Општина Кратово

општина во Македонија

Кратово — општина во северниот дел на североисточна Македонија со административен центар во градот Кратово. Лежи на изгаснати вулкански купи (кратери) од каде е и добиено името. Во општината се наоѓаат и неколку антички рудници за злато од Римскиот период.

Општина Кратово
Општина
Знаме на Општина КратовоГрб на Општина Кратово
Карта
ДржаваМакедонија
СедиштеКратово
Населени места
Управа
 • ГрадоначалникТодорче Николовски
Површина
 • Вкупна375,44 км2 (144,96 ми2)
Население (2021)[1]
 • Вкупно7.545
 • Густина20/км2 (52/ми2)
Часовен појасCET (UTC+01:00)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+02:00)
Повикувачки број+031
Регистарски табличкиKR
Мреж. местоopstinakratovo.gov.mk
Карта на Општина Кратово со селските атари.
Демографска карта на Општина Кратово со селските атари.

Географија уреди

Историја уреди

Кратово историски е значајно рударско место, низ кое поминале голем број на освојувачки војски.

Стопанство уреди

Демографија уреди

Седиште на општината е градот Кратово.

Во општината живеат 10 441 жител од кои:[2]

10 231 (97,99 %) се Македонци

151 (1,45 %) се Роми

33 (0,32 %) се Срби

8 (0,08 %) се Турци

1 (0,01 %) се Власи

17 (0,16 %) се други националности.

Во општината не живеат Албанци и Бошњаци.

Вероисповед Вкупно
православни 10.203
муслимани 173
католици 2
протестанти 1
останати 62
Јазик Вкупно
македонски 10.219
албански 0
турски 9
ромски 172
влашки 1
српски 28
бошњачки 1
останати 11

Општина Кратово зазема подрачје од 375,44 км2 и има густина на населеност од 27,81 жит./км2.

Во состав на општината влегуваат и 30 села: Близанци, Вакуф, Горно Кратово, Димонце, Емирица, Железница, Живалево, Каврак, Кетеново, Кнежево, Којково, Коњух, Крилатица, Куклица, Куново, Луково, Мушково, Нежилово, Пендак, Приковци, Секулица, Страцин, Талашманце, Татомир, Тополовиќ, Трновац, Туралево, Филиповци, Шлегово и Шопско Рударе.

Општествени установи уреди

Самоуправа и политика уреди

Градоначалник на општина Кратово е Љупчо Бојаџиев од редовите на СДСМ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[3] Бојаџиев станал првиот градоначалник на Кратово од 1991 година кој не бил кандидат на СПМ. Советот на општина Кратово е составен од 15 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:

 
  СДСМ: 9 места
  ВМРО-ДПМНЕ: 6 места

Културни и природни знаменитости уреди

Редовни настани уреди

Личности уреди

Култура и спорт уреди

Иселеништво уреди

Наводи уреди

  1. „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
  2. „Население во Република Македонија на 31.12 по специфични возрасни групи, по пол, по општини, по години“. Државен завод за статистика на Република Македонија. Посетено на 2 мај 2018.[мртва врска]
  3. „Мандати за градоначалници и совет во РМ – Локални избори 2017“. Државна изборна комисија на Македонија. Посетено на 18 октомври 2017.

Надворешни врски уреди