Палмерова Земја

област на Антарктикот

Палмерова Земја (англиски: Palmer Land) — делот од Антарктичкиот Полуостров јужно од линијата која ги поврзува ’ртовите Џереми и Агасиз.

Антарктичкиот Полуостров with Палмеровата Земја под неа и јужно од Греамовата Земја

Граници уреди

На крајниот југ, Антарктичкиот Полуостров се протега на запад, при што Палмеровата Земја на крајот се граничи со Елсвортовата Земја долж меридијанот 80° ЗГД. Палмеровата Земја на југ се граничи со замрзнатиот Краслонов Ракав, изданок на Филхнер-Ронеовиот Леден Гребен кој ја преминува линијата 80° ЗГД. Ова е подножјето на ридот Кетус.

Земјата е наречена по американскиот фоколовец Натаниел Палмер кој го истражувал Антарктичкиот Полуостров јужно од островот Дисепшен на пловилото „Херој“ во ноември 1820 г.[1]

Земјишни облици уреди

Планински венци и изолирани врвови уреди

  • врв Бризмајстер
  • венец Кери
  • Колумбиски Планини
  • Данини Планини
  • Енгелови Врвови
  • пл. Питерсон
  • пл. Питман
  • пл. Постер
  • пл. Садерн
  • пл. Стронг
  • пл. Саливан
  • планини Пегасус
  • ридови Мандолин
  • врв О’Саливан
  • врв Ренер
  • Вејтови Врвови

Нунатаци уреди

  • карпа Алдебаран — особено истакнат нунатак со силна црвена боја, сместен близу челото на Бертрамовиот Ледник и 8 км североисточно од планинскиот венец Пегасус во западниот дел на Палмеровата Земја. Наречен е по Алдебаран, најсјајната ѕвезда од соѕвездието Бик.

Други уреди

  • ’рт Римил
  • карпа Носорог
  • Скотово Средногорје

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Howgego, Raymond (2004). Encyclopedia of Exploration (Part 2: 1800 to 1850). Potts Point, NSW, Australia: Hordern House. Архивирано од изворникот на 2020-02-17. Посетено на 2022-09-17.

Координати: 71°30′S 065°00′W / 71.500° ЈГШ; 65.000° ЗГД / -71.500; -65.000