Општина Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петровопштина во Скопје создадена на 14 септември 1996 година со Закон за Градот Скопје со кој се утврдуваат подрачјата во состав на Скопје. Настаната е со отцепување од општина Карпош.

Општина Ѓорче Петров
Општина
Знаме на Општина Ѓорче ПетровГрб на Општина Ѓорче Петров
Карта
ДржаваМакедонија
СедиштеГрад Скопје
Населени места
Управа
 • ГрадоначалникАлександар Стојкоски
Површина
 • Вкупна66,93 км2 (25,84 ми2)
Население (2021)[1]
 • Вкупно44.844
 • Густина670/км2 (1,700/ми2)
Часовен појасCET (UTC+01:00)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+02:00)
Повикувачки број+02
Регистарски табличкиSK
Мреж. местоopstinagpetrov.gov.mk
Карта на одделните населени места во Општина Ѓорче Петров. Некои од урбаните подрачја опфаќаат и градски населби кои не се прикажани на картата.

Географија уреди

Територијата на Општина Ѓорче Петров се протега на северозападната страна на Скопје, од левата страна на реката Вардар. Во состав на подрачјето на Ѓорче Петров спаѓа и руралните населени места и населби по сливот на река Лепенец. Општината Ѓорче Петров е погранична општина, затоа што нејзината северна граница се простира долж државната граница. Ѓорче Петров е градска Општина во состав на Град Скопје, и нејзината територија се граничи со oпштините: Карпош, Чучер-Сандево и Сарај. Покрај урбаниот дел, Општината има и приградски, рурален дел во кој има седум населени места: Волково (заедно со населбите Пржина и Стопански Двор), Грачани, Кисела Јабука, Кучково, Никиштане, Ново Село и Орман.

Историја уреди

Историјата на Општина Ѓорче Петров датира уште многу одамна, непосредно по Првата светска Војна, како предградие на главниот град Скопје до каде се пристигало само со познатото „Вовче Пампурче“. Најпрвин Општината се викала Анриево, по францускиот генерал Анри од Првата светска војна. Во времето на бугарската окупација 1941 година го добива името „Жостово“, по истоимениот бугарски генерал. По ослободувањето во 1945 година го добива сегашното име по македонскиот револционер Ѓорче Петров. Општина Ѓорче Петров е една од десетте општини на градот Скопје оддалечена 7,6 километри од центарот на градот и се наоѓа на северозападната страна во Скопската Котлина, меѓу реките Вардар, Лепенец и Треска. Општината има урбан и рурален дел. Во урбаниот спаѓаат населените места Даме Груев (Ге-Ге), Хром, Ѓорче Петров, Дексион (Ѓорче 2), а во руралниот се селата Грачани, Кисела Јабука, Кучково, Никиштани, Орман, Волково и Ново Село. Во границите на Волково се и населбите Пржина и Стопански Двор.

Денес Општина Ѓорче Петров има 44844 жители, зафаќа површина од 6.693 ха (вклучувајќи ги и приградските зони) и се граничи со општините: Карпош, Чучер-Сандево и Сарај.

Стопанство уреди

Во поглед на локалниот економски потенцијал и расположливите стопански капациатети, Општина Ѓорче Петров се вбројува во категоријата општини во развој. Имено, поволната сообраќајна местоположба, квалитетот и структурата на економските капацитети, реалниот потенцијал за индустриски прогресс, високостручната и квалификувана работна сила се објективни индикатори и компоненти кои упатуваат на развојните стратегии на Општината. Во овој момент, најразвиени значајни стопански гранки кои, меѓу останатите, придонесуваат за пораст на БДП на локално ниво се:

  • Градежната индустрија, претставена со:
    • Ф-ка "Карпош", фабрика со најстара традиција во производство на бетонска галантерија;
    • "АДИНГ", која своевремено е водач во производство на заштитни градежни изолациони материјали;
    • "Техносол" како дел од италијанска корпорација за производство на технички гасови;
    • "Маврово";
    • "Бетон"
    • и други.
  • Хемиската индустрија во прв ред претставена со:
    • "Алкалоид", македонскки фармацевтски гигант, преку ф-ка "Лафома";
    • "Фармахем" генерален увозник на адитиви за прехранбената индустрија, која воедно располага со сопствена лабораторија за испитување на состојбите во животната средина;
    • "Хемофарм" - производител на козметичка галантерија;
    • и други.
  • Текстилна индустрија претставена со:
    • "Тренд" и најзиното ЛОР производство;
    • "Ажур";
    • "Велурфлок";
    • "Даматекс";
    • "Обнова";
    • и др. помали производни погони кои освен потребите на домашниот ги задоволуваат и потребите на странскиот - меѓународен пазар.
  • Прехранбената индустрија претставена со:
    • МИС "Глобус";
    • "Словин Југококта";
    • и др. помали производни капацитети.
  • Металопреработувачка индустрија, застапена со голем број производни погони и работилници од мал и среден карактер, кои преку својата единственост и уникатност во републички рамки, придонесуваат за сигурен и стабилен локален економски развој.
  • Занаетчиството, услужната и трговската дејност претставуваат значаен сегмент во економското живеење на Општина Ѓорче Петров.

Следен чекор во насока на стратешките, развојни визии на Општина Ѓорче Петров и изградба на Коридорот 8, преку кој ќе се овозможи реализација и развој на Западната индустриска зона, како најзначајна индустриска и економска алка која на долгорочен план ќе овозможи отворање нови трговски, производни и услужни капацитети (мотели, хотели, бензиски пумпи, авто салони, центри за технички преглед на возила), што претставува чекор напред во настојувањата на Општината за прогресивен премин од индустрија во развој во високоразвиена индустриска зона. [2]

Население уреди

Во Општина Ѓорче Петров живеат 41.634 жители од кои:[3]

Народ Вкупно Удел (%)
Македонци 35.455 85,16
Албанци 1.597 3,84
Турци 368 0,88
Роми 1.249 2,99
Власи 109 0,26
Срби 1.730 4,15
Бошњаци 489 1,17
останати 637 1,53
Вероисповед Вкупно
православни 36.888
муслимани 3.729
католици 243
протестанти 17
останати 550
Јазик Вкупно
македонски 36.372
албански 1.577
турски 307
ромски 1.231
влашки 65
српски 1.092
босански 241
останати 605

Општествени установи уреди

Самоуправа и политика уреди

Во 2017 година, општината имала вкупно 452 вработени, од кои 72 биле вработени во општинската администрација, а останатите во општинските јавни претпријатија.[4] Градоначалник на општина Ѓорче Петров бил Александар Наумоски од редовите на СДСМ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[5] Советот на општина Ѓорче Петров е составен од 23 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:

 
  СДСМ: 13 места
  ВМРО-ДПМНЕ: 10 места

Културни знаменитости уреди

Како населба со претежно христијанско православно население Општината Ѓорче Петров обилува со споменици од христијанска култура.

 
Споменикот на Ѓорче Петров во паркот
  • Храмот “Св.Апостоли Петар и Павле”, што се наоѓа во населбата Ѓорче Петров, како соборен храм на верници од Општина Ѓорче Петров и на дел од Општина Карпош (Влае). Овој храм е првично изграден и осветен летото 1974 година на храмовиот празник - Петровден. Но заради лошата изведба и несоодветниот изглед, се јави потреба за негово реконструирање. Конечно во летото 2002 година Храмот беше реконструиран. Новиот изглед на грамот е со византиско-старомакедонски стил, со фасада изработена од камен и со нови 4 куполи. Сегашниот изглед на храмот “Св.Апостоли Петар и Павле” - Ѓорче Петров е уште еден бисер во македонската духовна архитектура.
  • Во населбата Оризари во исто време, во 2002 година беше изградена црквата “Св.Атанасиј Велики” од рацете на истите мајстори, со ист стил, но во помали размери.
  • Над с.Ново Село постои црква посветена на “Св.Архангел Гаврил”, изградена при крајот на 20-ттиот век.
  • Во с. Волково во ист двор постојат црквите “Св.Атанасиј Велики” и “Св.Петка”, исто изградени во 20-ттиот век.
  • Во месноста Стопански Двор има манастир, во чијашто внатрешност извира минерална вода, а црквата е посветена на Рождеството Богородично.
  • Во с.Орман има црква со име “Св 40 маченици во Севастија “(Младенци)”, што е една од ретките цркви во Македонија, посветен на овој христијански празник.
  • Селото Кучково изобилува со манастири, цркви и параклиси. Секако најзнаменит, но и најстар манастир во целата територија на Општина Ѓорче Петров, е манастирот “Св.Георгиј Победоносец”. Впечатливо е фрескното-сликарство на ѕидовите од црквата.
  • Во самото село Кучково постои црквата “Св.Спас-Вознесение Христово” изградена меѓу 17-от и 18-от век, а реновирана по Балканските војни, 1912/13 година.
  • Над селото, со прекрасен поглед врз Скопје и Скопската Котлина, се наоѓа манастирот “Св.Великомаченик Трифун”, изграден во 19-от век, каде што традиционално градоначалникот на Град Скопје ги закројува лозите на истоимениот праник.
  • Во околината на селото постои и црква “Св.Петка”. Исто така, под селото од неговата десна страна во поново време се направени повеќе параклиси посветени на разни Светители.
  • Споменик на патронот на општината Ѓорче Петров кој се наоѓа во централнит дел на реонскиот централен парк, кој во последниве години е збогатен со многу содржини.
  • Споменик на паднатите борци од 1941 -1945 година. Сместен во Паркот во Ѓорче Петров. Споменикот е изграден по повод смртта на погинатите борци од НОБ. На овој Споменик секоја година секоја година разни здруженија, граѓани, асоцијации и Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров положуваат свежо цвеќе во чест и спомен на паднатите борци.
  • Спомен чешма на паднатите борци од војната во 2001 година. Четворица млади борци ги дадоа своите животи и по иницијатива на граѓаните е изградена оваа Спомен чешма. Исто така има и спомен плоча која се наоѓа во с. Волково во чест на четворицата загинати борци кои своите живот ги загубија во меѓуетничкиот конфликт на 10 август 2001 година.

Позначајни датуми уреди

1. Празникот 1 мај - Свечена прослава и војничко гравче во месноста Јурија кај Крстот во село Кучково.

2. Ѓурѓовден - Роденден на Детската градинка Росица во Ѓорче Петров 1.

3. 9 мај - Ослободување од фашизмот. Место на прославата е пред Споменикот на паднатите борци од 1941-45 година.

4. 28 јуни - Патронен празник на Општина Ѓорче Петров

5. 10 август - Положување свежо цвеќе пред Спомен плочата на загинатите борци во Волково кои ги дадоа своите животи во војната во 2001 година кај Љуботенски пат.

6. 8 септември - Ден на независноста на Р Македонија

7. 11 октомври - Државен празник на македонскиот народ - (Ден на востанието на Република Македонија). Одржување на прослава со културно-уметничка програма пред Споменикот на паднатите борци во Паркот во Ѓорче Петров во организација на Општина Ѓорче Петров и Сојузот на борците од Општина Ѓорче Петров.

8. 14 ноември - Ден на слободување на Ѓорче Петров.

Личности уреди

  • Мицко Јанкуловски-Уметник
  • Трајко Вељановски-Претседател на Собрание на Република Македонија
  • Марко Блажевски-Пливач(Учесник на Олимпијадите во Лондон 2012 и Рио де Жанеиро 2016
  • Тони Симиќ-Кошаркар
  • Стефан Јанкуловски-Пливач(Учесник на Олимпијада за млади 2014 Нанјинг,Кина)
  • Петар Петковски-Фудбалер на Фк Вардар

Култура и спорт уреди

Ракометен клуб “Ѓорче Петров” уреди

Ракометниот клуб “Ѓорче Петров” е основан во 1979 година. Искачувањето на европскиот врв почнува по влегувањето на Кометал трејд управуван од стопанственикот Трифун Костовски. Нивните најголемите успеси се во Лигата на Шампионите каде досега играше двапати во финале, а во 2002 година го освои големиот трофеј на ЕХФ. Еднаш триумфираше во Суперкупот 2003 и Интерконтиненталниот куп во Јоханесбург 1994 година.

Фудбалски клуб „Македонија“ уреди

Фудбалот спаѓа меѓу најстарите спортови во Ѓорче Петров. Клубот е основан 1932 година. За време на Кралството Југославија постоел фудбалски клуб „ХАСК” којшто сменил неколку имиња: од „Победа”, „Индустријалец - Ѓорче Петров”, „Локомотива”, „Рудар”, а најдолго го задржува името „Југококта - Ѓорче Петров”. По осамостојувањето на Р Македонија во 1991 год. фудбалскиот клуб Југококта го добива името „Македонија Ѓорче Петров” (ФК Македонија - Ѓорче Петров), како што се вика и ден денес и се натпреварува во првата Македонска лига. Најголем успех во досегашната историја е освојувањето на Купот на Македонија во сезоната 2005/06 и шампион на Македонија сезона 2008/09.

Карате клуб „Ѓорче Петров” уреди

Кајакарски клуб на диви води „Ластовица” уреди

Иселеништво уреди

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
  2. „Општина Ѓорче Петров“. Архивирано од изворникот на 2009-02-20. Посетено на 2009. Укажано повеќе од еден |accessdate= и |access-date= (help); Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  3. „Население во Република Македонија на 31.12 по специфични возрасни групи, по пол, по општини, по години“. Државен завод за статистика на Република Македонија. Посетено на 2 мај 2018.[мртва врска]
  4. „Мора ли Шилегов да прима 101 нов работник, кога на располагање има 7.620?“, Скопско Ехо, бр. 75, 7 јуни 2018, стр. 4-5.
  5. „Мандати за градоначалници и совет во РМ – Локални избори 2017“. Државна изборна комисија на Македонија. Посетено на 18 октомври 2017.

Надворешни врски уреди