Општина Кичевоопштина во Западна Македонија. Центар на општината е градот Кичево. Општината е проширена согласно предлог-измените за територијална поделба од 2013 г., кога кон општината се припоиле општините Зајас, Другово, Вранештица и Осломеј[2] со воспоставување на новата локална власт по изборите на 24 март 2013 г.

Општина Кичево
Општина
Знаме на Општина КичевоГрб на Општина Кичево
Карта
ДржаваМакедонија
СедиштеКичево
Населени места
Управа
 • ГрадоначалникФатмир Дехари
Површина
 • Вкупна838 км2 (324 ми2)
Население (2021)[1]
 • Вкупно39.669
 • Густина47/км2 (120/ми2)
Часовен појасCET (UTC+01:00)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+02:00)
Повикувачки број+045
Регистарски табличкиKI
Мреж. местоkicevo.gov.mk
Карта на Општина Кичево со селските атари.

Географија уреди

Кичевскиот регион се наоѓа во западниот дел на Република Македонија, сместен во Кичевската Котлина, која претставува јасно обликувана природна целина, опколена од сите страни со високи планини. Припаѓа на горното сливно подрачје на реката Треска, на северната страна допира до превојот Стража, на западната страна се издига планината Бистра, на јужната страна по долината на реката Треска се протега до Илинска Планина а на источната страна допира со северниот дел на Порече. Поголема река освен реката Треска е Зајаска река која тече во градот меѓу Китино Кале и населбата Бичинци.Низ градот тече и една помала река позната како Сушица, која како што кажува и самото име е периодична, со непостојан тек во текот на летниот перод. Со новата територијална поделба од 1996 година Кичевскиот регион е поделен на 5 општини: Општина Кичево, Општина Другово, Општина Зајас, Општина Осломеј и Општина Вранештица.

Историја уреди

Историчарите забележале дека во близина на денешното Кичево постоел град Ускана кој се споменува во врска војувањето на македонскиот крал Персеј со Римјаните, во 170-169 година пред нашата ера. Други податоци не се познати, ниту со сигурност може да се каже каде бил и кој го подигнал.

Градот Кичево за првпат се споменува во 1018 година во една повелба на византискиот цар Василиј II, како место Кичавис кое во црковен поглед ѝ припаѓало на Охридската патријаршија и тоа по распаѓањето на Самоиловото Царство. Градот бил населен од племето Брсјаци кое претежно се занимавало со земјодели е и сточарство.

Градот Кичево го споменува и Охридскиот архиепископ Теофилакат во XI век, а меѓу пишаните извори се споменува и Кичевски триод пишуван од граматикот Георги.

Во средниот век споменатите територии потпаѓаат под средновековната Српска држава, што се потврдува со даровницата на Кралот Милутин, кој во 1294 го опсипал со подароци манастирот Свети Ѓорѓија во село Кнежино.

Кичево и Кичевско потпаѓаат под турска власт кон крајот на XIV век. По освојувањето градот бил претворен во воен и административен центар. Со сѐ поголемиот прилив на странски капитал кон крајот на XIX век, турската империја пројавила интерес за експлатација на рудните богатства во овој регион особено за бакарот и манганот, а во градот се започнало со градителски и комунален развој.

Во подножјето на Кичевското Кале бил подигнат градски часовник, а во центарот на градот била изградена убава чешма и била донесена вода за пиење. Првите никулци на Македонската Револуционерна Организација започнале со револуционерната работа на Ѓаконт Јосиф на манастирот Света Богородица - Пречиста, како и на учителите во повеќе Кичевски села.

По направените обиколки и првите контакти со печалбарите по Кичевските села, Пере Тошев заедно со Јосиф, во 1878 година, ја формираат првата вооружена чета на чело со Дуко Тасев, а во чии редови бил и Јордан Пиперката. Тие ќе бидат предводници на познатата Брсјачка буна во 1880 година. Исто така и на 2 август 1903 започнува востание на чело со Арсо Војвода и Јордан Пиперката, а се држат ослободени територии до 9 август кога било крваво задушено. Кичево и Кичевско дефинитивно е ослободено од петвековното ропство во 1912 година по завршувањето на првата Балканска Војна. Но, дури тогаш страдањата биле уште поголеми особено во Втората балканска војна кога населението било поделено на две страни па не се знаело на која страна и за чии интереси се гине.

Во 1919 година со Версајската Конференција овој регион припаѓа на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците кои водат систематска политика на асимилација на населението. Во неверојатно тешни услови овој регион ја дочекува фашистичката окупација 1941 година, каде поголемиот дел од Македонија ја окупираат Бугарските сили. Кичевско е окупирано од италијанската војска.

Но Кичево нема да ги изневери старите револуционерни обичаи и се одзива на повикот на КПМ за револуционерна борба за слобода, а како идеен водач се јавува Кузман Јосифоски - Питу. На 15 декември 1941 година била формирана првата партиска организација во село Карбуница.

Првото ослободување на Кичево доаѓа во 1943 година на 11 септември веднаш по капитулацијата на Италија. Во периодот сѐ до конечното ослободување во 1945 година, Кичево било ослободувано дури шест пати, а ќе остане запишано дека тој е прв ослободен град во Македонија во текот на НОВ.

Посебна гордост на градот се двајцата народни херои Мирко Милески и Миха Михајлоски, а за сите 555 паднати борци е подигнат споменик Китино Кале.

Со историскиот референдум во 1991 година на 8-ми Септември, Македонија станува независна држава, со изградба на повеќепартиски систем и пазарно стопанство, а Кичево влегува во системот на транзиција.

Демографија уреди

Демографија на стара Општина Кичево уреди

 
Карта на поранешната Општина Кичево (2004-2013) со селските атари.

Демографската структура на населението во Општина Кичево е мошне разновидна и интересна. Според пописот на населението во 2002 година Општина Кичево има 30.138 жители, односно се забележува пораст на населението од 9,42% во однос на претходната 1994 пописна година. Густината на населението изнесува 615,1 жител на 1 км2, 60% од населението е автохтоно, а од доселените жители во местото на вообичаено живеење 6,5% од друго место на истата општина (миграција село-град), 86,9% доаѓаат од друга општина, а 6,6% се доселени од друга држава.

Особено важен демографски податок е половата структура на населението. Во Општина Кичево, во 2002 година разликата во бројот меѓу машкото и женското население не е голема. Бројот на машката население изнесува 15,143 што претставува 50,2% од вкупното население во општината, додека пак женското население е застапено со 14,995 или 49,8%. Стапката на фертилитет во 2002 година изнесува 1,16. Просечната возраст на жените при раѓање е 25,9 години.

За оценка на природниот прираст на населението, како и за застапеноста на работоспособното или активно население, потребно е добро познавање на старосната структура на населението. Според пописот од 2002 година, просечната возраст на населението во Општина Кичево е 33,9 години. Младото население до 20 години е застапено со 30,6 %, застапеноста на населението помладо од 40 години е 61,4 %, додека пак ѓраѓаните со или над 60 години опфаќаат 12,6 % од населението во општината.[3]

За учеството во вкупното население на основните функционални старосно-полови контингенти, бројките ни ја даваат следната слика.

  • Деца на предучилишна возраст (0-6) -8,8%
  • Даца на училишна возраст (7-14) - 12,8%
  • Работоспособно население (15-64 мажи и 15-59 жени) - 67,6%
  • Женско фертилно население (15-49) - 27,0%
  • 65 и повеќе години - 8,6%
  • 80 и повеќе години - 1,1%

Во периодот од 1994 до 2002 година настанале одредени промени во бројниот однос на населението според националната припадност. Меѓутоа и во едната и во другата пописна година преовладува бројот на македонското население, а пораснал и бројот на албанската население. Бројот на останатите етнички заедници е сличен во двете пописни години.

Во 2002 година македонското население брои 16,140 жители што претставува 53,6 % од вкупното население во општината. Во истата година албанското население брои 9202 жители или 30,5 % од вкупното население. Другите националности се помалку застапени. Турците бројат 2430 жители или 8,1 %, ромската население е застапена со 5,4 % односно бројка од 1630 жители, 76 лица се изјасниле како Власи односно тие се застапени со 0,3 %, бројот на Срби во општината изнесува 86 што претставува 0,3 %, како Бошњаци се изјасниле 7 лица, а на останатото население припаѓа бројка од 567 жители или 2,1 %.

Од следните броеви може да се види стуктурата на домаќинствата и семејствата во Општина Кичево.

Вкупниот број на домаќинства изнесува 8330 со просечен број од 3,6 членови во едно домаќинство. Од нив 7592 се семејни (едносемејни и повеќесемејни) домаќинства, а 738 се несемејни (самечки и несемејни со повеќе членови).

Во 2002 година во општината живеат 8482 семејства со 28366 членови на семејства или просечен број од 3,3 членови во едно семејство.

Според пописот од 2002 година, во општина Кичево живеат 30.138 жители од кои[4]:

Народ Бројност Удел (%)
Македонци 16.140 53.55
Албанци 9.202 30.53
Турци 2.430 8.06
Роми 1.630 5.40
Срби 86 0.28
Власи 76 0.25
Бошњаци 7 0,02
oстанати 567 1,88

Според мајчиниот јазик, добиени се следниве резултати на пописот од 2002[5]:

Јазик Говорници Удел (%)
македонски 18.385 61
албански 9.199 30,52
турски 2.209 7,32
ромски 144 0,47
влашки 17 0,05
срспки 64 0,21
бошњачки 7 0,02
останати 143 0,47

Вероисповед на населението според пописот од 2002:

Вероисповед Бројност Удел (%)
православие 16.234 53,86
ислам 13.703 45,46
католицизам 36 0,11
протестантство 1 0,003
останати 164 0,54

Демографија на новата Општина Кичево уреди

По припојувањето на општините Другово, Вранештица, Зајас и Осломеј кон Кичево, општината ќе има 56.739 жители, а етничката слика изгледа вака:

Народ Бројност Удел (%)
Македонци 20.278 35,73
Албанци* 30.932 54,5
Турци 2.998 5,28
Роми 1.631 2,87
Срби 102 0,17
Власи 76 0,13
Бошњаци 8 0,01
останати 714 1,25
* Добар дел од албанското население, особено тоа од општините Зајас и Осломеј, не живее во Македонија, туку во странство. Така, вистинската бројка е многу помала.

Мајчин јазик на населението според пописот од 2002:

Јазик Говорници Удел (%)
македонски 21.560 37,99
албански 30.926 54,5
турски 2.723 4,79
ромски 144 0,25
влашки 19 0,03
српски 75 0,13
босански 11 0,01
останати 288 0,50

Вероисповед на населението според пописот од 2002:

Вероисповед Бројност Удел (’%)
православие 20.363 35,88
ислам 36.001 63,45
католицизам 52 0,09
протестантство 1 0,001
останати 322 0,56

Културни и природни знаменитости уреди

Сигурно дека една од природните знаменитости на градот Кичево е реката Треска која претставува лева поголема притока на Вардар. Над Кичево се издигнува прекрасното ритче Крушино, богато со природа, чист воздух и зеленило кое претставува извонредно место за рекреација. Кичевското Кале е едно од обележјата на градот, а недалеку од Кичево се наоѓа и прочуениот Кичевски Манастир или Манастирот Пресвета Богородица — Пречиста кој во минатиот период претставувал важен центар за развојот на писменоста во овој дел од Македонија, а денес претставува прекрасно место во кое владее духовен мир облагороден од прекрасната местоположба, чистиот воздух и зеленилото. Манастирот Света Пречиста е место често посетувано од Кичевци како и од другите градови од Македонија. Интересен е и фактот што овој Манастир го посетуваат и лица од муслиманска вероисповед кои доаѓаат за да побараат здравје и среќа.

Цркви
Археолошки наоѓалишта[6]

Самоуправа и политика уреди

Градоначалник на општина Кичево е Фатмир Дехари од редовите на ДУИ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години. Функцијата градоначалник ја извршувал и во периодот 2013-2017.[7] Советот на општина Кичево е составен од 23 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:

 
  ДУИ: 9 места
  ВМРО-ДПМНЕ: 6 места
  СДСМ: 4 места
  АА: 3 места
  БЕСА: 1 место

Во склоп на општина Кичево до 2013 биле следниве населени места: Кичево, Кнежино, Лазаровци, Мамудовци, Осој, Раштани и Трапчин Дол.

По март 2013 година, под општина Кичево се следниве населени места: Атишта, Арангел, Бачишта , Белица, Бериково, Бигор Доленци, Брждани, Букојчани, Видрани, Вранештица, Гарани, Големо Црско, Горна Душегубица, Горно Добреноец, Горно Строгомиште, Грешница, Длапкин Дол, Долна Душегубица, Долно Добреноец, Долно Строгомиште, Другово,Дупјани, Ехлоец, Жубрино, Зајас, Иванчишта, Извор, Јаворец, Јагол, Јагол Доленци, Јудово, Карбуница, Кичево, Кладник, Кленоец, Кнежино, Козица, Козичино, Колари, Колибари, Крушица, Лавчани, Лазаровци, Лешница, Малкоец, Мало Црско, Мамудовци, Манастирско Доленци, Мидинци, Миокази, Ново Село, Орланци, Осломеј, Осој, Папрадиште, Патец, Подвис, Поповјани, Попоец, Пополжани, Премка, Прострање, Рабетино, Раштани, Речани-Зајаско, Речани-Челопечко, Светораче, Свињиште, Србица, Србјани, Староец, Стрелци, Тајмиште, Трапчин Дол, Туин, Цер, Црвивци, Челопеци и Шутово

Личности уреди

Наводи уреди

  1. „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
  2. „ДУИ бара помош од иселениците“. Нова Македонија. Посетено на 2012-11-20.
  3. „Население во Република Македонија на 31.12 по специфични возрасни групи, по пол, по општини, по години“. Државен завод за статистика на Република Македонија. Посетено на 2 мај 2018.[мртва врска]
  4. Попис на Македонија, 2002
  5. Попис на Македонија, 2002: јазик, националност, религија
  6. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  7. „Мандати за градоначалници и совет во РМ – Локални избори 2017“. Државна изборна комисија на Македонија. Посетено на 18 октомври 2017.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди