За други значења на поимот, видете ја страницата за појаснување.

Општина Бутел — општина во состав на град Скопје која се наоѓа во неговиот краен северен дел. Основана е согласно Законот за територијална поделба од 2004 година на 12 април 2005 година, а градоначалник на општината е Велимир Смилевски. Бутел е четврта по големина општина во Скопје, осма по бројот на жители, а произлегла од општина Чаир во 2005 година.

Општина Бутел
Општина
Знаме на Општина БутелГрб на Општина Бутел
Карта
ДржаваМакедонија
СедиштеГрад Скопје
Населени места
Управа
 • ГрадоначалникДарко Костовски
Површина
 • Вкупна60,79 км2 (23,47 ми2)
Население (2021)[1]
 • Вкупно37.968
 • Густина620/км2 (1,600/ми2)
Часовен појасCET (UTC+01:00)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+02:00)
Повикувачки број+02
Регистарски табличкиSK
Мреж. местоopstinabutel.gov.mk
Карта на општина Бутел со селските атари.

Географија уреди

Општина Бутел е една од урбаните општини во Република Македонија. Се наоѓа во Град Скопје, во северниот дел на државата. Се граничи со Општина Чучер-Сандево, на југозапад со Општина Карпош, а на северозапад со Општина Шуто Оризари.

Демографија уреди

Општина Бутел зафаќа површина од 60,79 км2, вкупно население 36.154, а има густина на населеност од 594,73 жители/км2. Етничкиот состав на општината е следниов[2]:

Народ Вкупно Удел (%)
Македонци 22.506 62,25
Албанци 9.107 25,19
Турци 1.304 3,61
Роми 561 1,55
Власи 120 0,33
Срби 1.033 2,86
Бошњаци 970 2,68
останати 553 2,46

Населби и населени места уреди

Во својот состав општината опфаќа 4 села и 4 населби:

Села
Населби

Општествени установи уреди

Основни училишта:

  • ОУ Гоце Делчев с. Љубанци,
  • ОУ Лиман Каба с. Љуботен,
  • ОУ Ацо Шопов Скопје,
  • ОУ Св. Климент Охридски Скопје',
  • ОУ Живко Брајковски Скопје,
  • ОУ Панајот Гиновски Скопје,
  • ОУ Петар Здравковски Пенко Скопје,

Самоуправа и политика уреди

Во 2017 година, општината имала вкупно 586 вработени, од кои 56 биле вработени во општинската администрација, а останатите во општинските јавни претпријатија.[3] Градоначалник на општина Бутел е Велимир Смилевски од редовите на СДСМ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[4] Советот на општина Бутел е составен од 19 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:

 
  ВМРО-ДПМНЕ: 8 места
  СДСМ: 8 места
  ДУИ: 1 место
  БЕСА: 1 место
  АА: 1 место

Културни и природни знаменитости уреди

Редовни настани уреди

Личности уреди

Култура и спорт уреди

Иселеништво уреди

Наводи уреди

  1. „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
  2. „Профил на општината“. Општина Бутел. 2010. Посетено на 13 септември 2010.
  3. „Мора ли Шилегов да прима 101 нов работник, кога на располагање има 7.620?“, Скопско Ехо, бр. 75, 7.6.2018, стр. 4-5.
  4. „Заклучок за конечност на резултати од гласањето во вториот круг на Локалните избори 2017“. Државна изборна комисија на Македонија. Посетено на 3 декември 2017.

Надворешни врски уреди