Павле Игновски - Секула (2 ноември 1921 во Крајници (село), Велешко18 декември 2002 во Скопје, Македонија) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија, учесник во работничкото и комунистичкото движење и во НОБ, носител на Партизанска споменица 1941.[1]

Павле Игновски
Роден 2 ноември 1921
Крајници, Велешко, Кралство Југославија
Починал 18 декември 2002
Скопје, Македонија
Националност Македонец
Занимање партизан

Животопис уреди

Во 1941 година активно се вклучил во Велес во разни илегални активности, особено во активностите за собирање и пренесување оружје, муниција и експлозивни материјали.[2] Од 21 април 1942 година бил борец на Велешкиот народноослободителен партизански одред „Пере Тошев“, а од средината на мај до реорганизацијата на одредот на 22 септември 1942 година, бил негов командант. Потоа бил борец во Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов”, Тиквешкиот народно-ослободителен партизански одред „Добри Даскалов“ , на баталјонот „Страшо Пинџур” и на Вториот баталјон на Третата Оперативна Зона, а во 1944 година и борец на Втората, Петтата, Осмата и Деветтата македонска ударна бригада, каде што заземал функции од командир на чета до командант на бригада.[3] По војната бил пратеник во Собранието на СРМ во повеќе мандати.[2]

Наводи уреди

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Игновски“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 592. Text "series " ignored (help)
  2. 2,0 2,1 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 195. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)
  3. „Весник Офицер, бр. 6, 2001, стр. 7“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-11-29. Посетено на 2020-08-05.