Паго Паго

главен град на Американска Самоа

Паго Паго (самоански: Pago Pago, [ˈpaŋo ˈpaŋo]) — главен град на Американска Самоа, со население од 11.500 жители (2000). Главни стопански гранки се туризмот, угостителството и конзервирањето на туна. Поврзан е со другите земји со Меѓународниот аеродром Паго Паго.

Паго Паго
Pago Pago
Поглед на дел од пристаништето на Паго Паго
Поглед на дел од пристаништето на Паго Паго
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 522: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Американска Самоа" does not exist
Координати: 14°16′46″S 170°42′02″W / 14.27944° ЈГШ; 170.70056° ЗГД / -14.27944; -170.70056
ЗемјаСАД
ТериторијаАмериканска Самоа
Надм. вис.&100000000000000090000009 м
Население (2000)
 • Вкупно11.500
Мреж. местоpagopago.com
Вишиот суд на Американска Самоа

Историја уреди

Од 1878 до 1951 г., на местото на Паго Паго се наоѓала тогашната военоморнаричка станица „Тутуила“ која служела за дотур на гориво и поправка на бродовите на американската воена морнарица.

Во јануари 1942 г. пристаништето било нападнато од јапонска подморница.

На 29 септември 2009 г. се случил земјотрес кај Самоа и Американска Самоа, кој предизвикал цунами што го погодил Паго Паго и околните места. Бранот причинил умерени до посериозни штети на селата, објектите и возилата и непознат број на човечки жртви.

Географија уреди

Местото се наоѓа на островот Тутуила и впрочем претставува агломерација од поголем број на села долж источниот дел од брегот. Во Фагатого е сместено законодавството и судот, а Утулеи е седиште на извршната власт.[1]

Клима уреди

Паго Паго има клима од типот на тропска дождовна шума (Кепен: Af).

Образование уреди

Во градот има една јавна библиотека, која го носи името „Фелети Барстоу“.

Занимливости уреди

На периферијата на Паго Паго е сместен ресторан и ноќевалиште „Сади Томпсон“, прогласено за историско место на САД.

Наводи уреди

Надворешни врски уреди


Координати: 14°16′46″S 170°42′02″W / 14.27944° ЈГШ; 170.70056° ЗГД / -14.27944; -170.70056

Предлошка:Главни градови на САД