Освојувачи на медали на Зимските олимписки игри 1984

Во списокот на освојувачи на медали по земји на Зимските олимписки игри 1984 се наведени сите земји-учеснички на игрите кои освоиле медали. Најуспешна нација на игрите била репрезентацијата на Источна Германија, која освоила 9 златни медали, додека најмногу медали на игрите освоиле спортистите од Советскиот Сојуз, 25, од кои 6 златни.

Список по земји уреди

Списокот е направен според информациите добиени од Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и е во склад со прописите утврдени од страна на МОК за составување на ваквите списоци. Според прописите, земјите во списокот се претставени со нивните национални олимписки комитети, а се подредени по бројот на освоени златни медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат еднаков број на освоени златни медали, подредувањето продолжува по освоените сребрени, па по освоените бронзени медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат освоено ист број на златни, сребрени и бронзени медали, тогаш тие заземаат исто место во списокот и се прикажани според редоследот на првата буква во абецедата.

Место Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1   Источна Германија (1984) 9 9 6 24
2   СССР (1984) 6 10 9 25
3   САД (1984) 4 4 0 8
4   Финска 4 3 6 13
5   Шведска (1984) 4 2 2 8
6   Норвешка (1984) 3 2 4 9
7   Швајцарија (1984) 2 2 1 5
8   Канада (1984) 2 1 1 4
8   Западна Германија (1984) 2 1 1 4
10   Италија (1984) 2 0 0 2
11   Велика Британија (1984) 1 0 0 1
12   Чехословачка (1984) 0 2 4 6
13   Франција (1984) 0 1 2 3
14   Јапонија (1984) 0 1 0 1
14   Југославија (1984) 0 1 0 1
16   Лихтенштајн (1984) 0 0 2 2
17   Австрија (1984) 0 0 1 1
Вкупно 39 39 39 117

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди