Оџалија

село во Општина Карбинци

Оџалија — село во областа Јуруклак, во Општина Карбинци, сместено во околината на градот Штип.

Оџалија

Поглед кон селото

Оџалија во рамките на Македонија
Оџалија
Местоположба на Оџалија во Македонија
Оџалија на карта

Карта

Координати 41°45′16″N 22°19′44″E / 41.75444° СГШ; 22.32889° ИГД / 41.75444; 22.32889
Регион  Источен
Општина  Карбинци
Област Јуруклак
Население 72 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2207
Повик. бр. 032
Шифра на КО 30041
Надм. вис. 790 м
Оџалија на општинската карта

Атарот на Оџалија во рамките на општината
Оџалија на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Ова село се наоѓа во областа Јуруклак, во јужниот дел на територијата на Општина Карбинци, а на падините на планината Плачковица.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 610 метри. Од градот Штип е оддалечено 23 километри.[2]

Во атарот на селото се наоѓа историското село Сејдилија.

Историја уреди

Во XIX век, Оџалија било село во Штипската каза на Отоманското Царство.

Стопанство уреди

Атарот зафаќа простор од 8,7 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 301 хектар, на пасиштата отпаѓаат 204 хектари, а на обработливото земјиште 162 хектари.[2]

Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.[2]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948178—    
1953177−0.6%
196150−71.8%
197168+36.0%
198190+32.4%
ГодинаНас.±%
1991102+13.3%
1994113+10.8%
2002109−3.5%
202172−33.9%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 60 жители, сите Турци.[3] Според Димитар Гаџанов, во 1916 година во селото живееле 116 жители, сите Турци.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Турци.[5]

Селото е мало, населено со турско население. Така, во 1961 година броело 50, а во 1994 година 113 жители.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Оџалија живееле 109 жители, од кои 101 Турчин и 8 останати.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 72 жители, од кои 62 Турци и 10 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 60 178 177 50 68 90 102 113 109 72
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]


Општествени установи уреди

 
Подрачното основно училиште

Самоуправа и политика уреди

Селото влегува во рамките на Општина Карбинци, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Карбинци.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Штип. Селото припаѓало на некогашната општина Штип во периодот од 1957 до 1965 година. Во периодот од 1955 до 1957 година селото се наоѓало во рамките на тогашната општина Радање.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Радање, во која покрај селото Оџалија, се наоѓале и селата Вртешка, Голем Габер, Ебеплија, Јунузлија, Калапетровци, Калаузлија, Кепекчелија, Кошево, Курфалија, Кучилат, Кучица, Мал Габер, Мичак, Муратлија, Никоман, Почивало, Прналија, Радање и Шашаварлија. Селото припаѓало на Општина Радање во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Голем Габер, Јунузлија, Калаузлија, Кепекчелија, Кучилат, Курфалија, Мал Габер, Оџалија, Радање и Таринци.

Избирачко место уреди

Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 2330 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште. Во избирачкото место се опфатени селата Курфалија и Оџалија.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 127 гласачи.[13]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 121 гласач.[14]

Културни и природни знаменитости уреди

Џамии

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 226. Посетено на 7 февруари 2021.
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 231.
  4. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 240.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 13 февруари 2021.
  7. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 13 февруари 2021.
  13. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. „Предвремени избори за пратеници 2020“. Посетено на 25 јануари 2021.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди