Орле

село во Општина Новаци, Македонија

Орле — село во Општина Новаци, во областа Мариово, во околината на градот Битола.

Орле

Поглед на селото

Орле во рамките на Македонија
Орле
Местоположба на Орле во Македонија
Орле на карта

Карта

Координати 41°8′53″N 21°36′46″E / 41.14806° СГШ; 21.61278° ИГД / 41.14806; 21.61278
Регион  Пелагониски
Општина  Новаци
Област Мариово
Население 1 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7000
Повик. бр. 047
Шифра на КО 02089
Надм. вис. 830 м
Слава Велигден
Орле на општинската карта

Атарот на Орле во рамките на општината
Орле на Ризницата

Географија и местоположба уреди

 
Куќи во селото

Селото се наоѓа во битолскиот дел на областа Мариово, на падините на Селечка Планина. Орле се наоѓа во северниот дел на територијата на Општина Новаци.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 830 метри.[2] Од градот Битола е оддалечено 34 километри.[3] До него води асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 1311 кај селото Маково.

Историја уреди

Поради непосредната близина на Македонскиот фронт и борбите водени на Кота 1050, селото било зафатено од воените дејствија во текот на Првата светска војна.[4]

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[5]

Стопанство уреди

Атарот зафаќа простор од 9,8 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 593 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 220 хектари, додека шумско земјиште нема.[2]

Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.[2]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948189—    
1953224+18.5%
1961226+0.9%
1971206−8.8%
198187−57.8%
ГодинаНас.±%
199140−54.0%
199426−35.0%
200216−38.5%
20211−93.8%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Орле живееле 102 жители, сите Македонци.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Орле имало 80 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[7]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Орле се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 14 куќи.[8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[9]

Селото е мало, во фаза на раселување. Така, во 1961 година селото броело 226 жители, а во 1994 година само 26 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Орле живееле 16 жители, сите Македонци.[10]

Денес, според неслужбени информации од 2015 година во селото живееле само 4 жители.[3]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 1 жител, Македонец.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 102 80 189 224 226 206 87 40 26 16 1
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]


Општествени установи уреди

  • Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика уреди

Во XIX век, Орле било село во Мариовската нахија, во Прилепската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Новаци, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996 до 2004 година, селото било дел од некогашната Општина Старавина.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Битола.

Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Мариово.

Во периодот 1950-1955, селото било дел на тогашната Општина Маково, во која покрај селото Орле, се наоѓале и селата Брник, Ивени, Маково, Мојно и Рапеш.

Избирачко место уреди

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0179 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месната канцеларија на селото Маково.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 64 гласачи.[16] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 57 гласачи.[17]

Културни и природни знаменитости уреди

 
Главната селска црква „Св. Недела“
Археолошки наоѓалишта[18]
Цркви[3]
  • Црква „Св. Недела“ — главната селска црква, подигната во 1860 година, подигната повторно од темел во 2000 година.

Редовни настани уреди

Слави[3]

Личности уреди

Родени во или по потекло од Орле

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 223. Посетено на 27 ноември 2021.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 „Мој Роден Крај“. www.mojrodenkraj.com.mk. Архивирано од изворникот на 2023-04-01. Посетено на 2021-11-27.
  4. „Кота 1050 – локација од Првата светска војна на Македонскиот фронт | OFF ROAD Македонија“. 2015-10-22. Посетено на 2021-11-27.
  5. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  6. Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с. 245
  7. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 150-151.
  8. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 23.
  9. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  10. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 27 ноември 2021.
  11. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  12. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  13. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  14. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  17. „Локални избори 2021“. Посетено на 23 ноември 2021.
  18. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 38. ISBN 9989-649-28-6.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди