Орден на братството и единството

Орденот на братството и единството (на српскохрватски: Орден братства и јединства, Orden bratstva i jedinstva) — воено одликување во Југославија со сребрен и златен венец. Конституиран е на 15 август 1943 година по предлог на врховниот командант Јосип Броз Тито[1]. На 9 јуни 1945 година орденот добива два реда - златен и сребрен венец. Од 1 септември 1944 година до 31 декември 1985 година биле доделени 3,870 Ордени на братството и единството со златен венец (I ред), а од 8 јуни 1945 година до 31 декември 1985 година биле доделени 55,675 Ордени на братството и единството со сребрен венец (II ред)[2][3].

Уверение на Димитар Влахов за одликување со орденот, 1945 година
Орден на братството и единството со златен венец Орден на братството и единството со сребрен венец
Ленти на орденот

Наводи уреди

  1. Војна енциклопедија, Београд, 1975 г.
  2. Опћа енциклопедија ЈЛЗ, Загреб, 1980 г.
  3. Одликовања збирке д-р Вељка Малинара, Борис Пристер, Загреб, 2000 г.