Орегон, официјално Држава Орегон (англиски: Oregon или State of Oregon) е една од педесетте сојузни држави на САД. Државата се наоѓа во северозападни САД, на Тихиот Океан и граничи со Вашингтон на север, Калифорнија на југ, Невада на југоисток и Ајдахо на исток. Реките Снејк и Колумбија ги формираат северните и источните граници на државата. Пред доаѓањето на Европејците, територијата на државата била населена од различни староседелски племиња. Територијата Орегон била формирана во 1848 година и на 14 февруари 1859 Орегон станал 33 сојузна држава на САД. Главен град на оваа сојузна државата е градот Сејлем и трет најнаселен град во државата. Најголем град во државата е Портланд, кој воедно е и 30-ти најголем град во САД со население од 575.930 жители и со метрополитенска област од 2.175.133 жители, што е 23-та најголема метрополитенска област.

Орегон
State of Oregon
Знаме на Орегон Печат на Орегон
Знаме Печат
Прекар(и): Beaver State
Гесло: Alis volat propriis (Таа лета со свои крилја)
АлабамаАлјаскаАризонаАрканзасКалифорнијаКолорадоКонектикатДелаверФлоридаЏорџијаХаваиАјдахоИлиноисИндијанаАјоваКанзасКентакиЛуизијанаМејнМерилендМасачусетсМичигенМинесотаМисисипиМонтанаМисуриНебраскаНевадаЊу ХемпширЊу ЏерсиНово МексикоЊујоркСеверна КаролинаСеверна ДакотаОхајоОклахомаОрегонПенсилванијаРод АјлендЈужна КаролинаЈужна ДакотаТенесиТексасЈутаВермонтВирџинијаВашингтонЗападна ВирџинијаВисконсинВајоминг
Службен јазик нема, де факто: англиски
Главен град Сејлем
Најголем град Портланд
Површина  9. место
 - Вкупно 255.,026 км²
 - Широчина 420 км км
 - Должина 580 км км
 - % вода 2.4
 - Гео. ширина 42° N to 46° 18′ N
 - Гео. должина 116° 28′ W to 124° 38′ W
Население  27. место
 - Вкупно 3.790.060
 - Густина 13.76/км² (39. место)
Надм. вис.  
 - Највисока точка Маунт Худ
3.425 м
 - Најниска точка Тихи Океан
0 м
Влез во сојузот  14 февруари 1859 (33)
Гувернер Кејт Браун
Сенатори Рон Вајден
Џеф Мекли (Р)
Делегација на конгресот
Часовен појас {{{часовен појас}}}
Кратенки OR US-OR
Портал www.oregon.gov

Долината Виламет во западен Орегон е најнаселена област во државата, кој воедно е и најплодна долина во Орегон. Населението на Орегон брои околу 3,5 милиони жители според пописот во 2000 година..[1]

Во Орегон се наоѓа корпорацијата Интел, најголем работодавач во државата. Оваа компанија се наоѓа во Силициумската Шума во западен Портланд. Орегон има 199 јавни училишта, од кои најголемо е Јавно училиште Портланд. Покрај голем број на колеџи, во Орегон се наоѓаат и Државен Универзитет Орегон, Универзитет Орегон и најголемиот Државен Универзитет Портланд.[2]

Збратимени држави уреди

Наводи уреди

  1. „U.S. Census Bureau - State & County QuickFacts - Oregon“. Архивирано од изворникот на 2016-02-24. Посетено на 2007-05-11.
  2. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2010-08-11. Посетено на 2010-01-04.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 „Background Brief on International Trade“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2008-09-09. Посетено на 2008-07-21.
  4. 4,0 4,1 „Governor's Mission To Asia Will Stress Trade And Cultural Ties“. Oregon Secretary of State. 1995-10-24. Архивирано од изворникот на 2008-12-06. Посетено на 2008-04-02.

Дополнителна литература уреди

  • O'Hara, E. (1911). Oregon. In the Catholic Encyclopedia. New York: Robert Appleton Company. Retrieved 25 јули 2009, from New Advent.

Надворешни врски уреди

44°00′N 120°30′W / 44° СГШ; 120.5° ЗГД / 44; -120.5