Павлешенци

село во Општина Свети Николе, Македонија

Павлешенци — село во областа Овче Поле, во Општина Свети Николе, во близина на градот Свети Николе.

Павлешенци

Поглед кон селото

Павлешенци во рамките на Македонија
Павлешенци
Местоположба на Павлешенци во Македонија
Павлешенци на карта

Карта

Координати 41°59′58″N 21°54′03″E / 41.99944° СГШ; 21.90083° ИГД / 41.99944; 21.90083
Регион  Вардарски
Општина  Свети Николе
Област Овче Поле
Население 26 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2220
Повик. бр. 032
Шифра на КО 24027
Надм. вис. 400 м
Слава Света Троица
Павлешенци на општинската карта

Атарот на Павлешенци во рамките на општината
Павлешенци на Ризницата

Потекло и значење на името уреди

Името на селото можеби наведува на павлиќани, односно луѓе христијански еретици, но за што нема подетални објаснувања.[2]

Географија и местоположба уреди

 
Куќи во селото

Ова село се наоѓа во областа Овче Поле, во крајниот северен дел на територијата на Општина Свети Николе, чиј атар нашироко се допира со подрачјето на Општина Куманово.[3] Селото е ридско, на надморска височина од 400 метри. Од градот Свети Николе е оддалечено 17 километри.[3]

Во минатото важело за едно од поголемите села во северниот дел на Овче Поле. Околни села се Стањевци на југ, Долно Ѓуѓанци на југоисток, Градиште на север и други. Во селото постојат две чешми (Стара и Долна) и неколку бунари. Источно од селото, покрај регионалниот пат Свети Николе-Куманово се наоѓа чешмата Усеиница.[2] Сместено е во подножјето на Градишки Рид.

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Кукле, Велетин, Талпан, Гравиште, Грбавица, Врх, Стара Корија, Арбанашко, Коњарник, Стари Лозја, Добрава, Кашанско Поле, Горни и Долни Чуки, Кампур, Длаги Рид, Вртелиште, Бисереќ Рид, Големи Чукар, Попова Воденица, Севдин Кладенец, Осојница, Алексова Страна, Селиште, Црквиште и Почивало.[2]

Селото има збиен тип. Во него има седум маала, а во секое маало живее посебен род, па затоа тие се именувани по нив (Неделкоско, Милеско, Богданоско и други).[2]

Павлешенци е поврзано со асфалтен пат до регионалниот пат Свети Николе-Куманово.

Историја уреди

Месноста Селиште се наоѓа покрај денешното село на југоисток, оддалечено околу 400 метри. Таму сега се наоѓаат задружни згради и стопански објекти. Порано, на тоа место мештаните ископувале остатоци на ѕидови и наоѓале стари пари. На Селиште имало и црквиште. Од нејзе се познавала само дупка во насока исток-запад.[2]

На Селиште се наоѓаат и денешните селски гробишта, каде има околу 500 надгробни споменици, градени од еден камен.[2]

Денешното село влегува во старите села на областа. По народната традиција тоа некогаш имало само 7 македонски куќи. Тие куќи биле населени со староседелци и од нив се создале седум големи селски родови. Тоа се Неделковци, Прлевци, Милевци, Капчевци, Богдановци, Обардевци и Маџарци. Во селото само еден род е доселен, а тоа е Милисавци.[2]

Турците и Арбанасите почнале да го напаѓаат селото откако селаните се вклучувале во комитски и четнички акции против нив.[2]

Селото било подложно на терор за време на српската управа во рамки на Кралството Југославија, кога бројни селани биле претепувани, а некои од нив и до смрт.

Стопанство уреди

 
Обработливи површини во селото

Атарот зафаќа релативно голема површина на простор од 24 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 1.051 хектар, на шумите отпаѓаат 647 хектари, а на пасиштата 598 хектари.[3]

Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција. Во минатото во него работела земјоделска задруга и имало услужни објекти.[3]

До крајот на отоманската власт, во селото немало чифлици и селаните располагале со земјата.[2]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948828—    
1953831+0.4%
1961734−11.7%
1971489−33.4%
1981301−38.4%
ГодинаНас.±%
1991141−53.2%
1994122−13.5%
200277−36.9%
202126−66.2%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Павлешенци имало 584 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Павлешенци имало 760 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 700 Македонци.[6]

Од Павлешенци се иселил значителен број од неговото население и селото преминало од средно во мало село. Така, во 1961 година селото броело 734 жители, од кои 730 биле Македонци и тројца жители Срби. Во 1994 година бројот се намалил на 112 жители, македонско население.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Павлешенци живееле 77 жители, од кои 76 Македонци и 1 Србин.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 26 жители, од кои 23 Македонци и 3 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 584 768 828 831 734 489 301 141 122 77 26
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови уреди

Павлешенци е македонско село.[2]

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1957/58 година родови во селото се:

  • Староседелци: Неделковци (20 к.), Прлевци (20 к.), Милевци (15 к.), Капчевци (15 к.), Богдановци (15 к.), Обардевци (15 к.) и Маџарци (16 к.), сите потекнувале од некогашните седум куќи кои постоеле во селото. Меѓутоа некои за родот Обардевци сметаат дека се доселени од околината на Солун (Егејска Македонија).
  • Доселеници: Милисавци (4 к.), потекнуваат од дете кое дошло со неговата мајка, после премажувањето на мајката. Доселени се од околината на Врање.

Иселеништво уреди

Постари иселеници има во Џидимирци кај Велес (Павлешинчани), Стањевци (Кривановци и Тешекинци), Сопот (Арсови).[2]

Позначајно иселување стапило после 1961 година.

Општествени установи уреди

  • Поранешен дом на културата

Самоуправа и политика уреди

Во XIX век, Павлешенци било село во Кумановската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Свети Николе, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Свети Николе.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Свети Николе. Селото припаѓало на некогашната општина Орашац во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Павлешенци, во која покрај селото Павлешенци, се наоѓале и селата Габреш, Градиште, Горно Ѓуѓанци, Долно Ѓуѓанци, Кокошиње, Кутли Бег, Кучкарево, К’шање, Пезово, Стањевци и Строиманци. Селото припаѓало на некогашната Општина Долно Ѓуѓанци во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Горно Ѓуѓанци, Долно Ѓуѓанци, Кокошиње, Павлешенци, Строиманци и Стрњевец.

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 1693 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 31 гласач.[14]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 31 гласач.[15]

Културни и природни знаменитости уреди

 
Главната селска црква „Св. Никола“
Цркви[16]
Споменици

Редовни настани уреди

Слави[2]

Личности уреди

Родени во или по потекло од Павлешенци

Култура и спорт уреди

Во Павлешенци во минатото работел фудбалскиот клуб „Которец“, создаден во 1979 година. Клубот има настапувано во Општинската лига.

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 2,11 Трифуноски, Јован (1964). Овчепољска Котлина. Загреб: Југословенска академија на науките и уметностите. стр. 682–683.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 227. Посетено на 20 април 2021.
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 215.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 126-127.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 20 април 2021.
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „Предвремени избори за пратеници 2020“. Посетено на 21 април 2021.
  16. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди