Основни бои (филм од 1998)

Основни бои (англиски: Primary Colors) е филм од 1998 година, во режија на Мајк Николс. Главните улоги ги играат: Џон Траволта, Ема Томпсон и Били Боб Торнтон.

Содржина уреди

Филмот ја следи приказната за политичкиот живот и изборните кампањи при што на забавен и остроумен начин ги обработува сериозните општествени и животни прашања. Гувернерот Џек Стентон (го игра Траволта) се кандидира за претседател на САД. Тој многу лесно ги освојува симпатиите на гласачите со својот опуштен став, но уште на почетокот на кампањата, тој мора да се соочи со сексуален скандал.[1]

Наводи уреди

  1. „Победнички бои“, Антена, број 874, 27.3.2015, стр, 21.