Општина Карбинциопштина во Источна Македонија. Центар на општината е селото Карбинци.

Општина Карбинци
Општина
Знаме на Општина КарбинциГрб на Општина Карбинци
Карта
ДржаваМакедонија
СедиштеКарбинци
Населени места
Управа
 • ГрадоначалникВиктор Паунов
Површина
 • Вкупна229,7 км2 (88,7 ми2)
Население (2021)[1]
 • Вкупно3.420
 • Густина15/км2 (39/ми2)
Часовен појасCET (UTC+01:00)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+02:00)
Повикувачки број+032
Регистарски табличкиST
Мреж. местоkarbinci.gov.mk
Карта на Општин Карбинци со селските атари.
Демографска карта на Општин Карбинци со селските атари.

Географија уреди

Карбинци е оддалечено 13 километри од градот Штип. Карбинци се наоѓа во подножјето на планината Плачковица и доста е богато со житни и градинарски култури.

Историја уреди

На територијата на Општина Карбинци се пронајдени вредни археолошки наоѓалишта, кои зборуваат за долгата историја на ова подрачје. Така, за време на работите на хидросистемот Злетовица, при ископувањата во наоѓалиштето „Грнчарица“, во близината на селото Крупиште, била откриена населба од раниот неолит, при што биле пронајдени предмети и керамика чија старост е проценета на околу 6 000 години п.н.е. Малку подалеку бил откриен каменот на кој првата организирана човечка заедница во Македонија ги изработувала своите орудија од кремен. На тој начин, таа се смета за најстара неолитска населба на територијата на Македонија. На истата локација бил откриен скелетот, кој го добил името „Славе Македонски“, за кого, според анализата на коските направена на Универзитетот во Глазгов, се претпоставува дека е стар 7 745 години, што го прави еден од најстарите скелети во Југоисточна Европа. Исто така, во наоѓалиштето „Вршник“ (во атарот на селото Таринци) е пронајдена населба од времето на неолитот (од 6 200 до 3 500 година п.н.е.). Археолошки експонати од античкиот период (од 2 век до 4 век п.н.е.) се пронајдени во наоѓалиштето „Кнежевска Могила“, во атарот на селото Таринци, и во гробницата кај селото Црвулево.[2]

Стопанство уреди

Демографија уреди

Според проценка од 2016, општина Карбинци има 3.958 жители.[3]

Општествени установи уреди

Самоуправа и политика уреди

Градоначалник на општина Карбинци е Јордан Насев од редовите на СДСМ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[4] Советот на општина Карбинци е составен од 9 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:

 
  СДСМ: 5 места
  ВМРО-ДПМНЕ: 3 места
  НДМ: 1 место

Културни и природни знаменитости уреди

Редовни настани уреди

Личности уреди

Култура и спорт уреди

Иселеништво уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
  2. ШТИП - ТУРИСТИЧКИ ИНФОРМАТОР, Со карта на градот. Штип: Општина Штип, 2011, стр. 36-37.
  3. {{наведена мрежна
    Народ Вкупно Удел (%)
    Македонци 3.219 79,76
    Албанци 0 0,0
    Турци 716 18,15
    Роми 2 0,05
    Власи 49 1,34
    Срби 11 0,30
    Бошњаци 0 0,00
    останати 15 0,40
    Вероисповед Вкупно
    православни 3.254
    муслимани 729
    католици 0
    протестанти 0
    останати 21
    Јазик Вкупно
    македонски 3.219
    албански 0
    турски 716
    ромски 2
    влашки 49
    српски 11
    бошњачки 0
    останати 15

    страница|url=http://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/MakStat__Naselenie__ProcenkiNaselenie/126_Popis_Ops_NasPolStar3112_mk.px/table/tableViewLayout2/?rxid=46ee0f64-2992-4b45-a2d9-cb4e5f7ec5ef%7Ctitle=Население[мртва врска] во Република Македонија на 31.12 по конкретни возрасни групи, по пол, по општини, по години|publisher=Државен завод за статистика на Република Македонија|accessdate=2 мај 2018}}

  4. „Заклучок за конечност на резултати од гласањето во вториот круг на Локалните избори 2017“. Државна изборна комисија на Македонија. Посетено на 3 декември 2017.

Надворешни врски уреди