Осиче (Кривопаланечко)

село во Општина Крива Паланка

Осиче — село во областа Славиште, во Општина Крива Паланка, во околината на градот Крива Паланка.

Осиче

Поглед на маалото Каранфиловци во селото Осиче

Осиче во рамките на Македонија
Осиче
Местоположба на Осиче во Македонија
Осиче на карта

Карта

Координати 42°15′00″N 22°18′29″E / 42.25000° СГШ; 22.30806° ИГД / 42.25000; 22.30806
Регион  Североисточен
Општина  Крива Паланка
Област Славиште
Население 21 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1330
Повик. бр. 031
Шифра на КО 15039
Надм. вис. 1024 м
Осиче на општинската карта

Атарот на Осиче во рамките на општината
Осиче на Ризницата

Географија и местоположба уреди

 
Маалото Каранфиловци

Селото се наоѓа во областа Славиште, во средишниот дел на територијата на Општина Крива Паланка, северозападно од градот Крива Паланка.[2] Селото е раштркано и планинско, чии маала се наоѓаат на надморска височина од 900 до 1.200 метри. Од градот Крива Паланка е оддалечено 6 километри.[2]

Селото е многу раштркано, сместено на висорамнина. Некои од куќите се наоѓаат и во долините. Околни села се: Метежево на северозапад, Градец на југозапад и Добровница на североисток.[3]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Умиште, Гарваница, Кежев Чукар, Лозаново, Голема Њива, Коприви Рид, Стари Куќи, Горчивка, Девеџица и Леќевиште.[3]

Селото има особен разбиен тип. Се разликуваат вкупно 10 маала. Обично во маалата се сместени семејства со заедничко потекло.[3]

Селото Осиче се наоѓа на север од градот Крива Паланка. На север се граничи со селото Подржи Коњ, на североисток со селото Добровница, на исток со селото Киселица, на југ со селото Дрење, на југозапад со селото Градец и на запад со селото Габар.

Историја уреди

 
Регионалниот пат Р2245, кој поминува низ селото

Во сливот на Крива Река постојат две истоимени села, Осиче. Селото Осиче, Кумановско, нема никаква врска со ова село.[3]

Месноста Селиште се наоѓа помеѓу маалата Велиновци и Џогановци, но нема никакви старини. Не се знае ништо за настанокот на селото. Една група од селските родови се верува дека се и старинци, а има и постари и понови доселеници.[3]

До 1912 година, плодната почва во атарот на селото било во посед на кривопаланечките Турци.[3]

Во XIX век, Осиче било село во Кривопаланечка каза на Отоманското Царство.

Стопанство уреди

Атарот зафаќа простор од 13,9 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 518 хектари, на шумите отпаѓаат 313 хектари, а на пасиштата 224 хектари.[2]

Голем дел од населението, исто така, се занимава со рударство. Главно работеле во рудниците во Бор, Србија, и во Пробиштип.[3]

Селото, во основа, има полјоделска функција.[2]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948460—    
1953500+8.7%
1961459−8.2%
1971410−10.7%
1981204−50.2%
ГодинаНас.±%
199192−54.9%
199488−4.3%
200251−42.0%
202121−58.8%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Осиче имало 350 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Осиче имало 328 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

По Првата светска војна селото било дел од општина Градец и имало 410 жители.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.[7]

Поради иселување на населението, Осиче преминало од средно во мало село, населено со македонско население. Така, во 1961 година селото имало 459, а во 1994 година 88 жители.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Осиче живеел 51 жител, сите Македонци.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 21 жител, од кои 18 Македонци и 3 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 350 328 460 500 459 410 204 92 88 51 21
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови уреди

Осиче е македонско православно село. Секој род има свое посебно маало. Веројатно се старинци.[3]

Според истражувањата од 1973 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Девеџици (6 к.), Клинчарци (4 к.), Џогановци (4 к.), Великовци (7 к.) и Ченгинци (5 к.).
  • Доселеници: Баратлијци (7 к.), живеат во посебно маало, имаат истоимени роднини во некои околни села; Дубровници (5 к.) и Г. Црцорци (8 к.), овие во Осиче, и тие во Голема Црцорија се гранка од родот Баратлици во селото Добровница; Каранфиловци (5 к.), живеат во посебно маало, не се знае од каде се; Алишавци (2 к.), живеат во посебно маало, не се знае од каде се; Качарци (3 к.), живеат во посебно маало, доселени се после 1912 година од селото Подржи Коњ; Џанговци (3 к.), живеат во посебно маало, не се знае од каде се; Подржикоњци 1 (3 к.) и Подржикоњци 2 (3 к.), живеат во маалото Клинчарци, доселени се од селото Подржи Коњ. Во првиот род се доселиле браќата Анѓелко и Ѓорге, а во вториот Милан и Златан.

Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Бајчовци (3 к.), Пешинци (1 к.), Џогадурци (1 к.), Велиновци (2 к.), Котларци (1 к.), Ченгијци или Деа Величковци (3 к.), Спасичкови (5 к.), Велиновци (5 к.), Џогановци (7 к.), Ајдарци (3 к.), Заведини (5 к.), Карафиљовци (3 к.), Клинчарци (9 к.), Ѕанговци (5 к.), Деа Стоилкови (3 к.) и Деа Митови (2 к.)
  • Доселеници: Баратлијци (7 к.) доселени се во 1835 година од селото Крстов Дол; Алишијкинци (2 к.) доселени се околу 1868 година од селото Луке; Деа Николинци (1 к.) доселени се пред 1875 година од селото Добровница; Качарци или Шиндарци (3 к.) доселени се во 1923 година од селото Подржи Коњ.[14]

Општествени установи уреди

  • Поранешно основно училиште, сместено во маалото Каранфиловци

Самоуправа и политика уреди

Селото влегува во рамките на Општина Крива Паланка, која била една од малкуте општини, кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крива Паланка.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Градец, во која покрај селото Габар, се наоѓале и селата Градец и Осиче. Општината Градец постоела и во периодот 1950-1952.

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 0972 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватен објект.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 33 гласачи.[16]

Редовни настани уреди

Личности уреди

Родени во Осиче

Иселеништво уреди

Од Осиче има многу иселеници. Некои се колонизирани во Банат (Војводина) Јабука, Глогоњ, Качарево (10 семејства). Селото Вирче кај Делчево (6 семејства). Други во Крива Паланка (6 семејства) и во Скопје. Ангеловци се иселиле во селото Лозаново. Станковци, Спасовци, Дојчиновци, Величковци и Лековци се иселиле во селото Мородвис кај Кочани. Јаќимовци и Анѓеловци иселени се во селото Видовиште кај Кочани. Осиќанци и Ристинци се иселиле во селото Огут. Четири семејства се иселени во селото Горобинци во Овче Поле (Светиниколско).[3]

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 224. Посетено на 20 јули 2019.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 3,8 Трифуноски, Јован (1973). Кривопаланачка област. Загреб: Хрватска академија на науките и уметностите. стр. 267–269.
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 224.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 142-143.
  6. „Списък на населените места в Македония, Моравско и Одринско, София, 1917, с. 29“. Архивирано од изворникот на 2014-04-07. Посетено на 2021-08-14.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 20 јули 2019.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. Величковски, Драган (2009). Славишки Зборник Бр.1. Крива Паланка: Градски Музеј - Крива Паланка.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 22 јули 2019.
  16. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 22 јули 2019.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди