Округот Острови - еден од 18-те области на Хонгконг. Тој е дел од Новите Територии. Имал население од 170.900 жители во 2018 година.

Острови
離島區
Округ
Округ Острови
Меѓународен аеродром Хонгконг
Местоположба на Острови во Хонгконг
Местоположба на Острови во Хонгконг
Регион Хонгконг
Изборни окрузи10
Управа
 • Претседател на Окружниот советЈу Хонг Кван
 • Потпретседател на Окружниот советВонг Ман Хон
Површина
 • Вкупна175,03 км2 (6,758 ми2)
Население (2018)
 • Вкупно170,900[1]
Часовен појасХонгконшко време (UTC+8)
Најголема населба по населениеТунг Чунг (86,403 – проценка од 2016 г.)[2]
Мреж. местоIslands District Council
Острови (округ)
Традиционално 離島區
Упростено 离岛区
Буквално: округ далечен остров

Хонгконг се состои од полуостров и 263 острови. Округот Острови се состои од дваесетина големи и мали острови кои лежат јужно и југозападно од Хонгконг. Познати места кои се дел од Округот Острови се Чек Лап Кок, направениот остров на кој се наоѓа Меѓународниот аеродром Хонгконг, Тунг Чунг на северот на Лантау во близина на аеродромот и Залив Откривение, голема приватна станбена област на истокот на Лантау.

Острови на Хонгконг уреди

Многу острови во Хонгконг всушност не се дел од округот. Најзначајно, Островот Хонгконг содржи четири окрузи. Терминот „Распослани Острови“ има тенденција да се однесува на Округот Острови. Североисточната точка на Лантау и Ма Ван традиционално спаѓа во Округот Цуен Ван поради нивната администрација и транспортната зависност на Цуен Ван. Островот Цинг Ји некогаш бил администриран од Округот Цуен Ван, а сега од Округот Квај Цинг. Додека Островите Сај Кунг се дел од областа Сај Кунг, а Островите Толо Канал дел од областа Тај По.

Демографија уреди

Со површина што е 16% од Хонгконг и население што е 2% од Хонгконг, Округот Острови е најголем по површина и исто така најмалку населен. Затоа е округ со далеку најмала густина на население од 783 жители на км 2. Распосланите острови се познати по посмирен начин на живот од оној на Островот Хонгконг и Полуостровот Каулун. Округот има третите најмлади жители по просек.

Збирно, Муј Во и Тај О на Лантау, Чеунг Чау, Островот Лама и Пенг Чау се понаселени од остатокот од површината на округот.

Острови на округот уреди

  • Ча Кво Чау
  • Чек Лап Кок (тука е изграден Меѓународниот аеродром Хонгконг)
  • Чеунг Чау
  • Хеј Линг Чау
    • Остров Зајдисонце (Чау кунг то)
  • Заврвен Рид (Кај Ек Кок)
  • Кау Ји Чау
    • Сиу Кау Ји Чау
  • Остров Лама
    • Лук Чау (Џорџов Остров)
  • Остров Лантау (најголемиот дел од округот)
    • Залив Откривение
    • Муи Во
    • Таи О
    • Тунг Чунг
  • Пенг Чау
    • Таи Леи
  • Острови По Тоиј
    • Ло Чау (Бофортов Остров)
    • Мат Чау
    • По Тој
    • Сунг Конг
    • Остров Ваглан
  • Шек Кву Чау
  • Острови Соко
    • Чеунг Мук Тау
    • Ма Чау
    • Сиу А Чау
    • Таи А Чау
    • Тау Ло Чау
    • Јуен Чау
    • Јуен Конг Чау

Превоз уреди

Повеќето острови во Округот Острови имаат фериботски услуги што ги поврзуваат едни со други и остатокот од територијата, заедно со Макао и околните градови во Делтата на Бисерната Река, вклучувајќи ги Гуангжу и Шенжен. Пристаништата за јавни фериботи се наоѓаат на Тај О (улица Винг Хонг, Шек Цај По), Тунг Чунг, Меѓународен аеродром Хонгконг, Чеунг Чау Ван, Муи Во (залив Силвермин), островот Лама ( Јунг Шу Ван, Сок Кву Ван ), Залив Октривение, Чи Ма Ван и Пенг Чау.

Сепак, само Островот Лантау има фиксна врска со Новите Територии и остатокот од Хонгконг. Ова е преку автопатот Северен Лантау и лантаускиот пат, дел од основната програма на аеродромот, завршен во 1998 година. Неодамна, од 2018 година, Лантау е местото на пристаништето во Хонгконг за мостот Хонгконг-Жухај-Макао.

Лантау е исто така единствениот остров во Округот Острови со добро развиена мрежа за јавен превоз на копно. Ги има единствените МТР станици во рамките на Округот; тие се Тунг Чунг на линијата Тунг Чунг и двајца на Аеродромот Експрес кој ги опслужува аеродромот и АзијаСвет Експо (Сончевиот Залив и одморалиштето Дизниленд на линијата Одморалиште Дизниленд административно лежат во областа Цуен Ван). Конечно, Лантау е единствениот остров со франшизирани такси и автобуси, последниот главно го обезбедува „New Lantao Bus“ (иако другите оператори го опслужуваат северниот брег, аеродромот, Дизниленд и населбата Залив Откривение).

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „2018年按區議會分區劃分的人口及住戶統計資料“ (PDF) (кинески). Посетено на 14 јануари 2021.
  2. District Profiles, Hong Kong Government, 8 декември 2017, Посетено на 14 јануари 2021

Надворешни врски уреди