Ораовица

село во Општина Радовиш, Македонија

Ораовица — село во Општина Радовиш, во околината на градот Радовиш.

Ораовица

Средишниот дел на селото

Ораовица во рамките на Македонија
Ораовица
Местоположба на Ораовица во Македонија
Ораовица на карта

Карта

Координати 41°37′31″N 22°30′44″E / 41.62528° СГШ; 22.51222° ИГД / 41.62528; 22.51222Координати: 41°37′31″N 22°30′44″E / 41.62528° СГШ; 22.51222° ИГД / 41.62528; 22.51222
Регион  Југоисточен
Општина  Радовиш
Население 1.103 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2423
Повик. бр. 032
Шифра на КО 22031, 22531
Надм. вис. 350 м
Ораовица на општинската карта

Атарот на Ораовица во рамките на општината
Ораовица на Ризницата

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 1.720 жители,[2] со што селото се вбројува во големи села во областа на Конче и Радовиш.[3]

Потекло и значење на името уреди

Од народните преданија кои се пренесуваат низ генерациите па до денес, за потеклото на името на селото постојат две легенди, кои се разликуваат, но и двете даваат некакви претпоставки за основањето на селото и за добивањето на името Ораовица.

Според првата легенда, се претпоставува дека селото го добило името по месноста „Орли-Камен“, која се наоѓа североисточно од селото на оддалеченост од еден километар. Тука постојал голем (висок) камен каде што застанувале и се собирале орлите, така по месноста „Орли-Камен“ го добила името „Орливици“, „Орловица“ и на крајот го добила денешното име Ораовица.

Географија и местоположба уреди

 
Поглед во селото

Селото се наоѓа во источниот дел на територијата на Општина Радовиш, недалеку од самиот град Радовиш, на оддалеченост од околу пет километри.[4] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 350 метри.[4]

Ораовица има доста голем и просторен атар, простирајќи се во Струмичко-радовишката Котлина на запад и во подножјето на планината Плачковица на исток. Селото зафаќа добра местоположба што придонело селото да стане едно од најголемите села во Општина Радовиш. Ораовица граничи со селото Подареш и населбата Раклиш.

Селото е сместено по течението на Ораовичка Река, лева притока на Радовишка Река, односно се простира на нејзината лева и десна страна. До селото води асфалтен пат, кој се води како регионален пат 29471.

Селото има збиен тип, куќите се групирани, од кои скоро 90% се нови и градени според урбанистичкиот план. Селото е поделено по маала. Уште од порано постоеле, а и денес постојат следните имиња на маалата: Долно Маало, Џами Маало, Краиште, Дере Маало, Спротно Маало, Горно Маало и други.

Историја уреди

Според бројните археолошки наоѓалишта во близина на селото, може да се потврди дека во атарот на селото постоел живот уште во дамнина.[5]

Денешното село Ораовица, според некој остатоци и сознанија се претоставува дека постоело уште пред доаѓањето на Турците на Балканот, односно пред XV век. Селото во тоа време било малку населено и тоа со македонско население. Од тој период се сретнуваат семејствата: Нушови, Петрушови, Најчовци, Цилеви, Алексови и други.

Стопанство уреди

Атарот на селото зафаќа простор од 17,3 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 894 хектари, на шумите отпаѓаат 675 хектари, а на пасиштата само 30 хектари.[4]

Во основа, селото има полјоделско-шумарска функција. Во селото работат продавници и угостителски објекти.[4]

Во селото работи претпријатие за обработка на шумски плодови и лековити билки.

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.124—    
19531.287+14.5%
19611.294+0.5%
19711.555+20.2%
19811.664+7.0%
ГодинаНас.±%
19911.683+1.1%
19941.687+0.2%
20021.720+2.0%
20211.103−35.9%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ораовица живееле 534 жители, од кои 450 Турци и 84 Македонци.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ораовица имало 176 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[7]

Според Димитар Гаџанов во 1916 година во Ораовица живееле 514 жители, од кои 423 Турци и 91 Македонец.[8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 650 Турци и 200 Македонци.[9]

Ораовица е големо село со пораст на бројот на населението. Така, во 1961 година селото имало 1.294 жители, од кои 1.251 биле Македонци, 34 Турци и тројца жители Срби. Во 1994 година бројот се зголемил на 1.687 жители, од кои 1.671 биле Македонци, 12 Турци и двајца жители Срби.[4]

Според пописот од 2002 година, во селото Ораовица живееле 1.720 жители, од кои 1.701 Македонец, 12 Турци, 2 Роми, 3 Срби и 2 останати.[2]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.103 жители, од кои 1.015 Македонци, 1 Албанец, 14 Турци, 1 Србин, 1 останат и 71 лице без податоци.[10]

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Ораовица:

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Ост. Лица без под. Вкупно
1948 1.124
1953 289 0 980 0 16 0 2 1.287
1961 1.251 0 34 3 6 1.294
1971 1.518 0 23 1 7 6 1.555
1981 1.635 0 21 0 0 6 2 1.664
1991 1.660 0 14 0 0 7 2 1.683
1994 1.671 0 12 0 0 2 2 1.687
2002 1.701 0 12 2 0 3 2 1.720
2021 1.015 1 14 0 0 1 1 71 1.103

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Родови уреди

Ораовица во минатото било мешано македонско-турско село, но денес е целосно населено со македонско население.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1928 година родови во селото:[11]

  • Македонски родови:
    • Доселеници: Постоловци или Коцевци (8 к.), Бајчевци, Костадиновци и Андонови (6 к.), Илевци (2 к.), Коцевци (6 к.) и Китановци (6 к.), сите се доселени, но не знаат од каде; Василевци или Ристовци (2 к.), доселени се на крајот од XIX век од Солунско во Егејска Македонија; Јовиќевци и Несторовци (2 к.), доселени се набрзо по претходниот род од селото Владимирово кај Берово; Штеријевци (3 к.), доселени се од некое место на Плачковица. Тие се Власи.
  • Турски родови:
    • Доселеници: Мула Алијовци, Сулимановци и Кадриовци (14 к.), Дели-Јашаревци и Алијовци (8 к.), Меладовци и Абдулиовци (6 к.) и Усеиновци и Османовци (8 к.), најстари доселеници. Велат дека се доселиле уште од освојувањето на Македонија од страна на Османлиското Царство; Исмаиловци, Назировци, Сулејмановци, Арифовци, Хусеиновци, Џемаиловци и Елмазовци сите имаат по (4 к.), доселени се од Турција во почетокот на XVI век; Јашаровци, Османовци и Тахировци сите по (3 к.); Мустафовци (8 к.), Мемедовци (6 к.), Шерифовци (5 к.), Ибраимовци (7 к.) и Јусуфовци (3 к.), доселени се кога исто така во XVI век; Мемедовци (5 к.) и Селимовци (6 к.), првите се доселени од селото Худаверлија, а вторите од селото Калаузлија.

Иселеништво уреди

Многу жители и семејства од селото Ораовица се на привремена работа надвор од Македонија, најчесто во Словенија, Италија, Грција, Германија, Швајцарија и Холандија.

Муслиманите се иселени воглавно во Турција.

Општествени установи уреди

Самоуправа и политика уреди

Во XIX век, Ораовица било село во Радовишката каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Радовиш, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година со Општина Подареш. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Радовиш.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Подареш, во која покрај селото Ораовица, се наоѓале и селата Дурутлија, Јаргулица, Калуѓерица, Ново Село, Папавница, Подареш, Покрајчево, Саригон, Смиланци, Ќоселија и Худаверлија. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната Општина Ораовица, во која влегувале селата Дурутлија, Ќоселија, Ораовица, Сариѓол и Худаверлија.

Избирачко место уреди

Во селото постојат избирачките места бр. 1590 и 1591 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.388 гласачи.[13] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 1.392 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитости уреди

Археолошки наоѓалишта[5]
Цркви[15]
Манастири
Споменици
Реки[17]

Редовни настани уреди

  • 15 мај — селска и црковна слава, која се празнува во црквата „Св. Атанасиј“
  • Велигденски средби — традиционална прослава за време на Велигденските празници во манастирскиот двор на Ораовичкиот манастир, каде учествуваат преку дваесетина фолклорни ансамбли од Македонија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Хрватска и Турција.

Култура и спорт уреди

Во селото работи фудбалскиот клуб „Изведен“.

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 19 јануари 2022.
  3. Атанасов, Зоранчо (2011). Инфраструктурни одлики на населените места во општините Радовиш и Конче (PDF). стр. 65–77. Посетено на 16 јануари 2022.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 220. Посетено на 19 јануари 2022.
  5. 5,0 5,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 329. ISBN 9989-649-28-6.
  6. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 233.
  7. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 138-139.
  8. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 243.
  9. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  10. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  11. Русиќ, Бранислав. Радовишка Област. Архивиски фонд на МАНУ к-9,AE 116/II I.
  12. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 21 декември 2019.
  13. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 21 декември 2019.
  14. „Локални избори 2021“. Посетено на 19 јануари 2022.
  15. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  16. „Ограбени четири цркви и манастир“. Утрински Весник. Посетено на 2010-09-17. На |first= му недостасува |last= (help)
  17. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 52. ISBN 978-9989-2117-6-8.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди