Освојувачи на медали на Зимските олимписки игри 1960

список на статии на Викимедија

Во списокот на освојувачи на медали по земји на Зимските олимписки игри 1960 се наведени сите земји-учеснички на игрите кои освоиле медали. Најуспешна нација на игрите била репрезентацијата на Советскиот Сојуз, која освоила 7 златни од вкупно 21 медал.

Список по земји уреди

Списокот е направен според информациите добиени од Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и е во склад со прописите утврдени од страна на МОК за составување на ваквите списоци. Според прописите, земјите во списокот се претставени со нивните национални олимписки комитети, а се подредени по бројот на освоени златни медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат еднаков број на освоени златни медали, подредувањето продолжува по освоените сребрени, па по освоените бронзени медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат освоено ист број на златни, сребрени и бронзени медали, тогаш тие заземаат исто место во списокот и се прикажани според редоследот на првата буква во абецедата.

Место Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1   СССР (1960) 7 5 9 21
2   Германија (1960) 4 3 1 8
3   САД (1960) 3 4 3 10
4   Норвешка (1960) 3 3 0 6
5   Шведска (1960) 3 2 2 7
6   Финска (1960) 2 3 3 8
7   Канада 2 1 1 4
8   Швајцарија (1960) 2 0 0 2
9   Австрија (1960) 1 2 3 6
10   Франција (1960) 1 0 2 3
11   Холандија (1960) 0 1 1 2
11   Полска (1960) 0 1 1 2
13   Чехословачка (1960) 0 1 0 1
14   Италија (1960) 0 0 1 1
Вкупно 28 26 27 81

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди