Островските игри (англ. Island Games) се меѓународен повеќеспортски натпревар во организација на Меѓународна федерација за Островски игри (IGA).

Историја уреди

Островските игри започнале во 1985 под името „Меѓуостровски игри“ (Inter-Island Games) како дел од Меѓународната спортска година на островот Ман, предвидени само како еднократен спортски настан. Првиот директор на игрите, Џефри Корлет, не се ограничил на островите околу Британија, туку ги повикал на учество и Исланд, Малта, Фарски Острови, Гренланд, Света Елена и Каналските Острови и други. На првите игри учествувале петнаесет острови со 600 натпреварувачи во седум спортови, на вкупен организациски трошок од 70.000 фунти. Натпреварите во атлетски дисциплини се одржале на патека од трева со осум ленти - огромна разлика од денешните игри, што се одржуваат на синтетичка патека во стадион со капацитет за 10.000 гледачи. Првите игри доживеале таков успех, што било одлучено да се одржуваат секои две години.

Домаќини уреди

 
Веслање: данска поштенска марка во чест на Островските игри во 1989
 
Фудбал на фарска поштенска марка
Година Игри Остров-домаќин Земја
1985 I   Ман   британски крунски посед
1987 II   Гернзи   британски крунски посед
1989 III   Фарски Острови   дански автономен регион
1991 IV   Оланд   финска автономна покраина
1993 V   Вајт   англиска грофовија
1995 VI   Гибралтар   британска прекуморска територија
1997 VII   Џерси   британски крунски посед
1999 VIII   Готланд   шведски округ
2001 IX   Ман   британски крунски посед
2003 X   Гернзи   британски крунски посед
2005 XI   Шетландски Острови   шкотска грофовија
2007 XII   Родос   грчки остров
2009 XIII   Оланд   финска автономна покраина
2011 XIV   Остров Вајт   англиска грофовија
2013 XV   Бермуда   британска прекуморска територија
2015 XVI   Џерси   британски крунски посед

Спортови уреди

Домаќинот одбира 12-14 спортови за игрите од следниов список:

Освоени медали уреди

Еве список на острови со вкупниот број на освоени медали. Кога земјите имаат еднаков број на златни медали, пласманот се определува по бројот на освоени сребрени медали, а потоа и бронзени.

Освоени медали
Место Земја       Вкупно
1   Џерси 418 408 387 1203
2   Ман 343 333 353 1029
3   Гернзи 335 349 363 1047
4   Готланд 208 173 170 551
5   Фарски Острови 162 155 183 500
6   Оланд 153 160 134 447
7   Остров Вајт 150 138 182 470
8   Кајмански Острови 65 44 49 158
9   Сарема 60 72 71 203
10   Бермуда 56 54 64 174
11   Исланд 50 45 41 136
12   Родос 50 43 43 136
13   Гибралтар 44 48 74 166
14   Шетландски Острови 37 52 81 170
15   Менорка 28 25 33 86
16   Оркни 19 31 37 87
17   Англси 19 30 38 87
18   Гренланд 15 19 26 58
19   Остров Принц Едвард 6 6 9 21
20   Малта 6 2 2 10
21   Надворешни Хебриди 3 5 13 21
22   Сарк 2 8 6 16
23   Фолкландски Острови 1 5 11 17
24   Хитра 1 2 0 3
25   Фреја 1 1 2 4
26   Олдерни 0 2 3 5
27   Света Елена 0 0 2 2

Од 2001 наваму, натпреварувачите од острови со помалку од 10.000 жители (Олдерни, Фокланд, Фреја, Хитра, Св. Елена и Сарк) се натпреваруваат за златни, сребрени или бронзени уверенија, со тоа што среброто се доделува ако има барем 3 натпреварувачи, а бронзата ако има барем 4.

Надворешни врски уреди