Оплан (норвешки: Oppland) — поранешен округ во средишниот дел на Норвешка. Административен центар бил Лилехамер. Бројот на населението во Оплан според пописот извршен во 2007 година изнесувал 183.690 жители а површината 25.192 км2}.

Местоположбата на олругот Оплан во Норвешка
Грбот на округот Оплан

Името го добил од норвешкиот збор Upplönd, што значи горна земја, како што биле означувани внатрешните делови на земјата.

Грбот потекнува од 1989 година и на него се наоѓа цветот Pulsatilla vernalis.