Опсада на Цариград (1422)

За другите опсади на градот видете Опсада на Цариград

Првата опсада на Цариград од страна на Османлиите се случила во 1422 година. Опсаата се случила во време кога на османлискиот престол застанал Мурат II. Во битката Османлиите за првпат употребиле топ, кој иако бил со краток дострел сепак помогнал во битката.[1] Силите на двете страни биле технички исти. Османлиите морале да изградат свои бази за да ги нападнат ѕидините на градот.[1] Византиските бранители ја освоиле оваа битка. Според византиската традиција, градот бил спасен благодарение на интервенцијата на Пресвета Богородица.

Опсада на Цариград

Градот во 1422 година
Датум 1422
Место Цариград
Исход Византиска победа
Завојувани страни
 Византија  Османлиско Царство
Команданти и водачи
Јован VIII Палеолог de facto ко-император со Мануил II Палеолог Мурат II

И покрај победата на Византија, империјата во тоа време се наоѓала во голема економска криза. Главно поради ова, како и проблемите во Западна Европа од каде Цариград не добил скоро никаква помош, градот во рацете на Османлиите паднал во 1453 година.

Наводи уреди