Операција Планинска бура

Операција „Планинска бура“ — големата полициска акција што ја спроведоа специјалните сили на македонското МВР, на 7 ноември 2007 година, во шарпланинското село Бродец над Тетово. Операцијата беше спроведена за отстранување и разбивање на албанските терористичко-екстремистички криминални групи дојдени од Косово, кои се закануваа со рушење на мирот и стабилноста во Република Македонија.

Операција Планинска бура
Дел од Воен конфликт во Македонија
Датум 7 ноември 2007
Место Бродец, Македонија
Исход Победа на македонските специјални единици
  • Успешно разбивање на терористите во Тетовско без загуби
Завојувани страни
Македонија Македонија Албанска национална армија
Команданти и водачи
Македонија Бранко Црвенковски
Македонија Никола Груевски
Македонија Гордана Јанкулоска
Лирим Јакупи
Рамадан Шити
Хабит Ахмети
Фисник Мети
Фатос Алиу
Беким Мехмети
Жртви и загуби
Без загуби 8 убиени
11 ранети
69 уапсени

Почеток и тек на операцијата „Планинска бура“ уреди

По неколку месечните провокации на албанските терористичко-екстремистички криминални групи од Косово на подрачјето на Тетовскиот регион, македонските специјални полициски сили на 7 ноември 2007 година, ја спроведоа операцијата „Планинска Бура“. Според полициските извори, операцијата започнала со жестоки вооружени пресметки помеѓу македонските специјални сили и албанските екстремисти во селото Бродец во 4 часот изутрина. Жестоките вооружени престрелки траеле 10 часа, сè до 14 часот попладне, кога екстремистичката криминална банда била целосно разбиена и уништена. Акцијата македонските сили ја спровеле со логистичка поддршка од 3 хеликоптери на АРМ, и со повеќе оклопни возила. Екстремистите кои најпрвин се наоѓале над селото, исплашени од жестокиот напад на полицијата, се засолниле во повеќе селски куќи и селската џамија, а потоа еден дел низ шумата пребегнал преку државната граница.[1]

Резултат уреди

Во полициската акција „Планинска Бура“ се убиени 8 албански терористи: Рамдан Шити (24) избеган затвореник од затворот Шутка и „Дубрава“ во Косово, Фисник Мети познат како „командант Челику“ од с.Бродец, Беким Мехмети (21) од Тетово, Шахили Ферат (20) од с.Бродец, Фидан Фејзулаху (24) од Приштина - Косово и Гавази Имер (42) од Косово. Сè уште не е идентификувано уште едно лице убиено во полициската акција. Уапсени се 69 екстремисти и запленето е големо количество на огнено и тешко оружје, кое според полциските извори било доволно за вооружување на 150 лица и за водење на повеќе месечни вооружени борби.[2]

Наводи уреди

  1. „Сите волци сити, настрада само Шити“. Вечер. 7 ноември 2007. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2015-01-15.
  2. „Eight Albanians dead in clash with Macedonian police“. www.b92.net. 7 ноември 2007. Архивирано од изворникот на 2014-12-17. Посетено на 2015-01-15.