Општина Дебрца

општина во југозападна Македонија
(Пренасочено од Општина Дебарца)
За други значења на поимот Дебрца, видете на појаснителната страница.
За центар на својата Општина Дебрца, видете Белчишта.

Општина Дебрцаопштина во западниот дел на Македонија. Општината е создадена согласно законот за територијална поделба од 2004 година на 12 април 2005 година со спојување на општините Белчишта и Мешеишта. На север граничи со Општина Кичево (порано Општина Другово), на југ со Општина Охрид, на исток со Општина Демир Хисар, а на запад со Општина Струга. Центар на општината е селото Белчишта. Општина Дебрца е единствена општина во Македонија која не е именувана по општинскиот центар, туку по географската област.

Општина Дебрца
Општина
Знаме на Општина ДебрцаГрб на Општина Дебрца
Карта
ДржаваМакедонија
СедиштеБелчишта
Населени места
Управа
 • ГрадоначалникЗоран Ногачески
Површина
 • Вкупна425,39 км2 (164,24 ми2)
Население (2021)[1]
 • Вкупно3.719
 • Густина8,7/км2 (23/ми2)
Часовен појасCET (UTC+01:00)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+02:00)
Повикувачки број+046
Регистарски табличкиOH
Мреж. местоdebrca.gov.mk

Географија уреди

Општина Дебрца се наоѓа во југозападна Македонија. Околни Општини, кои граничат со Општина Дебрца се:

Главно населено место во општината е селото Белчишта.

 
Карта на Општина Дебрца со селските атари.
 
Демографска карта на Општина Дебрца со селските атари.

Историја уреди

Дебрца има важна улога за време на НОБ. На 18 август 1943 година, на Славеј Планина, Дебрца, е формиран првиот македонски баталјон „Мирче Ацев“, а на 11 ноември истата година во селото Сливово е формирана Првата македонско-косовска ударна бригада. Во селото Црвена Вода, пак, во месец ноември 1943 година е формиран Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ.

Стопанство уреди

Демографија уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
194816.031—    
195317.047+6.3%
196115.857−7.0%
197112.991−18.1%
198110.593−18.5%
ГодинаНас.±%
19918.061−23.9%
19946.272−22.2%
20025.507−12.2%
20213.719−32.5%
Забелешка: Податоците се однесуваат на населените места во Општина Дебрца според административната поделба од 2004 година.
Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија

Според пописот од 2002 година, општината имала население од 5.507 жители, од кои

Народ Вкупно Удел (%)
Македонци 5.323 96,68
Албанци 153 2,78
Турци 2 0,04
Роми 0 0,00
Власи 0 0,00
Срби 8 0,14
Бошњаци 0 0,00
останати 20 0,34
Вероисповед Вкупно
православни 5.322
муслимани 167
католици 6
протестанти 1
останати 11
Јазик Вкупно
македонски 5.322
албански 154
турски 2
ромски 0
влашки 0
српски 12
бошњачки 0
останати 17

Според последниот попис од 2021 година, општината имала население од 3.719 жители, од кои

Народ Вкупно Удел (%)
Македонци 3.330 89,54
Албанци 59 1,59
Турци 2 0,01
Роми 0 0,00
Власи 0 0,00
Срби 1 0,01
Бошњаци 3 0,01
останати 8 0,02
лица без податоци 316 8,82

Општествени установи уреди

Самоуправа и политика уреди

Градоначалник на Општина Дебрца е Зоран Ногачески од редовите на СДСМ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[2] Советот на Општина Дебрца е составен од 11 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:

 
  СДСМ: 6 места
  ВМРО-ДПМНЕ: 4 места
  Независни: 1 место

Културни и природни знаменитости уреди

  • Манастир „Сите Свети“ во село Лешани.

Редовни настани уреди

Личности уреди

Култура и спорт уреди

Иселеништво уреди

Наводи уреди

  1. „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
  2. „Мандати за градоначалници и совет во РМ – Локални избори 2017“. Државна изборна комисија на Македонија. Посетено на 18 октомври 2017.

Надворешни врски уреди