Осојница — река во источниот дел на Македонија, лева притока на реката Брегалница. Реката се наоѓа во атарот на општина Виница и извира на височина од 1.300 м на Плачковица. Нејзината должина изнесува околу 30 км.

Осојница
Местоположба
Физички особености
УстиеБрегалница
Должина32 км
Особености на сливот

Главни притоки на Осојница се Блатешница и Липечка Река, од левата, и Сушица, Пекланица и Драгобрашка Река од десната страна. Левите притоки извираат од повисоките предели на Плачковица и се богати со вода, а десните извираат од пониските и се посиромашни со вода.

Водите на реката Осојница и нејзините притоки служат за наводнување на полињата насадени со тутун и ориз во Виничко. Од протечните води на реката се наводнуваат 210 ха плодна површина.