Осмиот патник (англиски: Alien, буквално: Вонземјанин) — филм од жанрот „научнофантастичен хорор“. Тој е првиот филм од франшизата, режиран од Ридли Скот, започнал да се прикажува во 1979 година, а во главните улоги настапувале: Сигурни Вивер (како поручникот Рипли), Том Скерит и Џон Херт. Филмот постигнал голем успех, донел многу новини во жанрот и станал дел од популарната култура, а добил и еден „Оскар“ за најдобри визуелни ефекти.[1]

Плакатот на македонски
Сценарист Ден О'Бенон

Второто продолжение се појавило во 1986 година, а како режисер се јавил Џејмс Камерон. Во филмот глумеле Сигурни Вивер, Мајкл Бин, Ланс Хенриксен итн. Филмот имал дури седум номинации за „Оскар“, а добил две награди: за визуелни ефекти и за звучна монтажа.[1]

Пејсли опатија „Вонземјанин“ гаргојл (ок. 1990) во Пејсли, Шкотска

Третиот „Осми патник“ се појавил во 1992 година во режија на Дејвид Финчер, познат по филмовите „Седум“ и „Боречки клуб“. Во 1997 година следувало четвртото продолжение, дело од Жан Пјер Жене, режисерот на филмовите „Амелија Пулен“ и „Продавница за деликатеси“, а во него, покрај Сигурни Вивер, глумела и Винона Рајдер.[1]

Режисер Ридли Скот
Џери Голдсмит ја компонираше музиката за „Alien“.

Во февруари 2015 година било објавено дека ќе се снима петто продолжение на серијалот, во режија на Нил Бломкамп, кој претходно ги режирал научно-фантастичните филмови „Елисеум“ и „Дистрикт 9“, а Ридли Скот ќе биде во улога на продуцент. За главната улога, повторно, била најавена Сигурни Вивер. Режисерот Бломкамп ги најавил првите скици за филмот, според кои тој ќе се потпира врз приказната од филмот „Прометеј 2“, т.е. ќе ја обработува приказната за почетоците на култните филмски чудовишта.[1]

Сигурни Вивер стана ѕвезда на филмовите „Вонземјани“, повторувајќи ја нејзината улога како Рипли во три продолженија помеѓу 1986 и 1997 година. Таа не се појави во ниту еден од кросоверите „Вонземјанин против предатор“ на 2000-тите, но изрази интерес да го направи петтиот филм „Alien“.

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Враќање на омиленото филмско чудовиште“, Утрински весник, година XVI, број 4720, четврток, 26 февруари 2015, стр. 15.