Освојувачи на медали на Зимските олимписки игри 1980

список на статии на Викимедија

Во списокот на освојувачи на медали по земји на Зимските олимписки игри 1980 се наведени сите земји-учеснички на игрите кои освоиле медали. Најуспешна нација на игрите била репрезентацијата на Советскиот Сојуз, која освоила 10 златни медали, додека најмногу медали на игрите освоиле спортистите од Источна Германија, 23, од кои 9 златни.

Најуспешен натпреварувач бил американскиот лизгач Ерик Хајден кој освоил 5 златни медали.

Список по земји уреди

Списокот е направен според информациите добиени од Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и е во склад со прописите утврдени од страна на МОК за составување на ваквите списоци. Според прописите, земјите во списокот се претставени со нивните национални олимписки комитети, а се подредени по бројот на освоени златни медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат еднаков број на освоени златни медали, подредувањето продолжува по освоените сребрени, па по освоените бронзени медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат освоено ист број на златни, сребрени и бронзени медали, тогаш тие заземаат исто место во списокот и се прикажани според редоследот на првата буква во абецедата.

Место Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1   СССР (1980) 10 6 6 22
2   Источна Германија (1980) 9 7 7 23
3   САД (1980) 6 4 2 12
4   Австрија (1980) 3 2 2 7
5   Шведска (1980) 3 0 1 4
6   Лихтенштајн (1980) 2 2 0 4
7   Финска (1980) 1 5 3 9
8   Норвешка (1980) 1 3 6 10
9   Холандија (1980) 1 2 1 4
10   Швајцарија (1980) 1 1 3 5
11   Велика Британија (1980) 1 0 0 1
12   Западна Германија (1980) 0 2 3 5
13   Италија (1980) 0 2 0 2
14   Канада (1980) 0 1 1 2
15   Унгарија (1980) 0 1 0 1
15   Јапонија (1980) 0 1 0 1
17   Бугарија 0 0 1 1
17   Чехословачка (1980) 0 0 1 1
17   Франција (1980) 0 0 1 1
Вкупно 38 39 38 115

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди