Пакошево

село во Општина Зелениково

Пакошево — село во Општина Зелениково, во околината на градот Скопје.

Пакошево

Поглед кон селото Пакошево

Пакошево во рамките на Македонија
Пакошево
Местоположба на Пакошево во Македонија
Пакошево на карта

Карта

Координати 41°52′23″N 21°37′5″E / 41.87306° СГШ; 21.61806° ИГД / 41.87306; 21.61806
Регион Скопска Блатија
Општина Зелениково
Население 243 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 25105
Надм. вис. 220 м
Пакошево на општинската карта

Атарот на Пакошево во рамките на општината
Пакошево на Ризницата
Поглед на Пакошево од мостот на реката Вардар

Географија и местоположба уреди

Селото Пакошево, се наоѓа во најјугоисточниот дел на Скопската Котлина веднаш на левиот брег на реката Вардар на влезот од Таорската клисура, на само два километри од општинскиот центар Зелениково, на еден километар од железничката станица Зелениково и 22 километри од Скопје. Пакошево е расположено на 319 метри надморска височина[2].

Историја уреди

Потеклото на името најверојатно доаѓа и асоцира од македонскиот (словенскиот) збор пакост (нешто лошо, злонамерно), но тоа сѐ уште не е јасно проучено. Македонскиот истражувач Апостол Поп Јовановски во својата книга „Македонски народни легенди“ ја забележал следната народна легенда за потеклото на името на селото Пакошево: во дамнешни времиња ќерката на Цар Самуил одела за Скопје и минувајќи низ овој предел и се скршило тркалото на кочијата. Чекајќи долго време да дојдат мајстори-колари да извршат поправка, поради пакоста што и се случила таа местото го нарекла пакосно, пакошево место[3].

Пакошевската Карпа или Градиште на која денес стои крст е тесно карпесто возвишение кое е е подесено за одбрана, ана неговиот врв се наоѓаат камења, песок и вар од некогашните ѕидови, меѓу народот постои верување дека на просторот помеѓу таа месност и месноста Заградиште постоел манастирот Свети Ѓорѓија, чии ѕидини се познавале до пред еден век.

Во XIX век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза во Отоманското Царство.

Во првата половина на XIX век кај месноста Велкова Чешма постоела војничка кула изградена од Хамзи Паша од Скопје. Пакошево било чифчиско село на повеќе бегови, а на почетокот на XX век тоа било и раселено од неговите бегови[4].

Стопанство уреди

Основата на економијата во селото Пакошево е земјоделството и сточарството. Од земјоделието најмногу се одгледува пченица како и домат, зелен и црвен пипер од раноградинарските култури и помал дел на индустриско-фуражни култури. Како и во соседните села Зелениково и Таор, така и во Пакошево се одгледуваат кози, а отворена и млекарница и кланица за производство на козјо млеко, сирење и месо.

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948208—    
1953196−5.8%
1961224+14.3%
1971235+4.9%
1981253+7.7%
ГодинаНас.±%
1991231−8.7%
1994222−3.9%
2002247+11.3%
2021243−1.6%

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото е заведено под името Јакшевo и било христијанско, каде имало 24 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 93 мажи христијани, со 5 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 196 жители.[5]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Пакошево живееле 90 жители, сите Македонци.[6] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Пакошево имало 32 Македонци, патријаршисти.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 100 Македонци.[8]

Според пописот од 2002 години селото Пакошево има 247 жители од кои 210 Македонци, 27 Роми и 10 Срби.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 243 жители, од кои 210 Македонци, 14 Роми, 3 Срби, 2 останати и 14 лица без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 90 32 208 196 224 235 253 231 222 247 243
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Родови уреди

Пакошево е македонско село. како и со српско и ромско население

Според истражувањата од 1951 година, родови во Пакошево се:

  • Староседелци: Димишковци (3 к.) и Анчевци (2 к.);
  • Доселеници: Станковци (4 к.) и Милошевци (2 к.) доселени се околу 1911 од селото Носал кај Гнилане (Косово); Арсовци или Симоновци (3 к.)доселени се кога и претходниот род од селото Клокот кај Гнилане (Косово); Спасевци (2 к.) доселени се кога и претходните родови од селото Пожерање кај Гнилане (Косово); Чапањаковци (2 к.) доселени се кога и претходните родови од селото Кукце кај Гнилане (Косово); Максимовци (4 к.), Чакини (1 к.) и Жабојци (1 к.) време на доселување како кај претходните родови, доселени се од Радивојца кај Гнилане (Косово); Цветковци (1 к.)доселени се кога и претходните родови, доселени се од селото Врбовце кај Гнилане (Косово); Станисавлевиќи (1 к.) доселени се во 1913 година од околината на Ужице, Србија; Стојан Влав (1 к.) доселен е од некое село кај Тимок, Србија.[4]

Општествени установи уреди

Цркви уреди

Самоуправа и политика уреди

Културни и природни знаменитости уреди

Редовни настани уреди

Личности уреди

Култура и спорт уреди

Иселеништво уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Панов Митко. „Енциклопедија на селата во Република Македонија“. Патрија, Скопје, 1998. стр.227
  3. Поп-Јовановски Апостол. „Македонски народни легенди“. НИО „Студентски збор“, Скопје, 1986 г. стр.78
  4. 4,0 4,1 Трифуноски Јован. „Сеоска насеља Скопске котлине - развитак села, порекло становништво и привредне одлике“. Петти дел. Скопје, 1964 г.
  5. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
  6. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 207.
  7. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 116-117.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  10. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  11. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  12. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  13. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  14. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.

Надворешни врски уреди