Пад на комунизмот во Албанија

Падот на комунизмот во Албанија — последен таков настан во Европа надвор од СССР, кој започнал во декември 1990 година со студентски демонстрации во главниот град Тирана, иако протестите започнале во почетокот на истата година во други градови[1]. Централниот комитет на Комунистичката партија на трудот на Албанија дозволила политички плурализам на 11 декември и најголемата опозициска партија, Демократската партија, била формирана следниот ден[2]. Изборите во март 1991 година довеле до победа на комунистите, но општиот штрајк довел до формирање на „влада за стабилност“ која вклучувала не-комунисти. Поранешните комунисти на Албанија биле поразени на изборите во март 1992 година, во услови на економски колапс и социјални немири, додека Демократската партија освоила најголем број места и нејзиниот шеф на партијата, Сали Бериша, станал претседател.

Пад на комунизмот во Албанија
МестоАлбанија,
Датум11 декември 1990 (1990-12-11)
Сали Бериша

Позадина уреди

Енвер Хоџа, кој владееl со Социјалистичка Народна Република Албанија четири децении, починал на 11 април 1985 година. Рамиз Алија го наследи Хоџа и постепено вовел економски реформи и отворил дипломатски врски со западноевропските земји[3].

За време на Револуциите од 1989 година, многу Албанци останале несвесни за настаните поради недостатокот на информации во изолираната држава. Некои Албанци дури не знаеле дека Берлинскиот ѕид паднал во ноември 1989 година[4].

Во јануари 1990 година, започнале првите револуции во Скадар, каде што неколку стотици луѓе сакале да ја уништат статуата на Јосиф Сталин, и оттаму се прошириле во неколку други градови. На крајот, постојниот режим вовел одредена либерализација, вклучувајќи ги и мерките во 1990 година, кои обезбедиле слобода за патување во странство. Почнале напори за подобрување на врските со надворешниот свет.

Михаил Горбачов во 1985 година во Советскиот Сојуз усвоил нови политики на гласност и перестројка. По Николае Чаушеску, комунистичкиот водач на Романија, кој бил убиен за време на Романската револуција во 1989 година, Алија знаел дека тој би можел да биде следниот ако не се направи радикални промени. Потоа го потпишал Хелсиншкиот договор, според кој бил принуден да се прилагоди на стандардите за човековите права во Западна Европа. Алија, исто така, организирал средба со водечките интелектуалци од тоа време за начините за реформа на албанскиот политички систем. Под Алија, првите плуралистички избори се одржале откако комунистите ја презеле власта во Албанија во 1944 година. Партијата на Алија победила на изборите на 31 март 1991 година[5].

Сепак, станало јасно дека транзицијата кон капитализмот нема да се прекине. Сали Бериша, кој тогаш бил член на Партијата на трудот, бил заблежан на плоштадот Скендербег со владино возило, и подоцна им се обратил на демонстрантите во нивна поддршка[6][7]. Во меѓувреме, студентските демонстрации биле уништени од државната полиција во Тирана. Рамиз Алија ја поканил делегацијата на студентите од Универзитетот во Тирана да разговараат и да дојдат до компромис.

Комунистите успеале да ја задржат контролата врз владата во првиот круг на избори, но паднале два месеци подоцна за време на генералниот штрајк. Комитетот за национален спас ја презел власта, но, исто така, се распаднал во рок од шест месеци[8]. Алија поднел оставка како претседател и бил наследен од Бериша, првиот демократски избран водач на Албанија од епископот Фан Ноли.

Постсоцијалистичка влада уреди

Промената од социјализам во капитализам очигледно имало многу предизвици. Демократската партија морала да ги спроведе реформите што ги ветила, но тие биле или премногу бавни или не ги решиле проблемите на нацијата, па луѓето биле разочарани кога нивните надежи за брз просперитет останале неисполнети. Многу Албанци, исто така, биле фрустрирани од растечкиот авторитаризам на Сали Бериша, вклучувајќи притисок врз опозицијата, медиумите и граѓанското општество[9]. На општите избори во јуни 1996 година, Демократската партија се обидела да освои апсолутно мнозинство и манипулирала со резултатите[10].

Владата паднала во 1997 година по пропаѓањето на голем број големи „пирамидални шеми“ и раширената корупција, што предизвикало бунт низ целата земја[11]. Владата се обидела да го потисне револтот со сила, но обидот не успеал, поради нискиот морал и корупцијата во вооружените сили[2]. Со помош на меѓународно посредство предводено од специјалниот претставник на ОБСЕ, Франц Враницки, владејачките и опозициските партии се согласиле да формираат влада за помирување и да одржат нови избори.

Изборите во јуни 1997 година ја довеле на власт опозициската Социјалистичка партија на Албанија (поранешна комунистичка партија), а владеела со разни премиери до 2005 година. Демократската партија победила на Парламентарните избори во 2005 и 2009 година, а Албанија повторно била управувана од Сали Бериша, овој пат како премиер. Социјалистичката партија победила на изборите во 2013 година и била раководена од нејзиниот партиски водач и премиер Еди Рама.

Според уставот, одобрен со референдум на 22 ноември 1998 година, прогласен на 28 ноември 1998 година и изменет во јануари 2007 година, Албанија има демократски систем на власт со поделба на власта и заштита на основните човекови права[12].

Од крајот на комунизмот, земјата станала повеќе усогласена кон Западот, отколку со Русија или Кина. Албанија се приклучила на НАТО во 2009 година и има за цел да влезе во Европската Унија во иднина.

Наводи уреди

  1. Mysteries of December 1990 (Misteret e Dhjetoret) Архивирано на 11 февруари 2011 г., TV Klan.
  2. 2,0 2,1 Abrahams, Fred C. (2015). Modern Albania: From Dictatorship to Democracy. New York: NYU Press. стр. 169–221. ISBN 0814705111.
  3. Lami, Remzi. „Albania: nine years after“. AIM Tirana. Архивирано од изворникот на August 3, 2003. Посетено на 21 November 2010.
  4. Albania and the European Union: the tumultuous journey towards integration. стр. 21. Посетено на 2011-06-27.
  5. „Project MUSE - Journal of Democracy“. muse.jhu.edu. Посетено на 21 March 2018.
  6. Lenci lorenc (17 July 2009). „Sali Berisha cun i ri“. Посетено на 21 March 2018 – преку YouTube.
  7. OLTIONPENGU (25 June 2009). „I Panjohuri“. Посетено на 21 March 2018 – преку YouTube.
  8. „Project MUSE - Journal of Democracy“. muse.jhu.edu. Посетено на 21 March 2018.
  9. Human Rights Watch, Human Rights in Post-communist Albania, March 1, 1996.
  10. Organization for Security and Cooperation in Europe, Parliamentary Elections 26 May and 2 June: Observations, July 2, 1996.
  11. Vaughan-Whitehead, Daniel (1999). Albania in Crisis: The Predictable Fall of the Shining Star. Edward Elgar Pub. ISBN 1840640707.
  12. Constitution of the Republic of Albania.

Надворешни врски уреди