивката на светот“
ХимнаХимна на Панама

Местоположба на Панама
Главен градПанама
8°58′N 79°32′W / 8.967° СГШ; 79.533° ЗГД / 8.967; -79.533
Најголем град главниот град
Службен јазик шпански јазик
Народности  58,1% Местици
14% Мулати
6,7% староседелци
8,6% Европејци
5,5% Азијци
7,1% останати (2000)
Демоним Панамец
Уредување уставна демократија
 •  Претседател Рикардо Мартинели
 •  Заменик претседател Хуан Карлос Варела
Независност
 •  од Шпанија 28 ноември 1821 
 •  од Колумбија 3 ноември 1903 
Површина
 •  Вкупна 75,517 км2 (118-та)
 •  Вода (%) 2.9
Население
 •  Попис мај 2010 3,405,813 
 •  Густина 44.5 жит/км2 (156-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2009 г.
 •  Вкупен $38.604 милијарди[1] (93-та)
 •  По жител $11,788[1] (69-та)
БДП (номинален) проценка за 2009 г.
 •  Вкупно $24.711 милијарди[1] (89-та)
 •  По жител $7,133[1] (65-та)
Џиниев коеф. (2017)positive decrease 49.9[2]
висок
ИЧР (2013) 0.765[3]
висок · 65та
Валута Балбоа (PAB, USD)
Часовен појас (UTC-5)
Се вози на десно
НДД .pa
Повик. бр. +507

Од европските истражувачи, Панама е посетена за првпат во 16 век кога станала дел од Шпанското Кралство. Во 1821 година, Панама се отцепила од Шпанското Кралство и се приклучила во една држава со Нова Гранада, Еквадор и Венецуела која се нарекувала Гран Колумбија. Со распадот на Гран Колумбија во 1830, Панама останала дел од Колумбија. Сепак, со помош на САД, во 1903 година Панама станала независна држава. Значаен момент во историјата на Панама е изградбата на Панамскиот Канал, кој бил изграден со помош на САД во периодот од 1904 и 1914 година. Со договорот, Панама ја презела целата контрола врз каналот кон крајот на XX век.[4]

Панамскиот Канал, денес, е значаен сегмент во панамската економија и истиот има најголем удел во БДП на државата. Панама е трета или четврта најголема економија во Средна Америка[5] и е најбрзорастечка економија во регионот.[6][7] Според Индексот на човеков развој, Панама во 2010 година била рангирана како четврта земја во Латинска Америка и 54 земја во светот.[8] Панама е дом на најголемата прашума во западната полутопка, со исклучок на Амазон, и таа е дом на голем број тропски растенија, животни и птици, каде некои се и ендемски.[9]

Потекло на поимот уреди

Името на Панама е добиено од името на градот Панама. Името на градот почнало да се користи за целиот регион на Панамскиот Провлак за време на Вицекралството Перу и Нова Гранада. Ова име кое се користело на регионално ниво станало официјален назив за Панама со Актот за отцепување на Панама од Колумбија. Зборот „Панама“ е најверојатно од староседелско потекло, најверојатно од јазикот на народот Куева.[10] За значењето на зборот се дале многу предлози, но општоприфатено толкување е „изобилство од риба и пеперутки“.[11] Некои историчари тврдат дека името се однесува за локален вид дрво наречено панама (Sterculia apetala), кое е доста често во регионот.

Историја уреди

Географија и клима уреди

 
Карта на Панама.

Панама е држава која се наоѓа на копнениот дел од Средна Америка. На север државата излегува на Карипското Море, на југ излегува на Тихиот Океан, на запад се граничи со Костарика, а на исток се граничи со јужноамериканската држава Колумбија. Местоположбата на Панама е многу добра поради излезот на двете мориња и географската близина со двата континента, Средна Америка и Јужна Америка, кои Панама ги поврзува. Вкупната површина на Панама е 75.517 квадратни километри, државата има население од 3.405.813 жители (2010), а главен град е Панама.

Главна географска одлика која е од големо економско значење за државата е Панамскиот Канал, кој од 2000 година Панама има целосна контрола над него. Каналот ги поврзува Атлантскиот Океан со Тихиот Океан. Сепак, доминантна географска одлика се централните планини и врвови. Голем дел од планините не се продолжен венец од северноамериканските планини, а само мал дел од истите се продолжеток на јужноамериканките Анди. Планините се од вулканско потекло. Највисока точка во државата е Волкан Бару кој е висок 3,475 метри надморска височина. Панама е дом на разновиден животински и растителен свет и во неа може да се најдат и северноамериканска и јужноамериканска флора и фауна. Панама има тропска клима. Температурите се високи и има мала разлика меѓу сезоните.

Политички систем уреди

 
Претседателот на Панама, Рикардо Мартинели.

Панама е претседателска парламентарна демократска република, каде претседателот е на чело на државата, владата и политичкиот систем. Извршаната власт во државата е во рацете на владата, додека законодавната власт е под ингеренции и на владата и на Националното собрание на Панама. Судската власт во државата е независна.

Националните избори во државата се задолжителни за лица со над 18 години. Изборите за законодавната и извршната власт се одвиваат на секои пет години. Членовите на судската власт се назначени од шефот на државата. Националното собрание на Панама е составено од пратеници кои се избираат на избори, каде има фиксни изборни единици и има присуство и на помали политички партии. Најскорешни избори во Панама се претседателските избори кои се одржале на 3 мај 2009 година и на тие избори Рикардо Мартинели бил избран за претседател на Панама.

Стопанство уреди

Според податоците на CIA, Панама има невработеност од 7%. Според Индексот на човековиот развој, Панама се наоѓа на 60 место (2008). Во последните години, Панама доживува економски бум со пораст на БДП, кој бил проценет на 10,4% во периодот 2006–2008. Економијата на Панама е една од најбрзо растечните економии во Латинска Америка. Латинскиот бизнис хроника предвидува дека Панама до 2014 година ќе биде најбрзорастечка економија во Латинска Америка и ќе биде на исто рамниште со Бразил.[12]

Административна поделба уреди

Панама е поделена на 9 покраини (provincias) и три истостепени домородни области или „комарки“ (comarcas indígenas, често само comarcas). Постојат уште две комарки во сотав на покраините што се сметаат за рамносилни на општини (corregimientos).[13]

Покраини уреди

 
Карта на покраините и областите во Панама
Покраина Админ. центар Знаме
Бокас дел Торо Бокас дел Торо  
Верагвас Сантјаго де Верагвас  
Дариен Ла Палма
Ерера Читре  
Кокле Пенономе  
Колон Колон  
Лос Сантос Лас Таблас  
Панама Панама  
Чирики Давид  

Области уреди

Област Админ. центар Знаме
Ембера-Воунан Унион Чоко -
Куна Јала Ел Порвенир  
Нѓобе-Бугле Љано Тугри  

Потпокраини уреди

Област Покраина
Куна де Варганди Санта Марија ла Антигва дел Дариен
Куна де Мадуганди Панама

Демографија уреди

 
Црква во Кристобал.
 
Кунска жена како плете.
Религија

Власта во Панама кога прави попис не води статистика за верската определеност на граѓаните. Сепак, различни веродостојни извори тврдат дека околу 75 до 85% од населението се следбеници на Римокатоличката црква и околу 15 до 25% од населението се следбеници на Евангелистичката црква. Бахајската заедница е проценета на 2% или околу 60.000 жители[14] со вклучено 10% гвајмиско население.[15] Мормонското движење тврди дека има 40.000 следбеници во Панама[16] Покрај овие, во Панама има и мали верски заедници како што се Адвентистите, Јеховините Сведоци, англиканци, Евреи и Муслимани, кои имаат по околу 10.000 следбеници.

Население

Панама, според пописот од 2010, има население од 3.405.813 жители.[17] Според податоците на CIA, 70% од населението се местици, местици од карипскиот регион 14%, староседелци 6% и белци 10%. Строседелското население на Панама вклучува седум народи: Ембера, Воунан, Нгобе Бугле (Гвајми), Куна, Насо и Брибри. Повеќе од половина од населението живее во главниот град.[18] По бројот на населението, Панама е најмала држава од сите држави каде се зборува шпански јазик.

Образование

Во 2000 година, било проценето дека 91.9% од населението на Панама е писмено.[19] Образованието во Панама е задолжително за дека од 6 до 15 години. Во последните години запишувањето на училиште, особено на високото образование, се зголемило. Во минатото во Панама образованието било овозможено од свештениците, а од 1903 година, државата вовела државна просвета и институции.

Култура уреди

Културата на Панама е под силно влијание на европската. Шпанските колонизатори во Панама донеле европска музика, уметност и културни вредности. Така, европската култура полека се измешала со староседелската култура и културата на имигрантите и тоа произвело хибридна богата културна традиција. Така на пример, шпанскиот танц „тамборито“ е збогатен со староседелски ритми, теми и движења.[20] Локалниот фолклор може добро да се воочи преку разните фестивали, танци и паради кои се пренесувале од колено на колено.

Панама како тема во уметноста и во популарната култура уреди

  • „Панама“ (Panama) - песна на американската рок-група „Ван Хејлен“ (Van Halen) од 1984 година.[21]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Panama“. International Monetary Fund. Посетено на 2010-04-21.
  2. „Gini Index“. World Bank. Посетено на June 16, 2019.
  3. „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
  4. „CIA - The World Factbook“. Cia.gov. Архивирано од изворникот на 2019-01-03. Посетено на 2010-12-23.
  5. „CIA – The World Factbook – Field Listing – GDP (official exchange rate)“. CIA. Архивирано од изворникот на 2018-12-27. Посетено на 2010-01-12. And: „CIA – The World Factbook – Country Comparison – National product“. CIA. Архивирано од изворникот на 2011-06-04. Посетено на 2010-01-12. See also: IMF.org
  6. „Annual % Growth – Final Consumption Expenditure, Etc. statistics – countries compared“. NationMaster. Архивирано од изворникот на 2013-11-05. Посетено на 2010-06-26.
  7. „Final Consumption Expenditure, Etc. constant 2000 us$ (per capita) (most recent) by country“. Nationmaster.com. Посетено на 2010-06-26.
  8. UNDP Human Development Report 2010. „Table 1: Human development index 2010 and its components“ (PDF). UNDP. Посетено на 6 ноември 2010. pp. 144
  9. „Country profile: Panama“. BBC News. 30 јуни 2010.
  10. „Página 7“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-10-26. Посетено на 2011-03-16.
  11. „Visitpanama.com“. Архивирано од изворникот на 2011-10-07. Посетено на 2011-03-16.
  12. Merit Designs (October 7, 2009). „Latin Business Chronicle“. Latin Business Chronicle. Архивирано од изворникот на 2010-07-17. Посетено на June 26, 2010.
  13. Во 2010 г. е предложено двете комарки да се претворат во десетта покраина 10, но ова сè уште не е спроведено.
  14. „Panama“. WCC > Member churches > Regions > Latin America > Panama. World Council of Churches. January 1, 2006. Архивирано од изворникот на 2008-07-08. Посетено на July 1, 2008.
  15. International Community, Bahá'í (October–December 1994). „In Panama, some Guaymis blaze a new path“. One Country. 1994 (October–December).
  16. Panama Архивирано на 21 февруари 2008 г.. LDS Newsroom. Retrieved December 13, 2008
  17. INEC. National Census 2010 Архивирано на 13 септември 2017 г.. censos2010.gob.pa
  18. „Corredor Transístmico Panamá -Colón“. Посетено на August 5, 2010.
  19. Central Intelligence Agency Архивирано на 13 јуни 2007 г.. Cia.gov. Посетено на November 27, 2011.
  20. „The online almanac of Panama culture with travel links“. Panama Culture. Посетено на December 23, 2010.
  21. YouTube, Van Halen 1984 (пристапено на 26.10.2017)

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди