Оризари (Скопје)

село во Општина Ѓорче Петров

Оризари во постарата литература познато како Сарајско Оризаре — историско село и современа скопска населба на територијата на Општина Ѓорче Петров. Името го добила по бројните оризови полиња во селото.

Оризари

Црквата „Св. Атанасиј“ во Оризари

Оризари во рамките на Македонија
Оризари
Местоположба на Оризари во Македонија
Оризари на карта

Карта

Координати 42°00′21″N 21°20′51″E / 42.00583° СГШ; 21.34750° ИГД / 42.00583; 21.34750
Регион Скопски
Општина Ѓорче Петров
Население 15637 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО
Надм. вис. 259 м
Оризари на општинската карта
Податотека:Оризари во Општина Ѓорче Петров.svg

Атарот на Оризари во рамките на општината
Оризари на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Населбата се наоѓа помеѓу населбите Ѓорче Петров и Дексион, на патот Скопје-Тетово кој поминува низ неа.

Историја уреди

Во XIX век, селото е дел од нахијата Кара Даг во Скопската каза во Отоманското Царство. Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било забележано со името Оризари Челтук и било со христијанско население. Имало 19 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 71 мажи христијани, со 7 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 156 жители.[2]

Стефан Верковиќ го забележува со 208 жители.[3]

Во минатото патот го делел тогашното село на два дела. Северното маало било јадрото на селото и било постара населба. Додека јужното маало, под патот, било основано во 1919 година од српски доселеници. Како и секое село, така и Оризари имало свој атар чија обработлива површина кај селаните била позната под имињата: Чашурка, Сливче, Влашко Поле, Бањиште, Ранак, Сув Дуб, Паламида, Орманче, Црвлица, Башалг, Динг, Оризарски Јаз, Чатал, Ветерник, Бунариште, Веле Поле, Рамниште, Крст, Зимниче, Чушк и Страња.

Во 1913 година, во селото биле евидентирани 133 жители. Било дел од Општина Бардовци.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на СХС во 1931 година, селото имало 150 Македонци и 50 други.[4]

Во 1949 година селото броело 49 домаќинства.[5] Оризари било стара населба. Заради својата поволна местоположба и плодното поле, селото уште во турско време брзо станало чифличка населба. Еден од беговите имал и кула во селото која била срушена во 1944 година. Додека селото било чифличко во него живееле Македонци и Роми кои работеле како момоци. Кога селото се ослободило од чифлигарството тогаш се населиле и други домаќинства од различни националности кои добиле и земја со самата прераспределба на земјиштето. Во 1944 година селото било бомбардирано и скоро целосно разрушено. Потоа повторно било обновено. Селото постепено со ширењето на Скопје почнало да се поврзува од двете страна со соседните населби и некаде во 60-тите годни на XX век целосно прераснува во урбана населба. Денес има централно место во урбаниот дел на Општината Ѓорче Петров.

Население уреди

Националност Број
Македонци 13 394
Албанци 346
Турци 303
Роми 279
Власи 48
Срби 534
Бошњаци 429
останати 304

Родови уреди

Оризари е мешана населба.

Според истражувањата од 1949 година, родови во Оризари се:

  • Македонци: Јанковци (3 к.) и Трајковци (2 к.) староседелци; Најдовци (6 к.) доселени се во турско време од селото Барово; Миајлевци (4 к.) доселени се од селото Катланово. Некое време живееле и во селото ’Ржаничино, па во Скопје и на крај во Оризари. Го знаат следното родословие: Спиро (жив на 70 г. во 1949 година) Никола-Мијајле, кој се доселил; Здравковци (1 к.) доселени се од Битолско. Го знаат следното родословие: Димче (жив на 55 г. во 1949 година) Стојче-Здравко, кој се доселил; Митковци (4 к.) порано живееле во селата Злокуќани и Волково, па дошле овде; Стаменковци (1 к.) доселени се од селото Бардовци; Марко (1 к.) дошол Марко од некое село во Дебарско; Капламов (1 к.) основачот на родот дошол како домазет од мијачкото село Требиште; Стојковци (2 к.) и Крстовци (1 к.) доселени се од некое село во Порече; Ѓоргија (1 к.) доселени се од некое село во Кумановско.
  • Срби: Младеновиќи (2 к.), Павичевиќи (3 к.) и Поповиќи (1 к.) доселени се како колонисти од српските власти после 1918 година, доселени се од областа Топлица во Јужна Србија.
  • Роми: Мустафовци (2 к.), Шаиновци (1 к.), Исовци (1 к.), Усеиновци (1 к.) и Бако (1 к.) во селото живеат уште од турско време, подалечното потекло не го знаат; Рашитовци (2 к.) доселени се пред крај на турското владеење од некое село во Кумановско; Салија (1 к.) доселени се од селото Злокуќани; Метуш (1 к.) доселени се од околината на Гнилане во Косово и Метохија; Бајрамовци (3 к.) доселени се во 1944 година од селото Злокуќани, пред тоа живееле во некое село кај Куманово.
  • Албанци: Алитовци (3 к.) по потекло се од северна Албанија. Од старото место најпрво се населиле во селото Крушопек на планината Водно, па потоа дошле во денешното село.[6]

Знаменитости уреди

  • Црква „Св. Атанасиј“ — единствената црква во населбата. Изградена е во 2002 година;[7]
  • Бањиште — археолошко наоѓалиште со неопределен тип и период поради неистраженоста. Тука биле пронаоѓани плочи со латински натписи и големи керамички садови;

Личности уреди

Личности родени во Оризари

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
  3. Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
  4. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  5. Јован Трифуноски – Сеоска насеља Скопског Поља; Одељена друштвених наука САН; 1955
  6. Трифуноски, Јован (1955). Скопско поле. Скопје.
  7. Културни споменици од христијански карактер. Архивирано од изворникот на 2016-05-08. Посетено на 2016-05-17.