Освојувачи на медали на Зимските олимписки игри 2022

список на статии на Викимедија

Во списокот на освојувачи на медали по земји на Зимските олимписки игри 2020 се наведени сите земји-учеснички на игрите кои освоиле медали. Игрите се одржале во Пекинг од 4 до 20 февруари 2022, а медали биле доделени во 109 натпреварувања во 15 дисциплини во 7 спортови.

Карта на светот на којашто е претставен успехот на секоја земја на Летните олимписки игри 2020.
Легенда:
       Со златна боја се обележани земјите-учеснички коишто освоиле барем еден златен медал.
       Со сребрена боја се обележани земјите-учеснички коишто освоиле барем еден сребрен медал.
       Со бронзена боја се обележани земјите-учеснички коишто освоиле барем еден бронзен медал.
       Со сина боја се обележани земјите-учеснички коишто не освоиле медал.
       Со црвена боја се обележани земјите коишто не учествувале на игрите.
Карта на светот на којаѓто се обележани земјите по вкупниот број на освоени медали на Зимските олимписки игри 2022.

Нов Зеланд го освоиле првиот златен медал на зимските олимписки благодарение на Зои Садовски-Синот во женскиот натпревар во слоупстајл во скијање на даска,[1] додека Барт Свингс со победата во машката трка со масовен старт во брзо лизгање го освоил вториот златен медал на зимските олимписки игри за Белгија и прво по Зимските олимписки игри 1948.[2]

Норвешка била најуспешна нација како по бројот на златни (16), така и по вкупниот број на медали (37). Со освојувањето на 15. златен медал, спортистите од оваа земја поставиле нов рекорд по бројот на освоени златни медали на едни зимски олимписки игри,[3] соборувајќи го претходниот рекорд од 14 златни медали којшто го поставиле спортистите од Канада на игрите во 2010 година, а потоа бил повторен од страна на Норвешка и Германија на игрите во 2018 година, иако треба да се има предвид постојаниот раст на бројот на натпревари на зимските олимписки игри.

Германија била единствената нација којашто целосно го зазела подиумот во некој натпревар откако ги освоиле сите медали во машкиот натпревар во двојки во боб.[4]

Кина како земја домаќин на игрите освоила 9 златни и вкупно 15 медали, со што го остварила својот најдобар успех на зимските олимписки игри иа за првпат била рангирана меѓу трите најуспешни нации на едни зимски олимписки игри.[5]

Список по земји уреди

Списокот е направен според информациите добиени од Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и е во склад со прописите утврдени од страна на МОК за составување на ваквите списоци. Според прописите, земјите во списокот се претставени со нивните национални олимписки комитети, а се подредени по бројот на освоени златни медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат еднаков број на освоени златни медали, подредувањето продолжува по освоените сребрени, па по освоените бронзени медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат освоено ист број на златни, сребрени и бронзени медали, тогаш тие заземаат исто место во списокот и се прикажани според редоследот на првата буква во абецедата.

  *   земја домаќин (Кина)

Список на земји со освоени медали[6]
МестоНОКЗлатоСреброБронзаВкупно
1  Норвешка (NOR)1681337
2  Германија (GER)1210527
3  Кина (CHN)*94215
4  САД (USA)810725
5  Шведска (SWE)85518
6  Холандија (NED)85417
7  Австрија (AUT)77418
8  Швајцарија (SUI)72514
9  РОК (ROC)6121432
10  Франција (FRA)57214
11  Канада (CAN)481426
12  Јапонија (JPN)36918
13  Италија (ITA)27817
14  Јужна Кореја (KOR)2529
15  Словенија (SLO)2327
16  Финска (FIN)2248
17  Нов Зеланд (NZL)2103
18  Австралија (AUS)1214
19  Велика Британија (GBR)1102
20  Унгарија (HUN)1023
21  Белгија (BEL)1012
  Словачка (SVK)1012
  Чешка (CZE)1012
24  Белорусија (BLR)0202
25  Украина (UKR)0101
  Шпанија (ESP)0101
27  Естонија (EST)0011
  Латвија (LAT)0011
  Полска (POL)0011
Вкупно109109109327

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Bantock, Jack (6 February 2022). „Kiwi snowboarder Zoi Sadowski-Synnott is taking the sport 'to the next level'. CNN. Посетено на 6 февруари 2022.
  2. „Belgium win first gold for 74 years“. BBC Sport (англиски). Посетено на 19 февруари 2022.
  3. „Winter Olympics: Norway make history with 15th gold medal in Beijing“. uk.sports.yahoo.com (англиски). Посетено на 19 февруари 2022.
  4. „Germany sweeps two-man bobsled podium with Friedrich, Lochner, Hafer“. NBC Olympic broadcasts. February 15, 2022. Посетено на 19 февруари 2022.
  5. Bureau, Analysis by CNN's Beijing. „Analysis: The Olympics was a success inside China. And that's the audience Beijing cares about“. CNN. Посетено на 20 февруари 2022.
  6. „Olympic Medal Table“. olympics.com. Архивирано од изворникот на 2022-02-20. Посетено на 5 февруари 2022.

Надворешни врски уреди